Фала ти @Kavtown што сподели вака бензински станици низ Македонија
Еве само една бензинска пумпа од Хрватска како доказ колку заостануваме па и во нешто толку просто како бензинска пумпа


Бензинска пумпа ИНА, Одморалиште Кварнер, Ријека
Сепак ова е нова бензинска, но сепак заостануваме
Одморалиштата во Хрватска и Србија се многу поразвиени отколку кај нас (а за Европа да не ни збориме), знам сепак и географијава наша колку толку не дозволува вакви одморалишта но на пример сами си наштетуваме со тоа што на пример на автопатот Демир Капија - Смоквица има едно или две места предвидени, оградени и ископани за одморалишта но ЈПДП очигледно немаат интерес да ги дадат на некого под концесија да ги работи (сега незнам како точно оди постапката кај нас, но HAC Hrvatske Autoceste ги дава одморалиштата во Хрватска под концесија)
Сепак и низ Србија и низ Хрватска има премногу вакви стари бензински пумпи воопшто не е дека сите се модерни но ние и на автопатиштава неможеме саглам бензинска да направиме
Бензинска Ангел Петрол - Неготино

Бензинска Гала - Кавадарци

Бензинска Црна Река - Росоман

Нов „играч“ меѓу првите пет најголеми продавачи на горива на бензинските станици во Македонија
Регулаторната комисија за енергетика за прв пат во својот годишен извештај за 2025 ја рангираше ОКТА меѓу најголемите продавачи на горива на мало, односно на бензинските пумпи низ земјата, а таму убедливо најголемиот увозник на нафтени деривати го зазеде 5 место.
ОКТА во текот на минатата година на бензинските станици што работат под тој бренд продала 48.110 тони нафтени деривати, а 6,69 проценти учество во вкупниот пазарен удел. Пред оваа компанија во малопродажбата се Макпетрол, Лукоил, Дади Оил и Супертрејд. Зад ОКТА се Детоил, Црна Река, Пуцко Петрол итн.
„Притоа може да се забележи дека на овој сегмент од пазарот на мало доминантно учество има Макпетрол со 39,19% удел на пазарот, по што следуваат Лукоил со 14,50%, Дади Оил со 13,36%, Супертрејд со 8,47%, ОКТА со 6,69%, Детоил со 4,16%, Црна Река Петрол со 3,62%, Пуцко Петрол со 3,09%, Јавор шпед со 3,05%, Омпетрол со 1,63%, додека уделот на сите останати 9 трговци на големо кои имале продажби преку бензински станици изнесува околу 2,25%“, објави РКЕ.
Бројот на бензински станици кои продаваат под името на „ОКТА“ се зголемил за две за една година, а во ова рангирање е на третото место. Инаку ОКТА е убедливо најголем увозник на горива во земјата со 71,71 проценти учество кај сите трговци. Досега Регулаторната комисија не ги евидентираше нејзините малопродажни количини на бензински станици.
„Во Република Северна Македонија тековно работат околу 392 бензински пумпни станици. И покрај фактот што денес значително е променета сопственичката структура во малопродажниот сектор, Макпетрол АД Скопје поседува најголем број на бензински станици и тоа 128. Потоа следуваат Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје со 40 бензински станици, ОКТА Бренд со 29 бензински станици, додека преостанатите околу 195 бензински станици се во сопственост на повеќе други домашни претпријатија.
Дел од претпријатијата што поседуваат бензински станици, покрај основната дејност да продаваат горива на своите бензински станици, се јавуваат и како трговци на големо, односно дел од набавените течни горива не ги продаваат преку бензинските станици, туку ги продаваат директно на крајни потрошувачи“, коментира РКЕ во извештајот.





























