Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Spar(Шпар)маркети в...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Spar(Шпар)маркети во Македонија

26 Написи
4 Корисници
35 Реакции
3 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1028]

Spar влегува во Македонија преку Кит-Го, ги таргетира и хипермаркетите на Тинекс?

Интернационалниот синџир на супермаркети Spar ќе ги ребрендира Кит-Го маркетите во Македонија, но има понуда и до Тинекс да ги преземе хипермаркетите на овој гигант од малопродажбата, неофицијално дознава Фактор.

Наскоро, синџирот маркети Кит-Го ќе се ребрендира и ќе премине во познатиот холандски бренд Spar. Кит Го маркетите, 60-тина низ целата држава, за околу 60 милиони евра беа купени од косовската компанија Вива Фреш, но сеуште работат под своето старо име.

Вива Фреш преку Spar ги таргетира и подружниците „Super Tinex“, инаку посебен формат на поголеми маркети со проширена понуда и услуги што Тинекс ги отвора во поголеми објекти - како тој во Ист Гејт Мол.

Тинекс поседува 14 вакви хипермаркети, од кои по три на териториите на Аеродром и Центар, по две во Гази Баба и Карпош, како и по еден во Кисела Вода Охрид, Прилеп, Струмица и Илинден
Претходно излезе и медиумска информација дека холандскиот малопродажен трговски ланец планира да отвори маркет во Кавадарци. Од општината рекле, според нивни информации, дека компанијата веќе бара соодветна локација. Во регионот Spar е присутен во Косово и Албанија.

Во март годинава косовскиот трговски ланец Viva Fresh Group, присутен и во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја презеде Spar Albania од Balfin Group. Spar e основан во 1932 година. Брендот е присутени во 48 земји со 13.800 продавници. Моментално нема маркети во Македонија.

Неофицијално од Тинекс би коментирале само доколку се постигне конечен договор,но од таму Засега велат дека станува збор за проширени гласини. Spar интерес за влез во Македонија имаше и пред почетокот на ковид-пандемијата.

Основан уште во 1932 година во Холандија, SPAR прерасна во глобален бренд присутен во околу 48 земји со преку 13.900 продавници ширум светот. Се издвојува од другите посебно по локалните адаптации на секоја продавница во заедницата каде што работи.. За разлика од големите централизирани синџири, SPAR функционира преку лиценцирани партнери и независни оператори, што значи дека секоја продавница е во состојба да одговори на специфичните потреби на својата локална популација.

[ https://faktor.mk/spar-vleguva-vo-makedonija-preku-kit-go-gi-targetira-i-hipermarketite-na-tineks ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Демант од Тинекс: Не постои обид од Spar за купување на нашата компанија

Од ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје испратен е демант до редакцијата на „Фактор“ како реакција на денешниот објавен текст со тврдење дека немало обид од интернационалниот малопродажен синџир Spar за купување на дел од компанијата.

„Компанијата нема започнато никакви преговори со SPAR, ниту со кој било друг потенцијален купувач, и не постои договор или договорни разговори за купопродажба или пренос на сопственост на кој било од нашите продажни објекти.

Ваквите шпекулации предизвикуваат забуна кај јавноста, вработените и деловните партнери, и се спротивни на принципите на точност и одговорност во информирањето.

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје нагласува дека информациите поврзани со работењето, стратешките одлуки и идните планови на компанијата се соопштуваат исклучиво преку официјални канали, и ги повикува медиумите пред објавување на вакви наводи да побараат потврда директно од компанијата.

Компанијата продолжува да работи под управување на единствениот сопственик Владимир Тодоровиќ, со целосна посветеност кон обезбедување квалитетни услуги за клиентите, стабилност за вработените и одговорен однос кон деловните партнери“, велат од таму.

[ https://faktor.mk/demant-od-tineks-ne-postoi-obid-od-spar-za-kupuvanje-na-nashata-kompanija ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

I oficijalno Kit-Go marketite preminaa vo racete na holandski Spar

https://faktor.mk/spar-gi-prezede-kit-go-marketite-odat-vo-istorija-so-dosegashnoto-ime



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Супер, баш какво освежување ќе донесат Шпар и Лидл.
Можда и со доаѓањево малце ќе им текне на Веро и Рамстор цените да ги намалат.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Uste i ruski Mere market da se vrati, bi bilo super. Gledam vo Bosna povtorno se vrakjaat. Mere market e ubedlivo najeftiniot i naj po merka market za nas Makedoncite.

https://instore.hr/hr/article/105367/bih-ruski-mere-ponovno-otvara-markete



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@Kavtown Јас мислам не Мере, него Метро да отворат кај нас. Во Србија Метро е многу поволно, немора ни да купуваш во огромни количини. И многу се добро снабдени.



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Eve edno video od Mere market vo Srbija

https://youtu.be/WJO5s7bZ8RI?si=qsmAqUu3T2TYisDd



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@Kavtown Колку што можам да проценам од видеово, Метро има многу повеќе избор според мене а не треба да имаш ни фирма за влез во маркетот. (бидејки Метро маркетите во пракса се направени за фирми како што се кафичи, кафани но почнаа во последните неколку години да даваат било кој да пазарува кај нив)



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Интернационалниот синџир супермаркети SPAR наскоро ќе влезе на македонскиот пазар, преку ребрендирање на постојните Кит-Го маркети, дознава 24инфо.

Според информации од извори во индустријата, првиот маркет под брендот SPAR ќе биде отворен во Џевахир Мол во општина Аеродром, веќе во текот на април. Просторот веќе се уредува според стандардите на брендот, а вработените поминале обуки за работа по SPAR принципите.

https://24info.mk/spar-go-otvora-prviot-market-vo-dhevahir-mol-vo-aerodrom/?fbclid=Iwb21leAQ56qtjbGNrBDnqpmV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHv6Anh7hhBzzQfs6kdKJKYONKrAQm5Y4Y69SXs_7Uv_5qjRPJUSS9T5SPax8_aem_8z88HwHF_Te5RRE8OI2Uow



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

За ова се зборува веќе подолго време, моја пријателка беше и на разговор за работа во Вива Фреш (администрација), и овие маркети ќе бидат под Spar.



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Малопродажниот гигант SPAR ги отвора своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје со што најавува нови стандарди во малопродажбата, со фокус на квалитет, вредност и локална поддршка

Еден од најголемите и најпрепознатливи малопродажни брендови во светот SPAR официјално влегува на македонскиот пазар, носејќи ново шопинг искуство, меѓународни стандарди и современ пристап кон секојдневното купување.

Со отворањето на своите први маркети SPAR во Џевахир Мол и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје, SPAR го означува почетокот на своето присуство во Македонија со што најавува нова фаза во развојот на домашната малопродажба. Влезот на брендот претставува значајна долгорочна инвестиција насочена кон модернизација на пазарот, унапредување на понудата и создавање нови можности за вработување.

Присутен во повеќе од педесет земји ширум светот, SPAR е синоним за квалитет, доверба и конзистентност, со милиони лојални потрошувачи кои секојдневно ги избираат неговите производи и услуги. Брендот е препознатлив по својот модел кој ги комбинира глобалните стандарди со локалните потреби, создавајќи релевантно и прилагодено искуство за потрошувачите во секој пазар каде што е присутен.

Новите маркети во Скопје ќе понудат внимателно селектиран асортиман кој вклучува свежи производи, секојдневни потреби, интернационални брендови, како и сопствени SPAR производи познати по нивниот квалитет и конкурентна цена. Посебен акцент е ставен и на локалните производители, со цел да се поддржи домашната економија и да се зголеми присуството на македонски производи на рафтовите.

Во услови на динамични економски движења, SPAR се позиционира со јасен фокус на најдобар однос помеѓу цена и квалитет, редовни промоции и понуди кои обезбедуваат дополнителна вредност за потрошувачите.

Влезот на брендот носи и нови можности за вработување, како и инвестирање во обуки и развој на кадарот, со цел подигнување на професионалните стандарди во малопродажниот сектор.

Со јасна стратегија за постепено и одржливо ширење, SPAR планира да ја развива својата мрежа низ земјата, градејќи долгорочно присуство и доверба кај потрошувачите.

SPAR не доаѓа само како нов маркет - туку како концепт што го менува начинот на купување, нудејќи повеќе избор, подобар квалитет и повисоко ниво на услуга.

Ново шопинг искуство започнува сега со SPAR.

 

https://www.vrabotuvanje.com.mk/sovet/5c2e9eea-4a09-11f1-97ec-022a7f4ce407/gigantot-spar-pristignuva-vo-makedonija-novo-soping-iskustvo



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Поставен Интершпар знак на Вива Фреш во Топанско

Сега, некој да дополни, ова само го менуваат знакот од надвор или стварно нешто ќе се промени во однос на работата на Вива Фреш и Кит-Го, поради тоа што многу се жалат дека двата маркети, особено Кит-Го се далеку од стандардите на Шпар.



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Еве и видео од првиот Шпар маркет во Македонија, претпоставувам дека е тој кај Топанско но поправете ме доколку грешам.
Личи ок и убаво го средиле, но сепак мислам дека ќе почекаме да добиеме Шпар маркети како во Хрватска и другите европски земји.

https://www.instagram.com/reel/DYJpGoLtWK1



   
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: