Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
📢Општинска зграда Ц...
 
Известувања
Исчистете ги сите

📢Општинска зграда Центар

2 Написи
1 Корисници
2 Реакции
297 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#905]

Конкурс за идејно решение на административна зграда на Општина Центар – Скопје

Општината Центар спроведе конкурс за идејно решение на административна зграда бидејќи станува збор за јавна инвестиција и програма, која ги засега сите жители на Општината и на градот Скопје. Со конкурсот потребно беше да се добие функционално, современо, стилски автентично, конструктивно, рационално и економски исплатливо решение на новата административна зграда за општинската администрација кое ќе има потенцијал за реална изведба.

Крајниот рок за предавање на трудовите беше во септември минатата година, а по еден месец беа објавени и резултатите на конкурсот. На 4 март 2025 година, се одржа архитектонска презентација насловена „Општина За Нас“ во КСП Центар – Јадро во организација на Општина Центар. На оваа презентација беа изложени 12 трудови од влупно пристигнатите 13, а посетителите имаа можност да ја видат до 11 март 2025 година.

ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ

Во градежната парцела помеѓу улиците „Орце Николов“, „Михаил Цоков“ и булеварот „Илинден“, која е предмет на конкурсот дадена е рамковна површина за градба во која требаше да се предвидат три засебни функционални целини.

Во првата функционална целина да се предвиди сместување на општинската администрација и работни простории на подрачните одделенија / единици. Во втората функционална целина (во еден или во повеќе објекти) простории за комерцијални и деловни намени, и за намени од областа на културата. Двете функционални целини треба да бидат поврзани во подземно ниво со заеднички паркинг-простор. Третата функционална целина ја претставува објектот во којшто во минатото беше сместена Управата за водење матични книги, за кој во расписот се бараше да се задржи во постојна состојба.

Во моментов Општината е сместена на истата локација во времени објекти – бараки поставени по катастрофалниот земјотрес од 1963 година во коишто е сместена администрацијата на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје и подрачните единици на неколку државни институции, распределени во седум приземни објекти и во еден објект со високо приземје (во којшто во минатото беше сместена Управата за водење матични книги, а денес е сместен Младинскиот центар, Матично и Сојузот на извидници). Градежниот фонд не е во добра состојба, земајќи го предвид времениот карактер на објектите кои на локацијата егзистираат 60-ина години, како и современите потреби за административно работење и сервис на граѓаните.

ЦЕЛИ НА КОНКУРСОТ

Поради наведеното конкурсот се распиша со цел да се создадат просторни услови за рационализација и за подобрена ефикасност на работата на институцијата, преку поттикнување на современа интерпретација на институцијата, отворена и пристапна, меѓутоа и за да се решат актуелните проблеми со стационарниот сообраќај (настанати со половична реализација на претходни плански решенија), како и со недостигот на содржини неопходни за секојдневното функционирање на непосредното опкружување.

Вкупната нето-изградена површина на административно-деловниот комплекс предвиден со конкурсот, треба да изнесува околу 5.960 квадратни метри, од кои 4.000 квадратни метри треба да изнесува првата функционална целина (административната зграда на Општината), без вклучен подземен паркинг-простор. Додека останатите 1.960 метри квадратни припаѓаат на втората функционална целина (комерцијално-деловната градба), а компатибилнте класи на намени во однос на основната класа на намена не смее да надминат 49 %.

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Со оглед дека општинската зграда како институција на локалната самоуправа го дефинира општествениот стандард, новиот објект треба да претставува институција која преку архитектонскиот јазик ќе воспостави блискост и идентификација на граѓаните на Општината и на градот Скопје.

Основните барања на проектната задача укажуваа дека сите функции треба да бидат добро организирани, но да не ја ставаат во сенка основната јавна функција – општинска зграда.

Дополнително, конкурсното решение требаше да ги понуди следните содржини: полујавен простор – плоштад, парковско решение со фокус на влезниот портал од Учителската школа, рационално сообраќајно решение, дефинирани безбедни пешачки движења во рамки на парцелата и околу неа, како и соодветни по позиција, со пристап за возила, пешаци и за велосипеди. Исто така и да предвиди фазна реализација на двете функционални целини.

Прва фаза е објектот каде што ќе биде сместена општинската администрација и работните простории на подрачните одделенија и подземниот паркинг.

Втора фаза (која потенцијално ќе се изведува во зависност од можностите), реализација на простории со комерцијални и деловни намени, и со намени од областа на културата.

Од конкурсните трудови се очекуваше да понудат интегрално решение на финално реализираниот комплекс и комплетно партерно решение при реализација на првата функционална целина – независно и непречено функционирање на едната функционалната единица до реализација на другата.

Програмата бараше и полујавниот простор – плоштадот да биде во комуникација со влезниот хол во административната градба, со салата на Советот и со порталот од Учителската школа. Тој простор треба да ја презентира Општината како отворена за граѓаните, зелена, динамична и современа, но и општина која го почитува своето историско наследство.

На конкурсот пристигнаа 13 труда кои се разгледуваа, анализираа и евалиураа од жирито на конкурсот. Комисијата работеше во состав: проф. д-р Огнен Марина, д.и.а.; Сашко Иванов, д.и.а.; проф. д-р Мишко Ралев, д.и.а.; Валентино Константиновски, д.и.а.; Танкица Христова-Спасовска, д.и.а.; Наташа Тодоровска-Пренк, д.и.а. и Игор Котларовски, д.и.а. По пат на елиминација, а сè според толкувањата на критериумите, по темелната проверка членовите на Комисијата доделија три награди по следниот редослед: „СЦЕНА“; „НАМАТ“ и „ЧКЛАБ“.

Наградите изнесуваа 750.000 денари за првото место, 400.000 денари за второто место и 300.000 денари за третото место.

Во образложението Комисјата напонема: „Сите овие наведени трудови се одликуваат со висок степен на почитување на просторните ограничувања дефинирани преку просторните критериуми од Деталниот урбанистички план, проектната задача и сообраќајните регулативи. Секако дека издвоените трудови за награди ги исполнија и останатите зададени критериуми – програмските економските, естетските и еколошките“.

ПРВА НАГРАДА


ВТОРА НАГРАДА

Втората награда се додели на трудот под шифра „ЧКЛАБ“ на бирото ПЛАТФОРМА ДОО Скопје“, автори: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ-Муратовска, Ана Галевска-Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров, Матеа Јегени


ТРЕТА НАГРАДА

Трета награда е доделена на трудот под шифра „СЦЕНА“ на авторите Митко Хаџи Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска.


[ https://www.porta3.mk/konkurs-za-idejno-reshenie-na-administrativna-zgrada-na-opshtina-centar-skopje/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Се бара проектант на новата зграда на Центар, Општината ќе го плати 240 илјади евра

 

Според податоците во тендерот, висината на објектот треба да биде приземје и четири ката, а кон него да има минимум три пристапи. Предвиден е и подземен паркинг на најмногу три подземни нивоа со најмалку 300 паркинг-места. Просторот пред објектот треба да е полујавен, со плоштад и зелени површини

Едниот од трите капитални проекти, кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека ќе ги реализира до крајот на неговиот мандат, веќе е во фаза на „тендерирање“, поточно Општината распиша јавен повик за избор на фирма што ќе изработи основен проект за изградба на нова административна зграда на Центар.

Сите заинтересирани проектантски куќи можат со своите проекти да учествуваат на повикот најдоцна до четврток, 27 август.

Основниот проект што треба да се изработи, треба да го почитува избраното идејно архитектонско решение до законските рамки, кое беше избрано на јавен анонимен конкурс и треба да опфаќа освен основен проект за изградба на зградата и проект за подземно паркирање.

Општината проценила дека изработката на проектната документација ќе ја чини речиси 15 милиони денари, односно околу 240 илјади евра.

На прашањето до Општина Центар кога ќе започне изградбата на новата административна зграда, која треба да се гради на истата локација каде што во моментов се наоѓаат општинските бараки и дали веќе има план каде ќе се смести администрацијата додека трае изградбата, оттаму велат дека засега нема конкретен датум кога тоа ќе се случи.

 
 

Ве известуваме дека во тек е постапката за избор на изведувач на основен проект. Конкретен датум ќе може да кажеме кога ќе заврши постапката за избор односно кога ќе се склучи договор. Во однос на прашањето за привременото сместување на вработените за време на изградбата, засега нема официјално утврден план за нивна релокација – велат од Центар.

Изградбата на новиот објект на Општината е тема што подолго време е споменувана од актуелниот, но и од претходните градоначалници на оваа општина, но досега ништо конкретно не се случуваше. При крајот на претходниот мандат, градоначалникот Герасимовски информира дека земјиштето на кое се лоцирани бараките конечно преминало во владение на Општината.

Според него, во минатото имало идејно решение за нова општинска зграда, еден од градоначалниците го спровел, потрошил финансиски средства, но земјиштето не било во сопственост на општината.

Уште во 2024 година Општината спроведе конкурс за избор на идејно решение за новиот објект на Центар, на кој беа избрани трите најдобри, при што првата награда ја доби идејното решение под шифрата „Намат“ на авторите Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска-Четелева и Кристијан Ристовски.

Сега врз основа на наградените решенија треба да се изработи основниот проект по што ќе следуваат неколку месеци за подготовка на документацијата и распишување тендер за фирма што ќе го гради објектот.

 

Во текот на предизборната кампања Герасимовски истакна дека очекува општинската зграда да биде готова до крајот на овој мандат, односно до крајот на 2029 година, а говорејќи за самиот објект, тој посочи дека целта е да се изгради граѓанско-административна зграда, отворена, транспарентна, каде што граѓаните ќе имаат учество и увид во сето тоа што ќе се работи, а дека ќе има и простории што ќе можат да ги користат невладините организации. Тој посочи дека се предвидени и три нивоа подземно паркирање, што ќе го олесни паркирањето во Дебар Маало.

Објектот треба да биде репрезентативен, но и отворен и транспарентен и да овозможи ефикасно работење на општинската администрација. Да има архитектонски израз што ќе се поврзе со историското значење на местото и ќе овозможи идентификација на граѓаните – се вели во јавниот оглас.

Според податоците во тендерот, висината на објектот треба да биде приземје и четири ката, а кон него треба да има минимум три пристапи. Предвиден е и подземен паркинг на најмногу три подземни нивоа со најмалку 300 паркинг-места. Просторот пред објектот треба да е полујавен, со плоштад и зелени површини. Во рамките на проектирањето треба да се сочува постојниот објект на некогашното Матично.

Локацијата каде што сега се сместени општинските бараки се дел од урбаната и културна историја на Скопје. Тука на времето биле сместени турската гимназија „Идадија“ и Учителската школа, делумно урнати во земјотресот од 1963 година, објекти од кои денеска се останати само влезниот портал и дел од потпорните ѕидови.

По катастрофалниот скопски земјотрес на овој простор се изградени бараките во кои сѐ уште работи општинската администрација, но кои одамна не ги задоволуваат условите за работа.

https://www.slobodenpecat.mk/se-bara-proektant-na-novata-zgrada-na-centar-opshtinata-kje-go-plati-240-iljadi-evra/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: