Оваа нишка се однесува за состојбите со такси превозот во главниот град како и низ останатите градови во Македонија.
Цени,состојба на возен парк,такси компании и слични поврзани вести ќе бидат опфатени во оваа нишка.
ПОСКАПЕ ТАКСИ ПРЕВОЗОТ ВО КУМАНОВО, СТАРТОТ ЌЕ ЧИНИ 100 ДЕНАРИ
Ќе се зголеми цената на такси превозот во Куманово, откако Советот на Општината на последната седница го прифати барањето на такси превозниците за корекција на цената на услугата.
Со новата одлука, стартот на возењето ќе се зголеми за 20 денари и ќе изнесува 100 денари, во што се вклучени два километри. Секој нареден километар ќе се наплаќа по 40 денари.
Раководителката на Секторот за комунални дејности, Лидија Ланг-Спасовска, рече дека барањето на такси превозниците трае подолго време и се темели на зголемените трошоци за работа, пред сè поради минималната плата и цената на горивата.
„Од тие причини сметаме дека нивното барање е оправдано и затоа цената ќе биде 100 денари за првите два километри, а секој нареден километар ќе се наплаќа по 40 денари. Досега беше 80 денари старт и 40 денари по километар“, кажа Ланг-Спасовска.
Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, рече дека имале средба со превозниците, кои барале повисоки цени, но било постигнато решение што е најприфатливо за граѓаните.
„Покачувањето е многу помало од тоа што го бараа превозниците кое беше околу 30 отсто. Ова што Општината го предложи е најприфатливо за граѓаните. Јас мислам дека со овие цени и таксистите ќе можат да си обезбедат пристојна плата“, кажа Ѓорѓиевска.
Таа додаде дека сè уште има таксисти кои работат на црно, што претставува нелојална конкуренција за лиценцираните превозници, и повика сообраќајната инспекција да ја санкционира оваа појава.
Таксистите најавуваат протест, нема да смеат да возат со постаро возило од 15 години
Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје соопшти дека авто такси превозот во Скопје се соочува со сериозни поблеми и апелира надлежните институции да преземат мерки за нивно надминување.
- Девет години наназад се наталожуваат бројни нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на авто такси превозниците, безбедноста на патниците, нереална наплата на такси услугите.... И покрај бројните укажувања и иницијативи, институциите се уште немаат реагирано за надминување на проблемите - соопшти денеска Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје, посочувајќи дека испратиле барања и предлог за решавање на проблемите до Град Скопје на 17 февруари годинава, а на 19-ти минатот месец и до Владата.
Од една страна, се вели во соопштението, имаме поплаки од граѓаните дека недостасуваат такси возила во Скопје, таксиметрите се диво штелувани и ги крадат патниците, имаме непријавени вработени такси возачи, диви такси возила без лиценца, а од друга страна Градот почнува да не издава и продолжува лиценци на постари возила од 2011 година, без никаква официјална најава ниту пак се дава разумен рок како секаде, за да можат таксистите да се прилагодат.Ова значи дека стотици возила нема да работат. Секаде во Европа условите се врзуваат за еколошки стандарди Еуро 4 , а во високоразвиените неколку Европски земји Еуро 5 , па сега веќе и Еуро 6 .Самите баравме да се исфрлат Еуро1,2 и 3 и да се даде 1 година рок за прилагодување. Начинот на кој што сега се постапува не е добар . Сите таксисти знаат зошто се прави ова - да има доволно возачи на улица за да мора да рентаат коли од 3 фирми. Револтот кај таксистите со право е многу голем , сега се во постојан контакт со Синдикатот со кого го договараат начинот, датумот и местото на протестот деновиве, за кој претходно ќе биде најавено, се вели во соопштението.
Групацијата во барањето упатено до Владата бара заложба од премиерот и координација помеѓу повеќе институции. Наведува дека бара Министерството за транспорт да направи измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај во делот на Членот 8 точка 3 која, велат, треба да важи и за авто такси превозниците како што беше до 2018 година :
,, - да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата; Во Законот да им се дадат поголеми овластувања на сообраќајните инспектори од Град Скопје да можат на терен да контролираат и дали е вработен авто такси возачот, дали е уредно штелуван таксиметатот , со пломба и сертификат итн.
Бараат рудовата инспекција да излезе на улица со асистенција на МВР за да ги контролира авто такси возачите. поради нелојалната конкуренција од непријавените авто такси возачи, а Државниот пазарен инспекторат - да изврши контрола на таксиметрите на лице место во авто такси возилата поради жалбите од граѓани кои користат такси услуги дека има таксисти и такси компании на кои таксиметарот им покажува многу повеќе од утврдената цена. Управата за јавни приходи, пак, да изврши проверка на такси компаниите кои бараат поврат на ДДВ, дали бројот на предадени извештаи од фискални таксиметри содејствувал со бројот на вработени авто такси возачи во истото друштво, бидејќи, велат во барањето, секојдневно години наназад се соочуваме со непријавени такси возачи во поголемите такси компании, кои претпоставените ги тераат да им носат сметки за гориво и трошоци. Ова создава нелојална конкуренција кон оние кои регуларно се во редовен работен однос и плаќаат придонеси, а и лажна слика дека такси друштва многу заработуваат и имаат голем поврат на ДДВ.
- Згора на сета оваа аномалија во такси дејноста Градот Скопје овие денови почна да не дава лиценци на постари возила од 2011год. ( 15 години) , а тоа е повторно по барање на истите 3 компании кои во 2018 год.(се претставуваат како Асоцијација на легални такси превозници) кои успејаа да променат Закон за да не мора да пријавуваат такси возачи за да добијат извод од лиценци. Целта на ваквата постапка е да останат голем број таксисти без работа на улица, за да мора да влезат (не да бидат вработени) туку да рентаат коли кај овие 3 такси компании. Ограничувањето од 15 години е неправедно и нереално бидејќи секаде условите се врзуваат за еколошки стандарди (Еуро норма) и се дава разумен рок за да можат таксистите да се прилагодат. Минимум Еуро 4 е добар основ за почеток на обнова на такси возила со разумен рок, бидејќи на улица имаме и Еуро1,2 и 3. Пример добро одржувано возило од 2006 помалку загадува од лошо одржувано 2016 год. Затоа Еуро стандардот реално ја покажува емисијата на штетни гасови, с евели во барањето упатено до Владата.
Недостигаат возила, таксиметрите се диво штелувани, а се вози и без лиценци
Групацијата на автотакси-превоз на Град Скопје укажува на бројните наталожени проблеми во такси-превозот последниве девет години и апелира надлежните, конечно, да ги решат.
Велат дека граѓаните се жалат оти недостигаат такси-возила во Скопје, оти таксиметрите се диво штелувани и притоа ги крадат патниците. Воедно, потенцираат и дека имаат непријавени вработени такси-возачи, диви такси-возила без лиценца, а, од друга страна, како што велат, Градот почнува да не издава и да не ги продолжува лиценците на возилата постари од 2011 година, без никаква официјална најава, ниту, пак, се дава разумен рок како секаде за да може да се приспособат таксистите.
– Ова значи дека стотици возила нема да работат. Секаде во Европа условите се врзуваат за еколошките стандарди еуро 4, а во високоразвиените неколку европски земји – еуро 5 , па сега веќе и еуро 6. Самите баравме да се исфрлат еуро 1, 2 и 3 и да се даде една година рок за приспособување. Начинот на кој се постапува сега не е добар. Сите таксисти знаат зошто се прави ова, да има доволно возачи на улица за да мора да „рентаат“ коли од три фирми – вели Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз на Град Скопје.
Тој нагласува дека таксистите се крајно револтирани и се подготвуваат за протест деновиве, бидејќи нерешавањето на наталожените проблеми, како што наведува, директно влијае врз работата на авто-такси превозниците, безбедноста на патниците, нереалната наплата на такси-услугите…
Групацијата на автотакси-превоз на Град Скопје бара од Владата итно да се воспостават ред, јасни критериуми, засилени контроли од инспекциите и сериозен дијалог со претставниците на такси-дејноста, со цел Скопје конечно, по осум години, повторно да добие организиран, безбеден и достоинствен автотакси-превоз. Исто така, бара координација помеѓу институциите за, конечно, да се решат наталожените проблеми во автотакси-дејноста. Од Министерството за транспорт, пак, бараат измена и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, односно да има вработено, во работен однос, возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач на моторно возило што ги исполнува условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата. Воедно, во Законот да им се дадат поголеми овластувања на сообраќајните инспектори од Град Скопје, да можат да контролираат на терен и дали е вработен автотакси-возачот, дали е уредно штелуван таксиметарот, со пломба и сертификат итн. Покрај тоа, се бара и засилена контрола од Државниот пазарен инспекторат на таксиметрите, како и теренски проверки со асистенција на МВР за спречување на нелојалната конкуренција.
Управата за јавни приходи, според нив, треба да изврши контрола врз работењето на такси-компаниите, особено во делот на пријавените возачи и фискалните извештаи, со цел да се спречат злоупотреби и непријавена работа.
Групацијата повторно реагира и за ограничувањето за возилата постари од 15 години, оценувајќи дека ваквата мерка е неправедна и треба да се заснова на еколошките стандарди, а не на староста на возилото.
Според нив, подобро одржуваното постаро возило може да има помали емисии од поновото, но запуштено возило, па затоа инсистираат фокусот да биде ставен на евростандардите.
Барањата се доставени до Владата и до надлежните институции, со цел, како што наведуваат, воспоставување фер услови и стабилизирање на такси-дејноста во Скопје.
Наскоро доаѓа нешто ново во Кавадарци!
Подготвуваме поинакво такси искуство – побрзо, полесно и поеколошко.
