Панорамско тркало



Панорамското тркало треба да биде поставено на просторот меѓу „Телеком“ и новиот мост на реката Вардар што треба да се изгради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“.
Барокното панорамско тркало е еден од најконтроверзните потфати во проектот „Скопје 2014“. Неговата изградба беше овозможена со промената на деталниот урбанистички план на општина Центар во 2010 година.
Во образложението на планот се вели дека парцелата во близината на некогашниот Офицерски дом ќе биде наменета за тематски забавен парк, со панорамско тркало за разгледување на градот.
Изготвувањето на проектот ѝ беше доверенo на австриската „Hotelconcept GmbH“, според идејното решение на „Massabni architects GmbH“, исто така од Австрија.
Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП откако Градот објави оглас за заинтересирани вложувачи, но практично зад финансирањето стојат јавни институции и државниот буџет кои како донатори треба да го снабдат скопското јавно претпријатие со дел од неопходните финансиски средства за претстојните градежни работи.
Во 2014 година, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) одлучи да му донира еден милион евра на ЈСП-Скопје како помош при изградбата.
Првичните проценки беа дека Панорамското тркало ќе чини 12 милиони евра, но тоа, уште неизградено, според склучените договори, веќе чини над 18 милиони евра.
Рокот за изградба е пет години. Панорамско тркало ќе има дијаметар од 57 метри, а целиот објект ќе се издигне 73 метри над брегот на реката. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од од 750 килограми, односно просечно осум места за возрасни и две за деца во секоја од кабините.
Максималниот капацитет на Панорамското тркало ќе биде 300 луѓе. Како придружни објекти планирано е да се изградат кафетерија, сувенирница и ресторан.
[ https://skopje2014.prizma.mk/mk/panoramsko-trkalo ]
////////////////////////////////////////////
23 јануари 2018
ШИЛЕГОВ ВО ДИЛЕМА – И ЗА УРИВАЊЕ И ЗА ДОГРАДБА НА МОСТОТ ЗА ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО МУ ТРЕБААТ 4,5 – 5 МИЛИОНИ ЕВРА

Властите на Град Скопје уште не знаат што ќе прават со мостот за панорамското тркало во реката Вардар, што го имаше смислено поранешниот премиер Никола Груевски. За доградба само на мостот потребни се околу 4,5 милиони евра, а толку пари се потребни и за негово уривање. Засега сигурно е само дека нема да се прави панорамското тркало за што договорот е стопиран.
Градоначалникот Петре Шилегов по излевањето на Вардар во декември минатата година рече дека бродовите и мостовите се еден вид брана и се небезбедни за градот. Шилегов сега вели дека сè уште разгледуваат што ќе прават со овој проект.
„Доградбата само на мостот без панорамското тркало би го чинело Градот околу 4,5 милиони евра. Отстранувањето на мостот заедно со бродовите од Вардар би чинело околу 5 милиони евра. И за двете опции тоа се многу пари кои треба да се одвојат од буџетот на Град Скопје. Сè уште не сме одлучиле како ќе постапиме. Доколку се доградува мостот, тоа ќе биде без елементите кои биле предвидени во проектот за поставување на панорамското тркало. Овој пешачки мост би имал некаква функција единствено кога ќе проработи катната гаража која ја гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор кај Музејот на холакаустот“, вели градоначалникот Шилегов.
Во моментов, на просторот околу мостот не се изведуваат никакви градежни работи. Просторот е заграден со метални огради зад кои се наоѓаат дел од машините и опремата на ГП „Бетон“. Столбовите кои требаше да го држат тркалото од двете страни на мостот се изведени, поставена е конструкцијата на преминот, но тој се уште не е довршен. Во реката се наоѓаат бетонски столбови и железа околу кои се собира ѓубре и пластични шишања.
Според договорот кој беше склучен со ГП „Бетон Скопје“, за изградбата на мостот и панорамското тркало Град Скопје, односно ЈСП „Скопје“ кое го водеше проектот, требаше да плати 18,5 милиони евра. Досега се исплатени околу 10 милиони евра.
Покрај ЈСП „Скопје“, пари за изградбата на панорамското тркало даваше како донација и Агенцијата за електронски комуникации. Лани во јуни со одлука на Владата беше стопирано донирањето пари за овој проект.
//////////////////////////////////////////////////
10 април 2018
МОСТОТ НЕМА ДА СЕ УРИВА, ЌЕ СЕ ДОГРАДИ БЕЗ ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ЗА 3,1 МИЛИОНИ ЕВРА, ОДЛУЧИ ШИЛЕГОВ

Мостот на Вардар на кој што требаше да стои панорамското тркало ќе се доградува. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека одлучиле мостот да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Минатата недела Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договорот односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра.
„Донесовме одлука да се догради пешачкиот мост. Наместо бараните 7 милиони евра ќе платиме 3,1 милиони евра. Уривањето онака како што е сегашната позиција на мостот заедно со заостанатите плаќања и обврските кон германските партнери кои требало да го градат тркалото би нè чинело 3 милиони евра. Успеавме за истата цена да договориме тој да се догради. Коритото на реката Вардар повторно ќе стане безбеден бидејќи нема да има фундаменти во него. Мислам дека оваа варијанта е добра за граѓаните“, вели градоначалникот Шилегов.
Шилегов објаснува дека направен е нов проект според кој мостот нема барокни елементи и ќе биде поставена проѕирна ограда да се гледа Камен мост.
Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014 година. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“ изградбата требаше да чини 18 милиони евра. Досега на изведувачот му се исплатени 10 милиони евра.
/////////////////////////////////////////////
14 декември 2018
ПОЧНА ДА СЕ ДОГРАДУВА МОСТОТ НА КОЈ ТРЕБАШЕ ДА СТОИ ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО, ЌЕ ИМА ПРОЅИРНА ОГРАДА ЗА ДА СЕ ГЛЕДА КАМЕН МОСТ

Почна да се доградува мостот на Вардар на кој требаше да стои панорамското тркало. Екипи на ГП „Бетон“ со камиони и кранови почнаа со поставување на сајли на мостот. Според новиот проект мостот нема да има барокни елементи, ќе биде поставена проѕирна ограда да се гледа Камен мост и треба да биде готов на пролет.
Градоначалникот Петре Шилегов во април најави дека одлучиле мостот да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договорот односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра.
„Донесовме одлука да се догради пешачкиот мост. Уривањето онака како што е сегашната позиција на мостот заедно со заостанатите плаќања и обврските кон германските партнери кои требало да го градат тркалото би нè чинело 3 милиони евра. Успеавме за истата цена да договориме тој да се догради. Коритото на реката Вардар повторно ќе стане безбеден бидејќи нема да има фундаменти во него. Мислам дека оваа варијанта е добра за граѓаните“, изјави во април градоначалникот Шилегов.
Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014 година. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“ изградбата требаше да чини 18 милиони евра. Досега на изведувачот му се исплатени 10 милиони евра.
12 јуни 2019
СЕ УРИВААТ СТОЛБОВИТЕ ВО ВАРДАР НА КОИ ТРЕБАШЕ ДА СТОИ ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО НА ГРУЕВСКИ

Екипи на ГП „Бетон“ денеска почнаа со уривање на бетонските столбови во реката Вардар на кои требаше да стои панорамското тркало од проектот на Владата на Никола Груевски „Скопје 2104“.
„Според новиот проект, сите 4 бетонски столбови ќе се урнат и со тоа коритото на реката Вардар ќе биде ослободено. Летово треба да завршат градежните работи за изградба на мостот, со што ќе бидат остранети и препреките кои се наоѓаат на кејот со кои сега е блокирано движењето“, велат од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Според новиот проект, мостот нема да има барокни елементи. За да се гледа симболот на градот Камениот мост, ќе биде поставена проѕирна ограда.
Градоначалникот Петре Шилегов лани во април најави дека градските власти одлучиле мостот да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор во времето на Груевски. Наместо 7 милиони евра, Градот треба да доплати 3,1 милиони евра.
//////////////////////////
19 јануари 2020
МОСТОТ БЕЗ ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ВО МАРТ, СКОПСКИОТ КЕЈ ПРОЛЕТВА ПРООДЕН ПОСЛЕ 6 ГОДИНИ

За два месеца ќе биде готов пешачкиот мост на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје на кој требаше да стои панорамското тркало. Мостот почна да се доградува во декември 2018 и беше најавено дека ќе биде готов пролетта 2019. Но, градежните работи сѐ уште траат.
Градоначалникот Петре Шилегов вели дека изградбата на мостот, наследен од претходното градско раководство како дел на проектот „Скопје 2014“, е при крај. Целосно е исчистено коритото на реката од бетонските столбови на кои требаше да стои панорамското тркало и сега се работи на ситни градежни зафати на мостот. Со пуштањето во употреба на мостот, после 6 години ќе биде прооден кејот во овој дел од најстрогиот центар на градот.
„Тргнати се фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар е чисто и проточно. Мостот ќе биде целосно готов и пуштен во употреба за два месеци. Остануваат уште да се постават пристапни рампи и некои ситни зафати“, вели Шилегов.
Градоначалникот Шилегов во април 2018 најави дека одлучиле мостот од проектот „Скопје 2014“ да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнаа договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра. Претходно, на изведувачот му беа исплатени 10 милиони евра.
Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“, изградбата требаше да чини 18 милиони евра.
//////////////////////////////////////////
17 ноември 2020
НАМЕСТО ПАНОРАМСКО ТРКАЛО НА МОСТОТ НА ВАРДАР ПОСТАВЕНИ ТРАФИКИ ЗА ПРОДАВАЧИТЕ НА КНИГИ ОД ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА

После 6 години откако почна да се гради мостот на кој требаше на има панорамско тркало, тој конечно е готов и до крајот на месецов откако ќе добие технички прием ќе биде пуштен во употреба. Со тоа конечно и кејот на реката Вардар ќе биде прооден за пешаци и велосипедисти откако во 2014 година беше заграден заради градежните работи.
На мостот го нема панорамското тркало, но поставени се три трафики кои како што објаснува градоначалникот Петре Шилегов ќе биде наменети за продавачите на книги кои ќе се дислоцираат од Плоштад Македонија.
„Бидејќи не се гради панорамското тркало, доколку не се постават таков вид на објекти тогаш ЈСП ‘Скопје‘ ќе треба да плати ДДВ од околу 1,2 милиони евра, што е неоправдан трошок особено во време на пандемија. Тие објекти ќе бидат намените за продавачите на книги кои ќе ги дислоцираме од Плоштад Македонија, со што ќе им овозможиме да ја вршат својата дејност во затворени објекти“, вели Шилегов.
Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014 како дел од проектот Скопје 2014“ на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“, изградбата требаше да чини 18 милиони евра.
Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов градежните работи беа стопирани. Во април 2018 Шилегов кажа дека одлучиле мостот од проектот „Скопје 2014“ да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнаа договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра. Претходно, на изведувачот му беа исплатени 10 милиони евра. Беше направен и нов проект според кој мостот нема барокни елементи, туку поставена е проѕирна ограда за да се гледа Камен мост.
//////////////////////////////////////////
12 јануари 2021
ПОСЛЕ 7 ГОДИНИ ПОЧНА ДА СЕ РАСЧИСТУВА КЕЈОТ КАЈ МОСТОТ ЗА ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ЗА ПАК ДА БИДЕ ПРООДЕН

Екипи и градежна механизација од јавните претпријатија на Град Скопје од вчера почнаа со расчистување на кејот во делот кај мостот на кој требаше да има панорамско тркало. Овој дел од кејот во строгиот центар на градот е затворен од 2014 година, кога во рамките на пректот „Скопје 2014“ тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ почна со изградба на мостот. Изминативе 7 години пешаците и велосипедистите не можеа да минуваат низ кејот од двете страни бидејќи беше заграден со тараби, затрупан со градежни матријали и механизација.
Од Град Скопје велат дека откако завршиле со доградбата на мостот, на кој сега нема панорамско тркало ниту барокни елементи, почнале со расчистување на кејот и очекуваат до крајот на месецот да биде прооден. Откако ќе биде расчистен ќе биде и уреден, а оштетените делови санирани.
„Досега се подигнати 27 кубни метри градежен матријал. Дополнително, се корнат гранки, треви и грмушки со кои се обраснати делови од кејот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето“, велат од Град Скопје.
Мостот на кој што според проектот требаше да стои панорамско тркало почна да се гради во 2014. Град Скопје тогаш проектот го предаде на ЈСП „Скопје“, а пари покрај од буџетот на Градот се обезбедуваа и преку донации од Агенцијата за електронски комуникации. Според договорот со ГП „Бетон“, изградбата требаше да чини 18 милиони евра.
Откако на градоначалничката функција дојде Петре Шилегов најпрво градежните работи беа стопирани, а во април 2018 беше соопштено дека е одлучено мостот од проектот „Скопје 2014“ да не се урива, туку да се догради без панорамското тркало и да биде пешачки премин. Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнаа договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договор, односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра. Претходно, на изведувачот му беа исплатени 10 милиони евра. Беше променет и дел од проектот за изгледот, па наместо барокни елементи беше поставена ограда преку која може да се гледа Камен мост.
/////////////////////////////////////////
15 март 2021
ПО ОСУМ ГОДИНИ, ПОВТОРНО Е ПРООДЕН КЕЈОТ КАЈ МОСТОТ ЗА ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ВО СКОПЈЕ

После осум години, конечно е можно движењето по кејот на реката Вардар во делот од Камен мост до мостот Гоце Делчев во строгиот центар на Скопје. Оваа делница осум години беше затворена поради градежните работи за изградба на мостот.
По расчистување на натрупаниот отпад и градежен материјал комплетно е реконстируирана велосипедската патека и засадено е ново зеленило.
„Оваа делница од кејот е конечно ослободена и граѓаните може непречено да ја користат обновената пешачко-велосипедска патека на овој потег на кејот на Вардар“, велат од Град Скопје.
Град Скопје заврши и со изградба на пешачкиот мост, кој почна да се гради во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски во рамките на проектот „Скопје 2014“. На мостот го нема панорамското тркало, но поставени се три трафики кои ќе бидат наменети за продавачите на книги кои ќе се дислоцираат од Плоштад Македонија.
27.09.2024
Мостот без панорамско тркало






Пешачкиот мост на Вардар кој ги врзува левиот и десниот кеј на Вардар помеѓу Македонскиот Народен Театар и Мепсо, претставува уште една од редицата непромислени интервенции во Малиот Ринг. Тој урбанистички секако дека беше потребен но неговата појавност од аспект на естетика, габарит, обликување е тоа што е проблем.
Замислен како мост со панорамско тркало во времето на „Скопје 2014“, како највисок степен на деградирање на се што постои во околината, во периодот на владеењето на градоначалникот Шилегов, проектот беше ревидиран со оттргнување на делот со тркалото.
Во тој период се говореше за можноста за рушење или доградување со образложение дека исто би чинело што и да се одлучи. За жал, големите промашувања во архитектурата и урбанизмот се решаваат единствено со рушење и одлуката да остане во оваа форма е дел од визуелниот хаос што владее во просторот.
Мостот е нејасно и непотребно конструктивно решен, небаре го премостува Дунав или Сава. Воопшто не размислува за контекстот на просторот, ниту на пречењето на околината. Овој мост го деградира и сработеното во самиот проект „Скопје 2014“, пречи во сите правци каде и да погледнете. А она кое најмногу пречи е блокирањето на симболот на градот – Камениот Мост.
Над сето тоа, покрај непотребните кулиси, сајли и естетика , на сред мост некој „добил идеја“ дека може да се постават локали за продажба. Со нив дополнително се оптоварува погледот. Вакви структури за да се изгубат во просторот, може да се постават на многу поголеми должини на мостови, каде во размерот на целокупниот пејсаж тие исчезнуваат.
[ https://marh.mk/mostot-bez-panoramsko-trkalo/ ]
Светна пешачкиот мост на Вардар во центарот на Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на својот официјален фејсбук профил, сподели фотографија од мост на Вардар кој доби осветлување. Станува збор за пешачкиот мост на Вардар кој ги врзува левиот и десниот кеј, помеѓу Македонскиот Народен Театар и Мепсо
- Уште еден прекрасен мост светна и ќе мами погледи, претворајќи се во уште едно препознатливо светло обележје на нашиот град. Мал детал што носи голема разлика и уште една причина да се гордееме со убавината на Скопје, сподели градоначалникот.
Скопјани ја пофалија работата за советлувањето, но дел од нив побараа и да се постави тркалото кое беше предвидено со проектот „Скопје 2014“.
Како што соопшти Ѓорѓиевски деновиве се отстрануваат и куќичките поставени за времето на мандатот на Шилегов.
[ https://skopjeinfo.mk/svetna-peshachkiot-most-na-vardar-vo-centarot-na-skopje ]


