
Сеуште вон употреба, новоизградениот мост на „Љубљанска“ , чека да ги поврзе Карпош со Бардовци и Злокуќани. По многу нешта специфичен, како визуелно така и инженерски – овој мост претставува “extradosed bridge”односно комбинација на кутијасти носачи со надворешна кабловска конструкција. Ова е прво такво остварување во Македонија


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1538751938254404&set=pcb.1538752088254389 ]
Денес, со особено задоволство можам да информирам дека по години застој, продолжува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на скопјани.
Со неговото завршување, Скопје добива нова, современа и функционална сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на градот, која ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, но и значително ќе ги растовари булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“.
Проектот, во минатото беше стопиран поради неопходноста од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар, со цел целосна заштита на локалитетот „Скупи“.
Но, со сериозна работа, одговорен пристап и силна волја, потребната дозвола е обезбедена, културното наследство е заштитено, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет.
Паралелно со изградбата, се предвидува и современо сообраќајно решение за влезот во селото, преку кружен тек или адаптивна семафоризација, согласно реалните потреби на теренот.
Со ова, ќе има помал метеж, поголема безбедност, подобар проток за возила и пешаци и целосна заштита на културното наследство кај Скупи.






[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1507767467643204&set=pcb.1507771250976159 ]
Мостот на „Љубљанска“ конечно добива врска: БИТЕМ ќе го гради булеварот за 1,85 милиони евра
Мостот на „Љубљанска“ преку Вардар, кој со години стоеше без целосна сообраќајна функција, треба конечно да добие булеварска врска. Град Скопје склучи договор за изградба на булеварот „Љубљанска“, во фазна реализација, со што треба да се комплетира пристапот до мостот и да се овозможи поврзување со улицата „Скупи“.
Станува збор за проект кој подолго време беше во фокусот на јавноста како еден од скопските примери на изградена, а нефункционална инфраструктура. Според претходни објави, мостот на „Љубљанска“ треба да го поврзе Карпош со Злокуќани, а со завршувањето на пристапните сообраќајници се очекува подобра врска меѓу северниот и западниот дел од градот.
Договорот за изградба е склучен со Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје. Вредноста на договорот изнесува 113.952.502 денари со ДДВ, односно околу 1,85 милиони евра. Без ДДВ, понудата изнесува 96.569.917 денари.
Според финансиската понуда, најголемиот дел од средствата се однесува на градежните работи во првата фаза, во вредност од 93,68 милиони денари со ДДВ. Во договорот се предвидени и работи за електротехника, атмосферска канализација, како и градежни и електротехнички активности во втората фаза.
Во системот е-набавки, како економски оператор е наведен БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, а како вистински сопственик Кирил Лазаров. Станува збор за компанија од градежниот сектор, која претходно беше ангажирана и на проектот „Градски воз“ во Скопје.
Проектот претходно беше поврзуван и со потребата од обезбедување дозволи и мислења поради близината на локалитетот „Скупи“. Од Град Скопје и Општина Карпош неодамна информираа дека продолжува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на „Љубљанска“ со „Скупи“.
Со ставањето на мостот во функција, се очекува полесен пристап кон Злокуќани, Бардовци и индустриската зона, како и растоварување на дел од сообраќајот на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“. Според договорната документација, рокот за изведба е 12 месеци.
Мостот на „Љубљанска“ до крајот на годината ќе поврзува три населби – никнува и парк крај Лепенец
Мостот на крајот од улицата „Љубљанска“ е готов повеќе години, но беше во застој неговото поврзување, кое пак сега е во завршна фаза.
На терен се гледа напредокот во неговото поврзување со пешачката патека покрај Вардар, како и продолжените од Карпош, кон Бардовци и Злокуќани. Неговото пуштање во употреба се очекува до крајот на годината.
Сообраќајницата кај Skopje City Mall претходно беше целосно обновена со дислокација на такси-станицата со цел намалување на метежот на овој фреквентен потег.
