Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

✔Mega Shopping Park - Гевгелија

8 Написи
2 Корисници
10 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1019]

МЕГА шопинг парк ќе биде првиот модерен трговски центар во Гевгелија и околината. Ќе се простира на површина од 5 хектари и ќе располага со повеќе од 20.000 м² нето корисна површина. Овој шопинг парк ќе понуди широк избор на национални и интернационални брендови од различни категории, како што се мода, обувки, спорт, убавина и здравје, угостителство и супермаркет.
На повеќе од 2000 м² ќе биде сместен детски забавен концепт, со најголемата детска затворена гејминг зона и аркад центар во регионот, во кој ќе биде вклучена и првата куглана во овој регион.

Локацијата е одлично поврзана со Србија и Грција, бидејќи е оддалечена само 200 метри од приклучокот на автопатот Е-75, најважната сообраќајна артерија што ја поврзува Македонија со Србија и Грција.






[ https://megashoppingpark.com.mk/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Процесот на градба во 2025






[ https://www.facebook.com/fabrikakarposh ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Ova se brendovite koj ke bidat vo Mega shopping park

https://megashoppingpark.com.mk/brands/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Саем за вработување во Мега Шопинг Гевгелија

https://youtu.be/fIV9eDyVZZs?si=5kzQFDaYGcu2fTmH


feature=shared


















   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

НАЈАВЕНО Е ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАЕДНО СО СЕВЕРИНА, ИВИ АДАМУ И КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ!

Македонија добива нов регионален центар за пазарување и забава кој ветува целосна трансформација на јужниот дел од земјата. На 28 мај, со грандиозно четиридневно отворање, започнува со работа МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија, проект кој претставува стратешка инвестиција од 20.000 м² и носи повеќе од 50 светски и домашни брендови на едно место.

Отворањето на МЕГА Шопинг Парк ќе биде одбележано со музички спектакл каков што досега не е виден во овој дел од државата. Главната сцена ќе ја предводи неповторливата балканска ѕвезда Северина, чиј настап се очекува да ја разгори атмосферата на највисоко ниво.

Покрај неа, гевгелискиот пулс ќе се засили со евровизиската сензација Иви Адаму, како и со виртуозот кој испиша историја на глобалните подиуми, маестралниот Кирил Џајковски. Музичката револуција ќе биде заокружена со настапите на најмоќните имиња на македонската сцена, вклучувајќи ги поп дивата Тамара Тодевска, фасцинантниот Никифор, миленикот на младите генерации Пајак и незаменливиот Слаткаристика.

Музичката програма ќе биде дополнително збогатена и со настапи на голем број локални изведувачи, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера прилагодена на вкусот на сите возрасти.

„Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде“, изјави генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, Сотирис Јанакудакис, посочувајќи дека Гевгелија преку овој проект престанува да биде само транзитна точка на патот кон Грција. Според Јанакудакис, суштината на овој потфат е во концептот „Total Experience“, кој покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведува и услуги што му недостасуваа на овој регион, како современ медицински центар, голем салон за мебел и најголемата станица за полнење електрични возила во државата.

Освен што носи нов квалитет во секојдневието на граѓаните, МЕГА Шопинг Парк е и силен мотор за локален развој. Со неговото отворање се обезбедуваат над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка набрзо да надмине 800, овозможувајќи им на стотици млади луѓе од регионот својата иднина да ја градат во родното место.

Како дел од модерното искуство за посетителите, МЕГА Шопинг Парк ја лансира и својата мобилна апликација, која ќе функционира како примарна платформа за лојалност. Преку неа, корисниците ќе можат да собираат поени за награди, да користат интерактивна мапа за ориентација низ објектот и да добиваат редовни известувања за претстојните настани и ексклузивни промоции.

Покрај официјалното отворање и музичката програма, четиридневниот спектакл ќе понуди и наменски креативни зони со забавни активности за најмладите, со што се заокружува визијата на МЕГА Шопинг Парк како дестинација за квалитетно поминато време за целото семејство.


https://youtu.be/K9kAQ46o3yY?si=yONlf5B818l6iX9r



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Конечно, МЕГА ШОПИНГ ПАРК е официјално отворен!
Со голема радост ги отвораме вратите на новото место за шопинг, забава и незаборавни моменти за целото семејство!
Ве очекуваат 50+ домашни и интернационални брендови, gourmet avenue, fun зона за деца, bowling зона и многу содржини што ќе го направат секој ваш ден исполнет со забава и уживање





[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=122162799056681433&set=pcb.122162799494681433 ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  



[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1590698809078706&set=pcb.1590704322411488 ]



   
2
Skopje и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

СЕ ОТВОРИ „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“ ВО ГЕВГЕЛИЈА СО НАД 10.000 ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ЕДЕН ДЕН

Најголемиот малопродажен трговски комплекс во регионот „Мега шопинг парк“ во Гевгелија, денеска официјално почна со работа, привлекувајќи над 10.000 посетители во првите 24 часа. Со површина од над 20.000 метри квадратни и повеќе од 50 светски и домашни брендови, овој комплекс претставува најголемиот ритејл-парк на Балканот од овој тип.

Трговскиот комплекс го отвори генералниот директор Сотирис Јанакудакис, а присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

„Денеска славиме реализација на една голема визија и проект што го рефлектира силниот економски потенцијал на земјата и на нашиот регион. ‘Мега шопинг парк’ е создаден да постави нови стандарди, а со внимателното интегрирање на сите содржини на едно место, создадовме уникатен простор кој го нуди концептот ‘целосно искуство’ (тotal еxperience) и во целост ги задоволува сите потреби на посетителите. Нашата амбиција е јасна, а тоа е да ја трансформираме Гевгелија од транзитна точка во вистинска регионална и европска дестинација и да создадеме модерно обележје на кое целата заедница ќе биде горда“, кажа Јанакудакис.

Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов рече дека се работи за најголемата инвестиција во општината изминатите години, во вредност од над 30 милиони евра, ќе овозможи над 400 нови вработувања и ќе придонесе за поголем број ноќевања од транзитните туристи.

За време на официјалната обиколка, присутните се запозна со сите сегменти на комплексот кој е поделен на неколку клучни зони. Има Модна зона (Fashion zone) на површина од 12.000 квадратни метри, специјализирана зона за домаќинство (Home Decor) и за алати (DIY) која зафаќа 5.000 квадратни метри, најголемата зона во регионот за куглање и гејминг (Bowling & Gaming Arcade) на површина од 2.500 квадратни метри, како и делот за храна (Gourmet Avenue). Трговскиот парк располага и со смарт и еко сегмент со 12 брзи полначи за електрични возила.

„Целиот овој концепт на модерно пазарување и масовни настани го потврдува новиот идентитет на ‘Мега шопинг парк’ како дестинација од регионален формат“, велат од трговскиот парк.

Забавата за отворањето почна вчера, со настапи на Тамара Тодевска и грчката пејачка Иви Адаму, пред полн шопинг парк. Прославата ќе продолжи во текот на целиот викенд со богата програма, големи попусти во сите продажни салони и многу забава за најмладите со голем број аниматори. Престојните три дена на сцена ќе излезат Кирил Џајковски и Никифор, утре се настапите на Северина и Жаре Бербер, а в недела големото отворање се заокружува со концертите на Пајак, Зијан и Слаткаристика.

[ https://sdk.mk/index.php/makedonija/se-otvori-mega-shoping-park-vo-gevgelija-so-nad-10-000-posetiteli-za-eden-den ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: