Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Топлификација

4 Написи
1 Корисници
2 Реакции
346 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#941]

Оваа нишка ги опфаќа состојбите со топловодната мрежа,состојбите со парното греење и слични поврзани теми.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

ОД 1 АВГУСТ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 5,96%, ОДЛУЧИ РЕГУЛАТОРНАTA КОМИСИЈА

 

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина.

 

За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна „Енерџи Еколинк“ зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика зголемувањето е за околу 5% за домаќинствата.

По извршените сеопфатни економско технички анализи за работењето на енергетските компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје, РКЕ донесе одлука за корекција на цената од 5,96 %, односно просечната сметка ќе се зголеми за 140 денари или од 2.353 денари на 2.493 денари. Енергетските компании бараа зголемувањето да биде од 30% до 130%. Она што е клучно во периодот што следува и кое што ние го подржуваме е спојување на сите компании на ЕСМ за топлинска енергија, а со цел оптимизирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста, што би значело поволна цена за потрошувачите“, рече Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Тој кажа дека резултатите од направените аналзии покажуваат дека на годишно ниво жителите на Скопје кои се греат на топлинска енергија имаат најнизок годишен надоместок, за разлика од жителите на Белград, Љубљана, Софија и Сараево.

За една грејна сезона на парно греење се приклучени нови 1.521 потрошувачи, а вкупно 67.494 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

 

https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-1-avgust-parnoto-greene-ke-poskapi-za-5-96-odluchi-regulatornata-komisija/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

 

Денес одбележавме важен момент со официјалното отворање на првата когенеративна постројка на TESSA Energy во Македонија.
Оваа инвестиција е значаен чекор кон поефикасно и поодржливо производство на енергија, со истовремено производство на електрична и топлинска енергија во еден ефикасен процес.

https://www.facebook.com/tessa.group.mk



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: