Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Клинички центар Шти...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Клинички центар Штип

4 Написи
1 Корисници
3 Реакции
113 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#870]

Во оваа нишка ќе биде опфатен деценискиот проект за нов клинички центар во Штип кој сеуште не е довршен.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  




[ https://torax.mk/portfolio/clinical-center-shtip/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  
  1. May 2025

Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?

Идната недела ќе бидат познати деталите кога повторно ќе почнат градежните активности, колку ќе чинат и кога конечно ќе бидат функционални новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се дел од здравствените проекти од стратешкиот договор со Велика Британија за 6 милијарди евра.

  • Веќе имаме согласност за изградба на Клиничка болница во Штип тоа за источниот дел е децениски проблем, оваа болница после Клиничкиот центар во Скопје треба да е најголема во Македонија. Второ изградба на Медицински факултет комплетно нов тоа е во делот на образованието и трето студентски дом којшто би бил во поддршка на Медицинскиот факултет со најмалку 200 легла. Понатаму четвртиот проект е целосно реконструкција на Клиничката болница во Тетотово и петто изградба на нова болница со нов Здравствен дом во Кичево“. Од суштинско значење е да се направи голем и модерен Клинички центар во Скопје, кој што би бил од голема помош за граѓаните во Македонија. Ова се пет би рекол пилот проекти, коишто доколку се реализираат како што би требало, амбицијата е во втора фаза, веќе да размислуваме и за други региони, да размислуваме за Охрид, Битола, Прилеп. Исто така наша амбиција и е модерен клинички центар во Скопје, изјави на 17.05 во тема на денот во Дневникот на Сител Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.

Клиничката болница во Штип почна да се гради во март 2016 –та, се изградија околу 40 проценти од објектот, но поради не почитување на роковите беше раскинат договорот со изведувачот. Како што беше посочено и во извештајот на ДЗР поради ова случајот е на арбитража и фирмата бара отштета од 22 милиони евра од државата. Тогашниот проект за штипска клиничка ревизорите го процениле на 49.3 милиони евра. Колку пари сега ќе чини доизградбата на медицинскиот комплекс ќе се знае до крајот на мај кога ќе биде познато и кој ќе го гради. Во постоечката болница пак која е регионален центар за Источна Македонија годишно здравствени услуги добиваат повеќе од 150.000 пациенти, а бројката се зголемува од година во година.

  • Податоците кои ги имаме се од 2023 година кога во болницата се евидентирани 150.000 прегледи, а во 2024 година бројката е за 10 проценти поголема, изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничката болница во Штип.

Според неофицијални информации експерти од Британија веќе направиле скенирање на теренот не само во болниците во Штип и Тетово, туку и во Кичево каде карабината стои повеќе од 20 години и допрва ќе се одлучува дали повторно ќе гради од темел или ќе се доизградува.

[ https://sitel.com.mk/koga-kje-se-izgradi-novata-klinichka-bolnica-vo-shtip-i-bolnicata-vo-kichevo-koi-se-gradat-vekje-so ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

НАД 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИЗГРАДИ НОВАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП, А СЕ СМЕНИЈА ЧЕТИРИ ПРЕМИЕРИ, ТРИ ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕРИ И ОСУМ МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО

Четири премиери: Никола Груевски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, три технички премиери: Емил Димитриев, Оливер Спасовски и Талат Џафери, како и осум министри за здравство, за повеќе од десет години не успеаја да ја изградат и стават во функција новата Клиничка болница во Штип.

 

Заев и Ковачевски во текот на своите мандати не ја посетија Клиничката болница во Штип за да видат во каква состојба е напуштениот објект, изграден до карабина. Мицкоски, пак, по доаѓањето на власт пред две години најави дека за Владата новата Клиничка болница е приоритет број еден. Сепак, објектот и натаму е празен и недоизграден, а на него сè уште нема градежни активности.

 

Долгата, повеќе од десетгодишна градежна голгота и хронологијата на изградбата на новата Клиничка болница покажуваат дека проектот почнал да се реализира во времето кога премиер беше Никола Груевски. На 3 март 2016 беше поставен камен-темелникот на оваа капитална инвестиција.

Тогашниот технички премиер Емил Димитриев и министерот за здравство Никола Тодоров најавија дека целата инвестиција за новата Клиничка болница ќе чини 56 милиони евра. Од нив, 30 милиони евра требаше да бидат потрошени за градежниот дел, а останатите средства да бидат наменети за нова медицинска опрема. Најавата тогаш беше дека новиот објект ќе профункционира за две до три години.

Првите две години градежните работи се одвиваа забрзано и без поголеми застои. Новиот објект беше доведен до карабина, по што изведувачот на работите, грчката компанија „Интеракт“, заедно со главниот подизведувач, македонската градежна компанија „Бетон“, започна со поставување на внатрешната инсталација. Паралелно се изведуваа и работите на фасадата.

Но, по смената на власта во 2017, за министер за здравство беше назначен Арбен Таравари, чиј мандат траеше само неколку месеци. Истата година го наследи Венко Филипче. При една од посетите на Штип, Филипче јавно најави нов рок за завршување на Клиничката болница, до крајот на 2020.

Наместо забрзување на изградбата, работите почнаа да стагнираат, меѓу другото и поради несогласувањата меѓу инвеститорот и изведувачот. Подоцна градежните активности целосно престанаа, следуваа раскинувања на договорите, како и судски и вонсудски постапки за надминување на спорот.

Тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека новата власт бара начини да ја прекине изградбата. Во меѓувреме, преку постапка на Јавното обвинителство, беа утврдени неправилности поврзани со главниот подизведувач ГП „Бетон“, кој имаше неисплатени побарувања и не можеше да продолжи со работите.

Сè се вртеше околу оваа градежна компанија. Со нејзиното заминување во стечај престанаа градежните активности на новата Клиничка болница, но и работите на зградата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на завршниот дел од проектот „Скопје 2014“, кои ги изведуваше „Бетон“. Вработените останаа без работа, а голем дел од нив заминаа во странство, додека други побараа ново вработување во градежни компании во земјава.

За ваквиот расплет на ситуацијата придонесе и коронакризата во 2020. Тогаш здравствените власти најголемо внимание посветуваа на изградбата на модуларни болници во поголемите градови во земјава, меѓу кои и Штип. Работите на Клиничката болница беа ставени во втор план, а подоцна целосно згаснаа.

За продолжување на изградбата немаше посериозни иницијативи ниту од подоцнежните министри за здравство. Беким Сали беше министер во 2022, наредната година функцијата ја презеде Фатмир Меџити, а во 2024  министер стана Имер Демири. Истата година, Арбен Таравари повторно беше назначен за министер за здравство, но и овојпат неговиот мандат траеше кратко. Во 2025  функцијата ја презеде Азир Алиу, а со годинешната реконструкција на Владата, во јули за министер за здравство беше назначен Сашо Клековски.

Ниту еден од овие министри немаше мандат подолг од една година. Кратките мандати, меѓу другото, беа проследени со промени во кадровската политика и вработувања на нови лекари и специјализанти, од кои дел и денес немаат постојан работен однос.

Споменатите министри го посетуваа Штип и Клиничката болница, но најголем дел од нивното внимание беше насочено кон вработувањето нов кадар, а не кон  карабината на новата Клиничка болница, која остана изложена на временските услови. Во некои блокови објектот е без прозорци и врати, а на делови нема ниту заштитен покрив.

Најновиот министер за здравство, Сашо Клековски, на 30 јули годинава дојде во Штип и изврши увид во состојбата на објектот. На прес-конференција најави и потврди дека Владата останува на ставот дека Клиничката болница е еден од нејзините главни приоритети и капитален проект во здравството, како и дека постапките за продолжување на изградбата се во тек.

Посетата беше реализирана заедно со претставници на Светската банка и Европската инвестициска банка. Експертите на лице место ги разгледаа досега изведените градежни работи, а финансиските институции треба да помогнат во изготвувањето на дополнителната финансиска конструкција за доизградба на објектот, кој, според Клековски, досега е реализиран во обем од 30 до 40 проценти.

„По тригодишен тотален застој на работите, настојуваме како Министерство и како Влада да ги продолжиме работите и конечно овој капитален објект да биде ставен во функција во интерес на околу 300 илјади граѓани, особено во Источна Македонија. Во тек се сите тендерски постапки кои имаат меѓународен карактер и за два до три месеци треба да има епилог за избор и склучување договор со проверен меѓународен партнер. Во исто време се работи на постапките за набавка на новата опрема, особено за оперативните блокови предвидени со проектот за изградба на новата Клиничка болница во Штип“, рече Клековски кон крајот на јули.

Министерот за здравство додаде дека Владата донела нов план и проект вреден 109 милиони евра, поддржан од Светската банка, за целосна доизградба и опремување на болницата. Во рамките на планот е предвидена и изградба на нова зграда на Факултетот за медицински науки, за кој, според надлежните, постои голем интерес за студирање. Од овој факултет, новата Клиничка болница треба да обезбедува кадар за своите потреби.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/nad-10-godini-ne-mozhe-da-se-izgradi-novata-bolnitsa-vo-shtip-a-se-smenija-chetiri-premieri-tri-tehnichki-premieri-i-osum-ministri-za-zdravstvo/?fbclid=IwY2xjawTvvl9wZG9mBWV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkEDIyMjAzOTE3ODgyMDA4OTIAAR4j8KPR7uUmdbT69tkWqWBR3HB6jNmr5k8ZsMQf5vF3kUCI3_6Xsdf3qaMzYw_aem_ixnKFtwFenfnrVIE6Z2Jug



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: