Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🚧Treska Residence -...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Treska Residence - Центар

23 Написи
4 Корисници
15 Реакции
404 Прегледи
 Goti
(@goti)
Активен член
Се приклучи: пред 6 дена
Објави: 5
 

@skopje Во комуникација сум со изведувачот но само пролонгираат, па мислев да не има уште некој па затоа. Чисто да споделиме инфо, јас сеа сум купил у градба никогаш повеќе.Совет за сите купете готови станови



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 155
 

@goti Незнам конкретно за треска ама само да го потврдам ова што го збориш општо познато е јас колку што знам дека заебаваат со роковиве сите изведувачи

Ама тоа е што да правиш нека ти е со среќа новиот стан кога и да е готов

Ние комшии ќе сме, живеам јас тука во близина секој ден ги гледам и баш мислев побрзо ќе оди

Изведувачов го сметав за сериозен ама тоа е очигледно нема сериозен изведувач во државава



   
ОдговорЦитат
 Goti
(@goti)
Активен член
Се приклучи: пред 6 дена
Објави: 5
 

@akul1122 

Иако зад себе имаат нешто изградено, не знам колку згради и проекти, мене ова ми беше прво купување. Пред сè, локациски ми одговараше. Претходно две години барав стан и никако не најдов во овој реон, а токму тука сум живеел и најмногу ми одговараше.

Сите што градат, буквално како да се оперирани од реалноста се додека не продадат. Еве, да речеме некој има семејство и роковите се пробиени. Што треба да прави тој човек? Ем плаќа рата за стан, ем плаќа кирија додека чека да се заврши и всели. А продавачот буквално го заболе, купувачот што купува стан во градба има речиси никакви права. Сè е оставено на волјата и среќата на тој што продава.

До кога вака ќе тераат, стварно не знам.Едноставно според мене треба да биде  изградена зграда па потоа продажба , не знам како било порано но според мене тоа е најреално така, повели бујрум ти се допаѓа плати и чао.Вака се е лутрија..



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 155
 

@goti Нажалост е тоа така тој принцип "купување на стан во градба" поради огромниот интерес. Порано претпоставувам помал бил интересот па луѓе си гледале готови станови. Сега очигледно од што нема готови станови и особено во ова наше подрачје луѓето се приморани да купуваат станови што се во градба и после како што ти викаш, све е лутрија.

Се надевам ќе дојде ден некоја влада да се позанимава малце со потсредување на селата бидејки има работа и онлајн, немора за секоја да се живее во Скопје.

Нашиот мобилен интернет е 13ти во светот според најнови мерења од страна на Ookla. Наместо да гледаме пример од Словенија, сите села да се средени, луѓе да живеат надвор од град, да работат online, ние сеуште бутаме згради во Скопје...

Се надевам стварно дека ќе дојде ден ова стварно да се случи. Има примери и денес кои што се отселуваат од Скопје во помали населени места, (Инстаграм страницата патриотско друштво мислам дека има скорешна објава на оваа тема) но лошата инфраструктура и лошите услуги остануваат.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 2079
Стартер на тема  

Комплексот ТРЕСКА ја продолжува својата приказна.

По Т1, Т2, Т3 и Т4, ја отвориме вратата кон едно ново поглавје – Треска 5

 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1557974789689741&set=a.458992866254611



   
ОдговорЦитат
 Goti
(@goti)
Активен член
Се приклучи: пред 6 дена
Објави: 5
 

@stef4o Уште не ги отвориле вратите на тие од Т1...



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 2079
Стартер на тема  

Објавено од: @goti

@stef4o Уште не ги отвориле вратите на тие од Т1...

Ако не грешам најмногу се фалеа со Т1 дека ќе биде многу брзо изградена и вселива но по се изгледа ништо од тоа.

Ова со доцнењето е најчесто резултат на отпочнати голем број проекти а малку достапни работници за да ги покриваат соодветно фазите на градба.Обично карабините брзо ги прават но потоа сите фази поврзани со занатски работи одат многу побавно и се подложни на голем број фушерации особено кај големите комплекси каде често знаат да се сменат неколку екипи и внатре да биде изработено со различен квалитет.

Најдобро е да се купи откако веќе е финализиран објектот или кога е при самиот финиш бидејќи во последно време кај сите инвеститори има многу пролонгирање на рокови,неисплаќање пенали,лош квалитет на изведба итн.

 



   
ОдговорЦитат
 Goti
(@goti)
Активен член
Се приклучи: пред 6 дена
Објави: 5
 

Дефинитивно, само готов стан односно краен производ. Тогаш, како купувач, имаш целосен увид во реализацијата, не само на станот, туку и воопшто на целиот објект.

Е сега, што се однесува до цените, од мое искуство не гледам некоја голема разлика, поготово не сега. Разликата е навистина многу мала.

Дефинитивно имам лошо искуство со нив. Доцнат со Т1, а замисли тек со Т5 тие до 2030 година нема да се вселат со оваа темпо, не ми оди у глава океј си почнал една зграда заврши ја , сеа имаат 5 згради ниту една вселена...

Пак ќе кажам: дом не се купува неизграден. Ама, на крајот, секое незнаење човек си го плаќа.Дефинитвно инвеститорите ама никогаш нема да исполнат тоа што ке понудат со роковите за жал крајниот купувач секогаш го јаде.



   
ОдговорЦитат
Страница 2 / 2
Сподели: