Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Рудници и рудни бог...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Рудници и рудни богатства

6 Написи
2 Корисници
4 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1132]

Оваа нишка опфаќа теми поврзани со рудниците низ државата,наоѓалишта на минерални суровини и слични поврзани вести и активности.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Реткиот минерал антимон од кривопаланечко Луке ќе се извезува во САД – вели Мицкоски

Коментирајќи ги ефектите од денешниот Стратешки дијалог, премиерот рече дека очекува таму да биде промовирана инвестицијата за реткиот минерал антимон од кривопаланечкото село Луке, кој ќе се извезува во САД. Топилницата за негова преработка, како што најави, би се градела во Оклахома
Пред потенцијални американски инвеститори ќе се презентира и ќе биде понуден и проектот за „Чебрен“ и „Галиште“, нешто што била негова лична заложба
Македонија е првата земја од Европа што одржува Стратешки дијалог на вакво ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави (САД), рече денеска премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за очекувањата од денешната посета на македонската делегација во Вашингтон, која ќе учествува на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу С Македонија и САД.

Нашата делегација, како што рече премиерот, е предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а од страна на САД, предводник е заменик-државниот секретар Кристофер Ландау, кој е втор човек на американскиот Стејт департмент.

Според Мицкоски, се очекува таму да се претстават исклучително важни теми за иднината на нашата држава.

„Темите што ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, билатералната соработка, енергетиката, како и инфраструктурата која ја градиме и во која силно инвестираме. Посебен фокус е ставен и на соработката во одбранбената индустрија. Тоа се неколку области во кои очекуваме да се постигне голем напредок“,рече тој.

Една од најзначајните вести од овој дијалог, како што вели Мицкоски, е промоцијата на големата инвестиција во рударскиот сектор во Македонија. Станува збор за експлоатација на реткиот минерал антимон во кривопаланечкото село Луке.

„Истовремено ќе се промовира и една инвестиција во знаечаен производен објект, а тоа е рудата антимон, која ќе се експлоатира во близина на кривопаланечкото село Луке. Редок минерал, кој за нашата економија може да значи многу“,вели Мицкоски.

Истражувањата на терен, како што рече, се при крај и наскоро очекува да почнат ископувањата на рудата.

[ https://360stepeni.mk/retkiot-mineral-antimon-od-krivopalanechko-luke-ke-se-izvezuva-vo-sad-veli-mitskoski/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?

Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија.

Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во Македонија, која веќе е инсталирана тука и длабоко навлезена во бизнис водите во државава поврзани со минералите и енергетиката.

„Призма“ неодамна објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија формирала заедничка фирма со „Пела глобал лимитед“ за производство на електрична енергија од обновливи извори, при што влогот на МПЦ бил 20 отсто, а на австралиската компанија 80 отсто. Она што е битно исто така е дека МПЦ не плаќа даноци во државата, а наголемо формира фирми со странски партнери зад кои стои привилегирана релација со актуелната политичка гарнитура.

Според соопштението од Владата, со овој договор во Вашпингтон се отвораат можности за „понатамошни инвестиции, истражувања и технолошки развој во согласност со глобалните трендови за обезбедување алтернативни извори на критични суровини“.

Граѓаните на социјалните мрежи масовно реагираа на веста, обвинувајќи за распродажба на рудните ресурси, со клучно прашање – ако има вредни метали зошто не ги копаме ние, туку им ги даваме на Американците? Од овие информации сега испаѓа дека им ги даваме на Австралијанци со блиски врски со МПЦ, а преку неа и со власта.

Николче (Ник) Јовановски е само еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, австралиска фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа. На страницата на „Пела глобал лимитед“ стои дека стратегија на оваа компанија е унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон во Крстов Дол, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке.

Во кратката биографија за Јовановски пишува дека течно говори македонски, член е на дијаспората и клучен за успехот на „Пела глобал лимитед“ како нејзин основач и извршен директор уште од нејзиното основање.

На веб страницата на компанијата пишува дека „Луке КП лежи во рамките на српско-македонскиот масив, клучна геолошка карактеристика на Балканскиот Полуостров што се преклопува со богатиот со минерали Тетиски металоген појас – глобално значајна зона позната по тоа што содржи минерални наоѓалишта од светска класа. Овој регион се протега низ Србија, Северна Македонија, Косово и Албанија и е познат по своите разновидни карпести формации и значителен минерален потенцијал. Во рамките на масивот, различни тектонски единици, како што се Скопската зона и Пчиња-Тополничката зона, покажуваат уникатни структурни и литолошки карактеристики кои се совпаѓаат со трендовите на минерализација забележани во Тетискиот појас. Овие поволни геолошки услови го позиционираа проектот Луке КП како ветувачка можност за истражување и развој во рамките на еден од најперспективните металогени појаси во светот“.

Според проценките на фирмата „производството на концентрат од антимон во Македонија има потенцијал да стане една од најголемите операции за рударство на антимон во светот“.

Рудникот Крстов Дол беше затворен во 1981 година поради ниските цени на антимонот, што сега не е случај. Иако претходно биле извадени приближно 50.000 тони руда, во извештајот се наведува дека има ресурс од 2.916.000 тони, заедно со неистражените паралелни структури.

Потпишувањето на договорот инаку се реализира во рамките на официјалната посета на владината делегација на Соединетите Американски Држави. (Н.В.)

[ https://nezavisen.mk/koja-e-firmata-shto-kje-kopa-antimon-so-parite-od-sad/ ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Во седиштето на државната агенција на САД за финансирање на меѓународен развој (ДФЦ), во Вашингтон, се одржа свечено потпишување на договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари, наменети за истражување критични минерали во Македонија, односно на реткиот минерал антимон.

Договорот беше потпишан помеѓу Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC, и Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“. На настанот присуствуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, но членовите на владата беа само дел од церемонијата, со оглед на тоа дека австралиската компанија „Пела глобал лимитед“ и државната агенција на САД ги договориле претходно условите што ќе истражуваат и на која локација ќе истражуваат.

Рудникот за антимон во близина на кривопаланечкото село Луке беше најавен од премиерот десетина дена пред да замине делегација во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД, при што Христијан Мицкоски рече дека американска компанија ќе експлоатира руда антимон во Кривопаланечко, која потоа ќе се преработува во топилница во сојузната држава Оклахома.

–Рудата антимон ќе се експлоатира близу до кривопаланечкото село Луке. Тоа е редок минерал, кој може да значи многу за нашата економија. Истражувањата се прикрај. Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома. Тоа е нешто што е многу важно за нашата држава и за нас како граѓани, информираше премиерот Мицкоски.

На неколку прес-конференции деновиве, Мицкоски постојано ја потенцираше важноста од отворањето на ваков рудник и притоа ги разгневи екоактивистите и граѓаните, но и дел од стручната јавност. Сите, па и Мицкоски, знаат дека жителите на селото Лојане во Општина Липково сè уште ги трпат последиците од штетното влијание на антимонот, иако рудникот, втор во Македонија за антимон, во нивна близина е затворен повеќе од четири децении.

Но, владата е решена да го истера проектот до крај и да им дозволи на Американците да ископуваат антимон во стариот рудник „Крстов дол“, каде што во 60-тите и во 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон.

Во рудникот „Крстов дол“, сместен на 20 км од Крива Паланка, иако не работи повеќе од 50 години, јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување на површинските води. Рудникот и флотацијата повеќе не се користат, а неговите објекти се уништени.

Некогаш во него и во изградената флотација работеле 120 жители на околните села. Во флотацијата била обработувана антимонова руда. Освен тоа, била преработувана и молибденова руда донесена од Турција. Во мало количество била обработувана и руда на антимон од рудникот „Алшар“, во околината на Кавадарци, која содржела висок процент на арсен.

КОЈА Е ФИРМАТА ШТО ЌЕ КОПА?

Еден од потписниците на договорот во Вашингтон е Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, компанија од Австралија која се занимава со наоѓање злато, сребро и антимон.

Јовановски е Австралиец со македонско потекло и сопственик на компанијата „Пела глобал лимитед“, која веќе ги реализира своите бизнис-интереси во Македонија во полето на рударството и на енергетиката. Оваа компанија, заедно со Македонската православна црква, на 27 јуни 2025 година формирала заедничка фирма за производство на електрична енергија од обновливи извори, „Константин Енерџи ДОО Скопје“, а директор е, исто така, Ник Јовановски.

На официјалната веб-страница на „Пела глобал лимитед“ пишува дека „стратегија на оваа компанија е унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон во „Крстов дол“, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке“.

–Пела Глобал Лимитед е австралиска компанија за критични и скапоцени метали фокусирана на одговорен развој на минерални ресурси низ металогениот појас Тетијан во Југоисточна Европа. Нејзините проекти вклучуваат:

Проект за антимон Крстов Дол (Северна Македонија) – Проект во напредна фаза чија цел е производство на висококвалитетен концентрат од антимон од историски производствена локација, стратешки позиционирана за поддршка на западните цели за снабдување со критични минерали.

Проект за злато Самар (Северна Македонија) – Висококвалитетен полиметален систем со потврдена минерализација на злато, сребро, олово, цинк и бакар, кој нуди силен потенцијал за истражување и развој“, се вели во образложението на компанијата.

Според проценките на фирмата „производството на концентрат од антимон во Македонија има потенцијал да стане една од најголемите операции за рударство на антимон во светот“.

[ https://fokus.mk/drzhavata-go-turka-proektot-za-rudnikot-krstov-dol-koja-e-firmata-shto-ke-kopa/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Алшар ( с. Мајден - Кавадарци )– меѓу митовите, чистата природа и економскиот интерес!

Алшар е еден од најмистичните локалитети во светот, и за него кружат  разни легенди, но, сепак, рудникот  е единственото место на светот во кој се наоѓа фамозниот лорандит, талиумов минерал за кој се верува дека може да се употреби во создавање на „вештачко сонце“ и добивање чиста енергија. Домашна компанија ќе го истражува рудникот „Алшар “ лоциран на планината Кожуф. Концесијата ја доби фирма чие име засега не се обелоденува, но, се знае дека таа ќе треба да плати околу 25 илјади евра за геолошките истражувања што треба да ги направи на локалитетот. Во рок од две години треба да има извештај од страна на компанијата, односно доставен елаборат до Министерството за економија по што ќе се создадат услови за почнување на експлоатација. „Алшар“ во 2009 година беше прогласен за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата, но, заштитата не траеше долго па минатата година со нов закон беше повлечена и се одобри рудникот да се даде под концесија. Ваквиот потег беше критикуван од познавачите со оглед дека во Законот за заштита на природата предвидено е дека постапка за престанок на заштитата на „Алшар“  може да има само доколку се изгубат обележјата поради кои е прогласено заштитено подрачје (чл. 92, ст. 8). Токму поради ова познавачите коментираа дека не им е јасно што се промени во тие три години за  „Алшар“ да го изгуби статусот на споменик на природата. Во образложението на Законот на Министерството за животна средина, како причина за губење на статусот на заштита беше потенцирана економската придобивка од Алшар. Но, токму за дел од познавачите тоа е  проблематично бидејќи  и во иднина може да се случи заштитените подрачја да го губат својот статус на заштита само поради економскиот интерес на Владата и на одредени концесионери. Рудникот вреди 1,5 милијарди евра Сепак во Македонија, експертската јавност е поделена околу потенцијалите на Алшар.  Иако сите се согласни дека таму може да се најдат повеќе од 17 видови на руда, меѓу кои и злато, лорандит и талиум, сепак прашање е колку експлоатацијата е исплатлива, бидејќи сè уште нема детални проценки за резервите кои можат да се најдат таму. Наспроти ова некои проценки пак велат дека рудникот се вреди 1,5 милијарди евра. Инаку Алшар е еден од најмистичните локалитети во светот, и за него кружат  разни легенди, но, сепак, рудникот  е единственото место на светот во кој се наоѓа фамозниот лорандит, талиумов минерал за кој се верува дека може да се употреби во создавање на „вештачко сонце“ и добивање чиста енергија. Минералот лорандит, кој го има во „Алшар, отсекогаш предизвикувал интерес во светските научни кругови, бидејќи  е утврдено дека од целиот свет го има само во Македонија и евентуално во Шри Ланка.  Првпат во Македонија лорандит е изваден во 1976 година од американски истражувачи, иако црпењето на рудата било противзаконско. Од локалитетот во Кавадарци, Турците ископувале и злато. Рудата од „Алшар, пред околу сто години  била испитувана во универзитети во Прага, Будимпешта и Виена. Но, „Алшар“, освен што предизвикува интерес кај научниците, предизвик е и за ловците на богатство, па некои од нив беа фатени како диво копале на локалитетот. Во април 2009 беа фатени германски и унгарски државјани Полициски службеници од полициската станица за обезбедување на државната граница „Михајлово“ при редовна полициска патрола на место викано „Мајдан“ приведоа четворица германски државјани на возраст од 42 до 71 година и двајца унгарски државјани на возраст од 21 и 34 години. МВР во рачни торби и при прегледот на возилата кои ги управувале, пронајдени се поголема количина ископани парчиња руда од рудникот „Алшар“, по што сите се приведени во полициската станица во Кавадарци. Двајца од нив, според исказите се пензионери, а другите двајца, според нивните изјави, се доктори на науки и професори на универзитет во Германија. Приведените се затекнати на лице место од страна на полициската патрола како вршат ископување и собираат минерали и кристали од рудникот и ја сместуваат во возило со германски регистерски таблички. Од приведените се одземени 12 кутии со примероци од минерали и од кристали во вкупна тежина од околу 400 килограми

( фактор портал )



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Владата објави дека „Еуромакс Рисорсис“ ќе отвора рудник кај Иловица и Штука, судот пресудил во нивна корист

Владата со соопштение до јавноста објави дека „Еуромакс Рисорсис“ ќе го отвора рудникот од проектот „Иловица и Штука“ за ископ на бакар и злато. Од таму велат дека операторот ја добил судската одлука во своја корист.

„Владата на денешната седница беше информирана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за донесена пресуда на Вишиот управен суд, со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја почитува.

Истовремено, сакаме транспарентно и отворено да ја информираме јавноста дека ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена правна состојба која произлегува од одлуките за спојување на концесиите донесени во јуни 2023 година, како и од последователните одлуки за нивен престанок донесени само еден месец подоцна, во јули 2023 година, по што е покрената судска постапка пред надлежните судови. Денешната состојба е резултат на завршување на таа постапка со конечна пресуда на Вишиот управен суд“, објави Владата.

Од таму додаваат дека се очекува кај дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации да има отпор, но дека процесот ќе се одвива транспарентно.

„Наш приоритет останува создавање услови за економски раст, нови инвестиции и отворање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи.

Секое понатамошно постапување во однос на овој предмет ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста. Владата ќе продолжи одговорно, транспарентно и во согласност со законите да носи одлуки кои ги штитат интересите на граѓаните, обезбедуваат правна сигурност и создаваат услови за одржлив развој на државата“, соопшти Владата.

[ https://faktor.mk/vladata-objavi-deka-euromaks-risorsis-kje-otvora-rudnik-kaj-ilovica-i-shtuka-sudot-presudil-vo-nivna-korist ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: