Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔ Општинска зграда...
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔ Општинска зграда Карпош

2 Написи
1 Корисници
2 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#952]

10.09.2025

Карпош доби нова општинска зграда

Со свеченост, вечерва беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош.

Зградата која зафаќа вкупна површина од 4.500 м 2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија.

Вратите на „новиот дом за карпошани“ како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе бидат секогаш ширум отворени за своите сограѓани, кои ќе можат на едно место да ги
решаваат своите проблеми и да ги остваруваат личните права и секојдневните потреби.

„Сè започна со еден камен –темелник. Можеби тогаш изгледаше како празно парче земја, но за нас тоа беше визија – сон за една нова општинска зграда, достојна за граѓаните на Карпош. Трпеливо но сигурно, месец по месец, цигла по цигла, од темелите израснаа ѕидови. Со мака, со работа и со посветеност, чекор по чекор го изградивме овој објект. Не беше лесно, но
секогаш кога имаш јасна цел, секоја пречка се надминува“, објасни Јакимовски.

Во рамки на свеченоста тој посочи дека оваа зграда претставува симбол на заедништвото и јасен показател, дека кога ќе се здружат волјата и трудот не постојат невозможни работи.

„Овој објект не е само бетон и арматура. Верувам дека тука ќе се носат важни одлуки преку кои ќе се креира иднината на Карпош. Нашата локална самоуправа е лидер во многу работи а со овој чин покажавме дека знаеме да изградиме објект по европски стандарди, со визија и со срце. Ова е уште еден доказ дека нашиот Карпош секогаш оди напред“, истакна Јакимовски.

Тој рече дека новата општинска зграда не е наменета само на администрацијата, туку таа ќе биде транспарентна локална установа која им припаѓа на сите граѓани на Карпош.

„Мојот сон и мојата визија беше тука да влегувате со доверба и овде да ги добивате вашите одговори и решенија. Ова е нов дом на локалната самоуправа, поточно дом на сите наши сограѓани. Карпош гради, расте и ќе продолжи да чекори напред, затоа што ова е нашата заедничка приказна“, додаде градоначалникот Стевчо Јакимовски.

[ https://nezavisen.mk/karposh-dobi-nova-opshtinska-zgrada/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Свечено пуштен во употреба новиот објект на општина Карпош

Вчеравечер свечено беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на општина Карпош.

Ова грандиозно здание кое зафаќа вкупна површина од 4.500 м2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе бидат секогаш ширум отворени за своите сограѓани, кои ќе можат на едно место да ги решаваат своите проблеми и да ги остваруваат личните права и секојдневните потреби, велат надлежните.

  • Сè започна со еден камен –темелник. Можеби тогаш изгледаше како празно парче земја, но за нас тоа беше визија – сон за една нова општинска зграда, достојна за граѓаните на Карпош. Трпеливо но сигурно, месец по месец, цигла по цигла, од темелите израснаа ѕидови. Со мака, со работа и со посветеност, чекор по чекор го изградивме овој објект. Не беше лесно, но секогаш кога имаш јасна цел, секоја пречка се надминува, објасни Јакимовски на отворањето.

Во рамки на свеченоста тој посочи дека оваа зграда претставува симбол на заедништвото и јасен показател, дека кога ќе се здружат волјата и трудот не постојат невозможни работи.

  • Овој објект не е само бетон и арматура. Верувам дека тука ќе се носат важни одлуки преку кои ќе се креира иднината на Карпош. Нашата локална самоуправа е лидер во многу работи а со овој чин покажавме дека знаеме да изградиме објект по европски стандарди, со визија и со срце. Ова е уште еден доказ дека нашиот Карпош секогаш оди напред, истакна Јакимовски.

Првиот човек на општината потенцираше дека новата општинска зграда не е наменета само за администрацијата, туку таа ќе биде транспарентна локална установа која им припаѓа на сите граѓани на Карпош.

  • Мојот сон и мојата визија беше тука да влегувате со доверба и овде да ги добивате вашите одговори и решенија. Ова е нов дом на локалната самоуправа, поточно дом на сите наши сограѓани. Карпош гради, расте и ќе продолжи да чекори напред, затоа што ова е нашата заедничка приказна, додаде градоначалникот Стевчо Јакимовски.

[ https://skopjeinfo.mk/svecheno-pushten-vo-upotreba-noviot-objekt-na-opshtina-karposh ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: