Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🚧Св.Лидија Македонк...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Св.Лидија Македонка-нас.Ченто

5 Написи
1 Корисници
4 Реакции
2 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#987]

ОСВЕТУВАЊЕ НА КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА МПЦ СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА ВО ЧЕНТО

22 ноември 2014 година, Гази Баба, Македонија - Денес, на 22 ноември 2014 година, во 12 часот на старите гробишта до Домот на културата во Ченто, ќе се освети камен темелник, со што ќе отпочне изградбата на Македонската правослвана црква “Света Лидија Македонска“.

Осветувањето на камен темелникот ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан архиепископ Охридски и Македонски со повеќе епископи и свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Археипископија.

Црквата ќе се гради со дозвола за градење издадена од општина Гази Баба на вкупна површина од 4109 м², на земјиште откупено на 25 септември 2013 година со Договор за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба меѓу општината Гази Баба и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.

Црквата и помошните простории ќе ги гради Македонската Православна Црква и приватни донатори и месното население

Цркавата Света Лидија Македонска е со вкупна површина од 303 м2. Камбанаријата е во основа 6 на 6 метри во висина со крстот од 25 метри. Неколкуте камбани ќе не повикуваат на богослужби, на молитва пред и со Господа, да го вратат животот и жагорот во македонските православни семејства. Помошните простории се со вкупна површина од 320 м2.

Црковниот двор ќе го краси прекрасна фонтана за водосвет, а нашата радост е уште поголема, затоа што ова е прва црква во Скопската епархија и втора во Македонија посветена на Света Лидија Македонска.

Проектант на црквата Света Лидија Македонска во Ченто е проектантското биро СЛЕМЕПРОЕКТ ДОО ШТИП, во сопственост на дипломиран инжинер архитект Благој Здравев.

СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА – ПРВАТА ХРИСТИЈАНКА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЕВРОПА

Света Лидија Македонска е камен темелник на Црквата во градот Филипи. Во триесет и првата година пред Христа, градот Филипи станал римска колонија од страна на императорот август Октавија, кој кон името на градот додал дека е негова колонија. За да го засили римското влијание во Македонија, тој таму преселил многу значајни граѓани од Италија, и во Филипи поставил римски гарнизон, а на жителите им ги дал сите права на Римајни. Првата христијанска црква, кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, била формирана во Филипи. Тоа се случувало во педесет и првата или педесет и втората година на почетокот на второто мисионерско патување на светиот апостол Павле, опишано во Делата на светите апостоли.

Во Светото Писмо пишува дека Светиот Апостол Павле во Троада имал видение на еден човек Македонец кој го молел и му велел: “Премини во Македонија и помогни ни!“ Евангелистот Лука во Делата запишал, дека разбрале за Божјата промисла таму Евангелието да се проповеда. Црквата во македонскиот гард Филипи била првата Црква во Европа, основана од Светиот Апостол Павле. Светиот Апостол Павле ќе рече: “Македонските христијани доброволно, со љубов и дарежливо милостие, материјално го помогнаа делото на Господ Бог“.

Света Лидија е камен темелник на Црквата во македонскиот град Филипи. Таа е прва личност, Македонка, која што била крстена од страна на Светиот Апостол Павле на европско тло во Македонија и затоа се прославува како прва христијанка - Македонка во Европа. Била богата и побожна жена, омажена во градот Филипи, а потекнувала од малоазиска провинција, од градот Тијатир кој бил македонска колонија.

Лидија била продавачка на порфир, скапоцени црвени ткаенини кои се изработувале во Азија, а во Европа ги користеле за своите богати облеки. Градот Тијатир бил прочуен по бојадисувањето на ткаенините со природни црвени бои на порфирот. Лидија тргувала со порфирот којшто бил употребуван за благороднички облеки, бидејќи во Филипи имало воени ветерани, и градот бил богат. Нејзиниот сопруг не се спомнува, па се смета дека е вдовица. Се мисли дека била прозелитка, но го почитувала Бога, па го напуштиал многубоштвото и се покрстила таа и нејзините поблиски роднини.

Евангелието кога стигнало во Европа не го пресретнале мажите, туку жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Светиот Апостол Павле активно ги вклучува и жените во мисионерството и во евангелизацијата во рано-христијанската црква. Тој ги пофалува и ги поткрепувал христољубивите жени, меѓу мои: Прискила од Коринт, Маријам од Рим, Фива од Кенхреја, мајката на Руф и други.

По крштевањето, Света Лидија Македонката, побарала од апостолите да ја препознаат како верна во Господа, тие тоа и сториле, знаејќи ја, пред се, нејзината вера, скромност и благочестивост. Света Лидија била гостопримлива, па ги понудила светите апостоли да живеат во нејзиниот дом, па свети Апостол Лука ќе посведочи за тоа, и тие на крајот прифаќаат, со што се потврдува дека таа е достојна за тие да бидат во нејзиниот дом. По заминувањето на Светиот Апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека Апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Македонија и во Европа, по примерот од куќата на Марија, мајката на евангелистот Марко во Ерусалим. Лидија е првата христијанка жена, во првата христијанска црква во Македонија и во Европа - црквата во македонскиот град Филипи. Светиот Апостол Павле единствено од оваа црква примил дарови за своето мисионерско делување, бидејќи знаел дека тие биле дадени од срце и со љубов. Оваа црква станува пример за формирање на други цркви во Македонија и во Грција. Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува Свети Јован во Откровението. Единаесет години по заминувањето од македонскиот град Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) Светиот Апостол Павле пишува послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени: “Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас, со љубовта на Исуса Христа и така, браќа мои, возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.

[ https://www.preminportal.mk/267-temporary/15572--osvetuvanje-na-kamen-temelnikot-na-mpc-sveta-lidija-makedonska-vo-chento ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  





   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Текот на градбата

2021










2022





2025


[ https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3462328903901399&set=pb.100003729704120.-2207520000&type=3 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Црквата „Света Лидија Македонска“ во Ченто една деценија остана само на камен-темелник

[ https://www.youtube.com/watch?v=CI7B3ANO9TM ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Црквата „Света Лидија Македонска“ во Ченто десет години остана само на камен-темелник

Почетокот на изградбата на црквата беше означен во 2014 година со поставување камен-темелник, но изградбата оди многу бавно и главно со пари на верници и жители на населбата.

Лимени огради, прашина и ѓубре можат да се забележат на просторот на поранешните христијански гробишта во населбата Ченто, каде што пред 11 години беше поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“.

Проектот тогаш беше презентиран како заедничка иницијатива на Општина Гази Баба и на жителите на населба Ченто, а како изведувачи се пријавиле повеќе компании заинтересирани за изградба на овој храм, предвиден да биде распространет на површина од над 4000 квадратни метри.

Од Македонската православна црква за изградбата на оваа црква посочија дека е прва во Скопската епархија, а втора во Македонија која е посветена на Света Лидија Македонска. Изградбата официјално започна на 22 ноември 2014 година, а камен-темелникот го освети архиепископот г. г. Стефан.

Одлуката за изградба на оваа црква, според жителите, кај нив предизвикала измешани чувства и поделени ставови поради тоа што условот за почеток на нејзина изградба бил преместување на христијанските гробишта, сместени на таа територија повеќе од половина век.

Сепак, амбициозниот проект наиде на „кочница“ при неговата изградба и е оставен на половина. Проблемот е повеќе од очигледен, нема доволно финансиски средства.

Околу лимените огради на просторот лоциран на главната улица „Методија Андонов Ченто“ во непосредна близина на Домот на културата, наидовме на ѓубре, искршени гранки од дрвја и огромно количество прашина, но успеавме на ѕирнеме и внатре. Конструкцијата на црквата веќе е поставена и очигледно е дека почнала изградбата, но проектот не е ни близу наскоро да биде завршен. Ја забележавме и работната табла, високо поставена и видлива од главната улица, на која е претставен проектираниот изглед на оваа црква. Според прикажаното, треба да се изгради црковен објект, голема камбана, паркинг и зелена површина.

– Вистина е дека идејата за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“ датира 11 години. Тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски заедно со г. г. Стефан „фрлија лопата“ и го означија почетокот на изградбата, но за жал тоа беше единственото нешто кое го направија. По осветувањето, просторот со години остана пуст, со високо никнати треви и заграден, без никаков прогрес – вели еден од организаторите на изградбата на црквата Тоне Димковски за „Слободен печат“.

Тој објасни дека во 2022 година, откако видел дека проектот нема никаков напредок и нема надеж за изградба на црквата, работата ја презел во свои раце. Најпрвин го оформил Здружението за изградба на Македонската православна црква „Света Лидија Македонска“ населба Ченто, а потоа добил и благослов од Г.Г. Стефан и продолжил со изградбата.

– Финансирањето на овој проект е од мене и уште неколку луѓе верници, но исто така кој сака може и да донира на жиро-сметката за донации, која е на име на здружението – истакна Димковски.

Според новиот план за изградба, храмот „Света Лидија Македонка“ е со вкупна површина од 303 квадратни метри. Камбанаријата е во висина од 25 метри заедно со крстот, а конаците во црковниот двор како помошни простории се со вкупна површина од 320 квадратни метри. Исто така, во црковниот двор е планирана фонтана за водосвет.

Општина Гази Баба на работната табла е претставена како еден од иницијаторите за изградба на оваа црква. На прашањето зошто не се во контакт со изведувачите што се одговорни за изградбата на црквата, одговор од нив не добивме. Засега, целосната изградба на црквата „Света Лидија Македонска“ останува само на финансиската можност на жителите и на донаторите.

[ https://www.slobodenpecat.mk/crkvata-sveta-lidija-makedonska-vo-chento-deset-godini-ostana-samo-na-kamen-temelnik/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: