Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Административни обј...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Административни објекти(општо)

7 Написи
2 Корисници
6 Реакции
5 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#904]

Во оваа нишка ќе ги евидентираме сите проекти поврзани со изградба,реконструкција на административни објекти низ државата за кои нема доволно материјал за да биде отворена посебна нишка.
Може да опфаќа општински згради на помалите општини,управни згради на компании и слично.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Почна да се гради уште еден објект – нова зграда за администрацијата на Општина Тетово што ќе чини речиси 1,4 милиони евра

До зградата на Општина Тетово неделава почна да се гради уште еден објект за општинската администрација. Станува збор за објект за кој општината треба да плати речиси 1,4 милиони евра. За да се обезбедат дополнителни простории за потребите на општинската администрација, градоначалникот прво најавуваше дека дека ќе се прави објект без да се трошат пари, поточно дека на градежната компанија ќе и компензира со земјиште.

„Првичната идеја беше да се реализира со јавно приватно партнерство, општината да даде земја на друга локација и да се изгради објектот на општината. Но испадна дека тоа не е возможно. Значи според законот не може да се направи значи таква компензација земјиште за објект и затоа одлучивме да одиме со тендер. Значи сега е се реализира преку тендер и со средства на буџетот на општината“, изјави Биљал Касами.

Новата општинска зграда се прави во време кога извршители и понатаму наплаќаат милионски долгови од буџетот на Тетово.

„Реална ситуација во Општина Тетово е во делот со долгот кој е наследен, кој полека го сервисираме и се надеваме дека во текот на 2026 година ќе излеземе од извршувања и ќе можеме автономно да оперираме со буџетот затоа што и 2025 година сериозен дел да не кажам многу голем дел од буџетот се реализиран преку извршители“, рече Касами.

Тој тврди дека во 2025 година има зголемена наплата на даноците на имот.

„За прв во 2025 имаме надминување на реализираните приходи од данокот на имот од околу 20 посто. Значи од предвидените се реализирани 120 посто. Тоа покажува дека Општина Тетово сериозно работи во делот на финансиската консолидација и реализација на сопствените изворни приходи. Ние ќе продолжиме и во 2026 и следните години да буџетите на општина Тетово да бидат развојни, а не како што беше порано, каде речиси 90 посто од средствата, односно реализацијата одеше за плати други тековни трошоци, смета Касами.

Новата зграда ќе има приземје, два ката и поткровје со вкупна површина од 1.400 метри квадратни. Општина Тетово има администрација од речиси 400 вработени луѓе и неколкиу стотици хонорарци.

[ https://tetovoinfo.mk/pochna-da-se-gradi-ushte-eden-objekt-nova-zgrada-za-administracijata-na-opshtina-tetovo-shto-kje-chini-rechisi-14-milioni-evra/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Ќе се гради нова полициска станица во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за изградба на нова полициска станица.

Од Општина Кисела Вода соопштија дека овој документ претставува значаен чекор кон зајакнување на безбедноста и подобрување на услугите за граѓаните во општината.

-Со реализацијата на овој проект, локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи директно обезбедуваат поголемо полициско присуство, побрза и поефикасна реакција, како и подобра достапност на услугите за жителите на Кисела Вода – велат од локалната самоуправа.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска ја истакна важноста на партнерскиот однос меѓу институциите во интерес на јавната безбедност.

-Оваа заедничка иницијатива е најдобар показател дека локалната и централната власт се целосно посветени на решавање на реалните потреби на граѓаните. Планираната изградба на новата полициска станица е стратешки чекор за нашата општина, бидејќи безбедна и посигурна средина е основниот предуслов за безгрижното секојдневие на секое семејство. Заеднички поставуваме цврсти темели за континуирано унапредување на квалитетот на живот – изјави Стаменкоска – Трајкоска.

За министерот Тошковски, оваа инвестиција е резултат на заедничката посветеност за создавање посигурна средина за сите граѓани.

-Оваа соработка е резултат на заедничка посветеност со локалната самоуправа за создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани. Преку конкретни проектни активности ќе работиме на реализација на овие објекти, но и на други иницијативи од заеднички интерес. Нашата цел е јасна, а тоа се институции што се поблиску до граѓаните, поефикасни услуги и континуирано унапредување на безбедноста. Продолжуваме со конкретни мерки и инвестиции што носат видливи резултати- изјави Тошковски.

[ https://www.vecer.press/ke-se-gradi-nova-policziska-stanicza-vo-kisela-voda/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше

Проектот за изградба на нова административно-деловна општинска зграда во Куманово започнат пред повеќе од една деценија, сè уште не е реализиран, соопшти секретарот на општината, Емилија Сларидис Јаневска. Советниците на последната седница изгласаа деталниот урбанистички план за дел од урбаната единица „Благој Стевковски Гојчо“ урбан Блок 43 В и 43 Г-Куманово да бидат предмет на давање на долготраен закуп по пат на непосредна спогодба за објекти од јавен интерес. Парцелата е со површина од над 3.000 метри квадратни и е сместена во строго централно градско подрачје.

Чоробенско ќоше

-Проектот за изградба на општинска зграда административна деловна зграда е од 2011 година. Тогаш е распишан анонимен конкурс за избор на идејни решенија. Пристигнати се пет идејни решенија поделени се прва, втора, трета, награда меѓутоа, авторските права за сите идејни решенија се откупени и се во сопственост на Општина Куманово. Врз основа на првонаграденото идејно решение подоцна во 2013 година преку средства обезбедени од североисточниот плански регион е изготвен основен проект со сите фази. Тој се комплетира, предаден во североисточниот регион и предаден на Општина Куманово. Општина Куманово до денес не располага со средства, а и самото земјиште, парцелата градежна има голем број на објекти коишто се дел во приватна сопственост дел узурпирани и за кои било поднесено барање за легализација, па потоа се одбиени, бидејќи не ги исполнуваат условите да бидат легализирани-објектот сè уште не е изграден – рече Сларидис Јаневска.

Општината тука планира да изгради општинска зграда, бидејќи администрацијата сега е поделена во неколку објекти. Во таа зграда би биле сместени комплетната администрација, како и дел од јавните претпријатија.

Дел од опозицијата реагираше и кажа дека не треба да се дава просторот во центарот на Куманово преку непосредна спогодба, додека Општината се согласува дека најдобро решение е процесот да се води преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Планираната административна зграда има за цел да ја централизира општинската администрација, вклучувајќи и простории за Советот на општината, како и дел од јавните претпријатија кои можат да функционираат во централното градско подрачје.

Проектот предвидува и две нивоа на подземно паркирање, што е значајно во услови на недостиг на паркинг простор во централното градско подрачје.

https://nezavisen.mk/kumanovo-planira-izgradba-na-administrativna-zgrada-kaj-chorobensko-kjoshe/



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Реконструирано одделението за управни работи на МВР во зградата на МТВ (фото)



Во зградата на Македонската телевизија денеска и официјално беше отворен вториот дел од реконструираното одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел од поширок процес за унапредување на условите во кои граѓаните ги остваруваат своите законски права.

Според министерот, позитивните реакции од граѓаните се секојдневни, особено во однос на подобрените услови и услугите што ги добиваат во управните служби. Тој најави дека МВР ќе продолжи со реновирање и на другите објекти во државата.

– Се надевам дека тоа ќе го реализираме во најкраток можен рок. Ќе продолжиме со реновирање на сите други управни служби на територијата на Македонија со цел да им обезбедиме на македонските граѓани културна и достоинствена услуга од страна на Министерството за внатрешни работи – рече министерот.

Одговарајќи на прашања за новата систематизација во МВР, Тошковски информира дека интересот за огласените работни места е висок, со над 900 апликации за некои од позициите. Тој нагласи дека нема да има отпуштања поради несоодветно образование.

– Можам да кажам дека сите видови образование, со кои моментно сме затекнати, нема да бидат причина за негативни последици, односно вработените ќе може да извршуваат одредени работни позиции што и досега ги извршувале, дури и во случаи во кои образованието не е целосно соодветно, особено кога станува збор за пониски нивоа. Нема да има отпуштања од работа или радикални мерки поради несоодветно образование. Новата систематизација овозможува секој затекнат вработен да може да се снајде врз основа на искуството, годините работен стаж и другите релевантни фактори во рамките на систематизацијата. Во иднина предвидуваме малку поригорозни критериуми во однос на соодветноста на одредени професионални позиции во согласност со потребата од попрофесионален одговор во работењето на Министерството – посочи Тошковски.

Во врска со проектот „Безбеден град“ и лажните СМС-пораки за плаќање казни, Тошковски апелира до граѓаните на внимателност.

– Граѓаните мора да бидат внимателни од кого ја добиваат пораката. Тоа се пораки од чудни броеви и адреси што не доаѓаат од официјални канали на МВР. При секој обид за манипулација МВР навремено ќе постапува и ќе ги информира граѓаните – рече тој.

Министерот повтори дека проектот „Безбеден град“ дава резултати наведувајќи дека бројот на жртви во сообраќајот е намален од 47 во 2025 година на 26 оваа година. Тој најави дека системот ќе биде имплементиран во целата држава до крајот на годината по фази, како што се исполнуваат условите во градовите.

На крајот, Тошковски информира дека е објавена и нова постапка за набавка на полициски униформи.

[ https://nezavisen.mk/rekonstruirano-oddelenieto-za-upravni-raboti-na-mvr-vo-zgradata-na-mtv-foto/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Томовски за зградата на МРТВ: На вработените нозете им се враќаат наназад!

Состојбата со работните простории во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ) е алармантна и нехумана, откако објектот со децении бил оставен на маргините без никакво одржување. Сепак, државата започнува сукцесивен план за иселување на институциите, реконструкција на објектот од покривот до приземјето, како и изградба на нова голема монтажна гаража. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го најави директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Томовски се согласи со фрапантните констатации од неодамнешната јавна седница на Програмскиот совет на МРТВ, каде од новото раководство беше кажано дека во некои канцеларии „ниту куче не би издржало осум часа“, објави 4news.mk

„Зборуваме за простории кои буквално не се искречени повеќе од 50 години. Нашата идеја е сукцесивно, една по една, да ги иселиме институциите кои се привремено таму и да ги сместиме на други локации за да се ослободи простор. Потоа ќе пристапиме кон комплетно реновирање на целата зграда, по моделот на она што веќе го направи Министерството за внатрешни работи (МВР) во делот каде што се издаваат личните документи“, истакна Томовски.

Како прв голем триумф во подобрувањето на основните услови, тој посочи дека по цели 75 години, конечно се ставени во функција сите шест лифтови во оваа дваесеткатница, додека во изминатите осум години работеле само по два или три.

Процесот на градежна санација на овој препознатлив скопски објект ќе започне од најкритичната точка – заштита од атмосферски влијанија.

Моментално проектираме решенија за покривот бидејќи зградата прокапува. Штом ќе го средиме покривот и ќе го заштитиме објектот, започнуваме со реновирање на сите простории со систем ‘од горе надолу’. Тоа е реално корисна зграда на одлична локација и мора да ја заштитиме“, објаснува директорот на СОЗР.

Паралелно со внатрешната обнова, СОЗР веќе работи на решавање на горливиот проблем со паркирањето околу МРТВ, објави 4news.mk На просторот на плацот каде неодамна службата расходуваше и продаде 104 стари возила како старо железо, ќе никне нов паркинг комплекс.

[ https://4news.mk/tomovski-za-zgradata-na-mrtv-na-vrabotenite-nozete-im-se-vrakaat-nanazad/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

07/04/2025

По голготата со лифтовите во зградата на МТВ кои не работеа, најпосле се сервисирани

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.

„Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат“, велат од Владата.

Во изминатите години, лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.

Зградата на Македонската радио телевизија има 24 ката.

[ https://tocka.com.mk/vesti/514712/po-golgotata-so-liftovite-vo-zgradata-na-mtv-koi-ne-rabotea-najposle-se-servisirani ]


По скоро година и неколку месеци од оваа вест ситуацијата не е баш многу променета.Во неколку наврати сум имал потреба/прилика да чекам и да се возам во лифтовите.Пред се повторно 2 од лифтовите се во некаков дефект а преостанатите 2 се премногу бавни и воедно оптоварени па редовно на приземје и по катовите се создаваат огромни гужви(се чека по 15минути),возењето е доста бавно со многу крцкање и вибрации во кабините.
Не знам зошто не се инвестира во редовен сервис и одржување на лифтовите во здравствените институции и во сите згради што се повисоки од 2-3 ката со голем број на институции во нив.
Конкретно за МТВ,реално има потреба целиот објект да се реновира,целиот инвентар и опрема е од минатиот век,хигиена и осветлување под секое ниво.



   
ОдговорЦитат
Сподели: