Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Возен парк ЈСП

3 Написи
1 Корисници
1 Реакции
270 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#876]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите актуелности поврзани со тековниот возен парк на ЈСП кој се состои од Итонг,ЛАЗ и МАН автобуси.


Оваа тема е изменета пред 2 недели од stef4o

   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

(Фото) ДЗС со детали за автобусот на ЈСП кој се запали на Средно Водно: Во гаснењето учествувале 7 пожарникари
објави Скопје1.мк

Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, денеска бил зафатен од пожар на видиковецот на Средно Водно.

Од Дирекцијата за заштита и спасување објавија детали за интервенцијата. Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. објави Скопје1.мк

https://skopje1.mk/foto-dzs-so-detali-za-avtobusot-na-jsp-koj-se-zapali-na-sredno-vodno-vo-gasnenjeto-uchestvuvale-7-pozharnikari



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Колку автобуси на ЈСП се запалија во изминативе две години ?

Утринава на 30 август 2026 година, на Средно Водно се запалил двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ( ЈСП). Станува збор за автобус што сообраќа на линијата 25 од Транспортниот центар (меѓуградската автобуска станица на Железничка ) до Водно.

Оваа линија се користи за превоз на патници од центарот на градот до рекреативната зона на Средно Водно (од каде што продолжува жичницата кон Крстот ).

Густиот црн чад што се издигнал над автобусот бил видлив од повеќе локации во Скопје, што предизвика загриженост кај граѓаните на социјалните мрежи.

На терен веднаш излегле екипите на скопската противпожарна бригада, кои започнале со акција за гаснење и локализирање на огнот за да спречат негово натамошно ширење.

„Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Анегелов.

Директорот на ЈСП „Скопје“, Саше Илиевски, за дел од медиумите изјави дека во моментот на избивањето на пожарот во автобусот немало патници.

Причината за избувнувањето на огнот засега е непозната, а по завршувањето на целокупната противпожарна интервенција се очекуваат подетални увиди и соопштенија од МВР и другите надлежни служби.

Пред две недели во полицискиот билтен е евидентиран уште еден пожар на автобус на ЈСП. Возачот пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот.

Според медиумските извештаи во изминативе две години евидентирани се најмалку осум инциденти со автобуси кои се запалиле, при што во дел од нив возилата биле сериозно или целосно оштетени.

Еден од посериозните такви инциденти беше во јануари минатата година кога автобус на линија 58 се запалил во движење и целосно изгорел. Патниците едвај се се евакуирале, еден човек беше хоспитализиран поради вдишена голема количина на чад, а возачот бил пренесен на лекар.

Според истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), објавено во февруари 2026,  од вкупно 341 автобус, дневно се исправни 185, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно. Тоа значи дека само околу 46% од целиот возен парк реално се користи.

Според истражувањето за една деценија бројот на автобуси во возниот парк паднал за 89, бројот на исправни автобуси за 131, а бројот на автобуси кои дневно реално сообраќаат за 56.

Според последниот финансиски извештај на ЈСП за 2025 година, ова претпријатие управува со сè постар и помалку оперативен возен парк, вози помалку километри и превезува значително помалку патници, додека трошоците за одржување достигнуваат околу 591 илјада евра, а претпријатието работи со загуба од околу 455 илјади евра и има речиси 18 милиони евра краткорочни неисплатени обврски.

Лани биле расходувани вкупно 22 возила поради нивна целосна амортизираност.

„Од расходованите возилата се демонтирани сите делови ( стакла, лајсни, столици, механички делови, непотполни агрегати-мотори, менувачи, диференцијали, електро делови и др.) кои се користат за одржување на останатите возила, се вели во нивниот извештај.

Државата веќе вторпат годинава се обидува да купи 150 електрични автобуси за 51 милион евра, но по првиот избор тендерот беше поништен, а сега четири нови понуди повторно се на евалуација.

Две од нив, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN ги исполниле условите да учествуваат на јавниот повик. Најповолна понуда доставиле од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN, соопшти министерството за транспорт.

На јавниот повик се јавиле и Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd, YES -EU DENMARK A/S YUTONG, но според евалуацијата на понудите двете компании не ги исполнувале условите за учество.

https://kolegium.mk/kolku-avtobusi-na-jsp-se-zapalija-vo-izminative-dve-godini/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: