Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🛑Св.Троица(Руска цр...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🛑Св.Троица(Руска црква)-Аеродром

5 Написи
1 Корисници
4 Реакции
4 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#983]

09.06.2014

Почна изградбата на првата руска црква во Македонија

Во општина Аеродром, спроти спортскиот сентар „Јане Сандански“, денеска беше поставен поставен камен – темелник за изградба на црква посветена на „Св. Троица“.
Ктитор на новата црква е рускиот бизнисмен и сопственик на спортскиот клуб „Вардар“ Сергеј Самсоненко, а осветувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Изградбата на првиот руски православен храм во Македонија, според г.г. Стефан, ќе влезе и ќе се забележи не само во историјата на Македонската православна црква, туку и во историјата на руско-македонското пријателство.

– Веруваме дека ќе биде храм-мост, кој уште повеќе ќе ги зближи нашите братски народи и сестрински цркви и ќе биде дел руска душа на македонската земја, рече г.г. Стефан.

Изградбата на храмот, додаде, е споменик на вековните духовни врски на пријателство меѓу Македонија и Русија, врските од преродбенскиот период до денес.

– Во ова наше време најмногу ни е потребна подадена пријателска рака, особено на црковен план и неоправдано ја очекуваме со голема надеж. Овој нов храм нека биде сведок и потврда на нашата меѓусебна љубов и почит, нека биде дом што ќе ја сведочи нашата заедничка вера и љубов, нагласи ариепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Самсоненко подвлече дека изградбата на руски православен храм во Македонија е вистинска работа да ги спои нашите народи, бидејќи, како што забележа, има голема духовна блискост.

– Во иднина нема да има никаква омраза, како што немало и досега, мора да се зближиме да бидеме заедно во радост и во тага. Мора да ја почитуваме нашата историја и традиција, кои со векови нашите предци ги почитувале, рече Самсоненко.

Црквата посветена на „Св. Троица“, треба да биде готова во 2015 година, а изведувач на работите е комланијата „Жигол“.

[ https://a1on.mk/macedonia/pochna-izgradbata-na-prvata-ruska-crkva-vo-makedonija/ ]

Од поставувањето на камен-темелникот



[ https://www.facebook.com/media/set/?set=a.509726212489204&type=3 ]



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  



[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1220393672803890&set=pcb.1220393762803881 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од процесот на изградба која започна во 2014 но по некое време беше стопирана и сеуште е така...





[ https://www.skyscrapercity.com/threads/Скопје-Проекти-и-изградба-skopje-projects-construction.1213929/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  



[ https://www.facebook.com/profile.php?id=100063634630182 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Неколку денешни

Тука активностите запреа негде во 2017-та кај црквата почнаа со соѕидување на еден дел од источната страна а во најнапредна фаза е помалиот објект каде беа поставени и икони,купола,покрив и крст.
Нема никакви најави за нејзино довршување или превземање од некој друг инвеститор.









   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: