Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
📢Комплекс згради Ал...
 
Известувања
Исчистете ги сите

📢Комплекс згради Алумина(Пуцко Петрол)

3 Написи
1 Корисници
1 Реакции
0 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1088]

Краток историјат со најави за градба на оваа локација каде до денес нема никаква активност.
Првично требаше Газит Глоуб да изградат G Mall со две кули но и со голем број пролонгирања на крај се откажаа по што парцелата ја откупи Пуцко Петрол со најава за нов станбено-деловен комплекс.

//////////////////////////////////////////////////////
19.11.2009

„G Mall“ поблиску до реализација

После многу перипетии, падна уште една голема пречка на патот за реализација на проектот G Mall во Скопје. Советот на Општина Карпош на својата 12-та седница конечно го усвои деталниот урбанистички план за локалитетот „Алумина“. Овој детален урбанистички план е еден од приоритетните планови на Владата и со неговото усвојување се отвора пат за реализација на странска инвестиција вредна 120 милиони евра. Израелците од Gazit-Globe сега можат да почнат со вадење на дозволи. Понатамошни пречки не се очекуваат. Решен е и проблемот што настана со објектот на К-15.

Засега планот останува недостапен за јавноста. Од Заводот за урбанизам на Македонија (изготвителите на ДУП-от) уверуваат дека наскоро до општината ќе го достават во електронска форма во која ќе биде достапен за сите. Во меѓувреме продолжува рушењето и расчистувањето на просторот кај фабриката „Алумина“. Се најавува градежните работи на комплексот да почнат во првата половина на 2010.

[ https://build.com.mk/g-mall-poblisku-do-realizatsija/ ]

//////////////////////////////////////////////////////////////////////////

04 април 2017 год.

Газит Глоуб
Г-Македонија ДООЕЛ Скопје

Според најавите кои датираат од 2007 година , на местото на поранешна „Алумина“ требаше да биде отворен голем деловен центар распространет на 90.000 квадратни метри, G-mall.

Израелската компанија „Газит глоуб“ преку својата филијала основана во Македонија „Г-Македонија“ на 30 јуни 2008 станала легален сопственик на фабриката „Алумина“ и на земјиштето каде што таа е лоцирана, отворајќи пат за развој на локацијата што беше надвор од функција последните осум години, објавија медиумите во 2008 година.

„Газит глоуб“ бил единствениот наддавач во петтиот обид за продажба на објектот. Компанијата дала цена за 20 отсто поголема од почетната цена, на тој начин обезбедувајќи поголема наплата на кредиторите на „Алумина“. Како што објавија медиумите, израелската компанија ја купила поранешна „Алумина“ за 22 милиони евра.

Тогашниот министер Глигор Ташковиќ, кој го донел израелскиот инвеститор, вели дека во текот на купопродажбата „Газит Глоуб" се соочила со сериозни предизвици кои произлегле од стечајот на „Алумина" и кои се надминати во втората половина на годината.

„Газит Глоуб", според медиумите, планирал да инвестира 100 милиони евра во резиденцијално - комерцијален центар, кој требало да содржи и луксузен хотел и деловни згради. Ташковиќ во 2008 година изјави дека 700 работници ќе добијат придонеси за пензии, плати и здравствено осигурување, за што ќе бидат платени 4,14 милиони евра.

Компанијата планирала во Македонија да инвестира и во два други проекта, кои се проценуваат на вкупна вредност од 200 милиони евра.

Помпезните најави за грандиозен трговски центар на местото на некогашната фабрика и нови проекти стивнаа некаде во 2011 година кога тогашниот градноначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, ја обвини Владата дека одбрала погрешни инвеститори.

„Очигледно израелскиот инвеститор нема пари, а моја претпоставка е дека тие планираат да го препродадат земјиштето. Сметам дека најпаметно е земјиштето да им се одземе и да се пренамени за друго нешто“, изјави Јакимовски во интервју за „Утрински весник“.

Македонската филијала на „Газит Глоуб“ сѐ уште не е згасната. Фирмата има само еден вработен, и во 2014 и во 2015 и во 2016 година.

Нетековните средства на фирмата изнесуваат 32,3 милиони евра. БИРН по електронска пошта испрати прашања до „Газит Глоуб“ со барање да ни се образложи што се случило со инвестицијата, но одговор не добивме.

На веб страницата на Газит Глоуб пишува дека групацијата работи во повеќе од 20 земји, поседува и управува со 429 имоти со површина од околу 6,5 милиони квадратни метри и има бруто годишен приход од околу 1,7 милијарди долари.

[ https://investicii.prizma.mk/mk/inv/gazit-gloub ]

//////////////////////////////////////////////////////

7 декември 2023

ОСУМ ВИСОКОКАТНИЦИ, ОД КОИ ДВЕ ОД 25 ДО 35 КАТА, НАЦРТА ОПШТИНА КАРПОШ НА ПРАЗНИОТ ПРОСТОР КАЈ ПОРАНЕШНА „АЛУМИНА“, СОСЕДИТЕ НЕМААТ ПРАВО НА ЖАЛБА


На празниот простор на поранешната фабрика „Алумина“ во Скопје ќе се градат осум нови згради. Општина Карпош го изготви Деталниот урбанистички план (ДУП) З06 блок 11 кој го опфаќа само делот на некогашна „Алумина“, за кој во тек е јавната анкета, а јавната презентација ќе се одржи на 12 декмври во 13 часот во просториите на Општина Карпош.

Според 3Д презентацијата која е објавена на веб страната на Општина Карпош, на просторот се нацртани осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 до 35 ката. На презентацијата зградите се претставени со зеленило на терасите, на просторот се изведени улици и мини-паркови меѓу зградите, но нема ниту еден објект за јавна намена како градинка или школо.

Анкетни листови со забелешки на овој план можат да поднесат само оние кои се сопственици на земјиште во просторот на „Алумина“. Граѓаните кои имаат куќи веднаш до новиот комплекс згради кој се планира и кои живеат тука со години немаат право да поднесат анкетен лист оти не се во овој блок кој се планира.

Од граѓанската група „Борба за Влае“ велат дека со овој предлог ДУП личи како градоначалникот Стевчо Јакимовски да не се грижи за општината, за Тафталиџе и за целиот град.

„Ниту парк, ни нешто од јавен интерес. За градски четврт во кој нема жители кои можат да се пожалат на анкетниот лист бидејќи во таму имаше фабрика, не домови, а Општината не дозволува да реагираат другите жители ниту ги зема предвид коментарите од алатката е-урбанизам. Планира 35-катници и не дозволува соседите да дадат мислење. Северно од тие 35-катници, преку една мала уличка, има куќи и зградички кои таму постојат со децении и немаат право да се пожалат за тоа што ќе им биде одземена сончевата светлина. Зградите во Алумина од 35 спрата се врв на алчноста и непочитувањето кон сите жители на Карпош“, велат од „Борба за Карпош“,

Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“, која има два советника во Советот на Општина Карпош, велат дека идеите на грѓаните не се вклучени во ова решение, нити е разбрана суштината на хумано живеење.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/osum-visokokatnitsi-od-koi-dve-od-25-do-35-kata-natsrta-opshtina-karposh-na-prazniot-prostor-kaj-poraneshna-alumina-sosedite-nemaat-pravo-na-zhalba/ ]

///////////////////////////////////////////////////////////////////////////

8 декември 2023

„ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ЌЕ ГИ ГРАДИ ВИСОКОКАТНИЦИТЕ ВО „АЛУМИНА“, ВО 2020 ГОДИНА ГО КУПИ ЗЕМЈИШТЕТО ОД ИЗРАЕЛСКАТА ФИРМА „ГАЗИТ ГЛОУБ“

Фирмата „Пуцко Петрол“ е сопственик на земјиштето во поранешната фабрика „Алумина“. Според новиот Детален урбанистички план за оваа парцела, се предвидува да се градат згради кои можат да бидат високи и до 35 метри.

На седница на Општина Карпош пред еден месец, фирмата која го изработуваше Детаљниот урбанистички план „Тајфа архитекти“ презентираше проект како може да изгледа просторот, а потоа Општина Карпош тие слики ги објави на својата веб-страна. Но, тоа, како што кажа планерот Стефан Лазаревски, не значи дека во „Алумина“ ќе се градат згради според нивниот концепт, инвеститорот може да одбере или да изготви и друг концепт. На советниците им беше кажано дека по барање на сопственикот на земјиштето веќе се изработени уште две решенија од други планерски куќи и од нив беше презентирано кратко видео. Според другите две решенија, на просторот има повеќе згради и со поголема висина.

„Ова земјиште во 2008 година е купено од израелската компанија ‘Газит Глоуб‘ кој тука сакаше да гради голем трговски центар. Во 2018 година планот е укинат од Уставен суд бидејќи не се почитувала процедурата за негово носење. Во 2020 година земјиштето е продадено на ‘Пуцко Петрол‘. Ние како планерска куќа врз основа на параметрите од ДУП-от предлагаме како може да се реши просторот, но до инвеститорот е што и како ќе гради“, рече планерот Лазаревски.

Според одредбите од ДУП-от, се предвидува намена домување и комерцијално-деловна намена.

Јавната презентација за ДУП-от ќе се одржи на 12 декември (вторник) во 13 часот во просториите на Општина Карпош. Анкетни листови со забелешки на овој план можат да поднесат само оние кои се сопственици на земјиште во просторот на „Алумина“. Во овој случај, тоа е сопственикот на земјиштето „Пуцко Петрол“.

Граѓаните кои имаат куќи веднаш до новиот комплекс згради кој се планира и кои живеат тука со години немаат право да поднесат анкетен лист оти не се во овој блок кој се планира.

Според 3-Д презентацијата, која е објавена на веб страната на Општина Карпош, на просторот се нацртани осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 до 35 ката. На презентацијата зградите се претставени со зеленило на терасите, на просторот се изведени улици и минипаркови меѓу зградите, но нема ниту еден објект за јавна намена како градинка или школо.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/putsko-petrol-ke-gi-gradi-visokokatnitsite-vo-alumina-vo-2020-godina-go-kupi-zemjishteto-od-izraelskata-firma-gazit-gloub/ ]

/////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

13 декември 2023

СО ЗГРАДИТЕ КАЈ „АЛУМИНА“ КАРПОШ ЌЕ БИДЕ УБАВ КАКО ДУБАИ И ЧИКАГО, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски смета дека идните згради во „Алумина“, меѓу кои и две 35-катници, се убави и современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија и во Белград. Тој смета дека граѓаните го поддржуваат проектот и ‘таа убавина што ќе се гради‘, а Карпош со овие градби ќе стане водечка општина во државата. Рече дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за проектот, а токму тие градат бетонски чудовишта во градат, без зеленило и паркинг, а доказ за тоа е нивната зграда или белата палата.

„Со овој проект се предвидуваат 2.500 паркинг места за резидентите и плус 1.000 паркинзи за останатите жителите на Карпош. Лага е дека ќе има сенка врз бараките оти новите згради се повлечени 35 метри од улицата Прашка и направени се симулации кои покажуваат дека не се загрозува светлината на околните објекти. Тие се запрепастени од квалитетот на проектот, од онаа убавина која многу граѓани ја поддржуваат да се изгради и Карпош повторно ќе биде водечка општина во државата, каде ќе има бизнис кули каде ќе можат луѓето да работат, да живеат. Ќе има и детска градинка која ќе биде подарена на Општината. Бруто развиената површина е 20.000 метри квадратни од вкупно 40.000 метри квадратни односно нашата намера е да се оди во висина за да има повеќе зелена површина“, рече Јакимовски на прес-конференцијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош кажа дека ќе поднесат 4.000 амандмани за буџетот за наредната година, со цел тој да се блокира и да не може Општината да финансира изработка на детални планови за бетонизација на Карпош.

Со Деталниот урбанистички план за „Алумина“ се дозволува изградба на згради со 35 ката. Сопственикот на земјиштето е компанијата „Пуцко петрол“.

Планот во моментов е на јавна анкета, а анкетни листови можат да поднесат само сопствениците на земјиштето.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-zgradite-kaj-alumina-karposh-ke-bide-ubav-kako-dubai-i-chikago-reche-gradonachalnikot-jakimovski/ ]



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

13.12.2023

Реакции за предлог планот за АЛУМИНА


Пред неколку дена, Општина Карпош го објави предлог Детален урбанистички план за АЛУМИНА, паралелно со 3D визуелизација од проектот кој се планира да се изведува на локацијата.

По истото имаше многу реакции од граѓанските здруженија, дел од професијата и секако од оние што се знаат по сите прашања на социјалните мрежи.

Најпрво за визуелизацијата – истата претставува еден современ градски простор во кој доминираат кули, меѓу кои и највисоката 35 катна деловна зграда. Останатите во просторот се со комбинирана намена, но доминантно домување. Партерот е целосно решен хортикултурно, со тревници, вертикално зеленило, слободен за пешаци, велосипедисти и рекреација. Целиот сообраќај е претставен подземно каде се организира паркирањето и комуникацијата меѓу објектите. Архитектонски кулите се моделирани со каскадни поместувања на сегментите од 3,4 или повеќе катови, што претставува концепт кој изминативе децении е актуелен во светот.

Да бидеме реални Скопје не поседува високи деловни згради од ваков карактер, ниту станбен комплекс на кули кој излегува од рамките на тековниот блоковски концепт. Џевахир не можеме да го споредуваме со ова што го гледаме тука бидејќи, на таа парцела има буквално 0% зеленило. Очајно решение во партерот помеѓу кулите, без никакви јавни површини во делот на рекреацијата, спортот и пред се хоризонталното зеленило.

Визуелизацијата на Алумина сепак покажува еден поодмерен пристап, каде проветрувањето може да се случува помеѓу, целосно слободна површина со зеленило, кровно и зеленило на терасите. На прво око – атрактивно за домашната архитектонска сцена но и понуда на пазарот.

Но дали се знае во проектов и визуелизацијата, каде се останатите јавни дејности за новите граѓани – постои ли улилиште, градинка, здравствена установа предвидена или сето тоа е исто со знак прашалник? Колку жители ќе се вселат, дали сообраќајната мрежа без реализиран Јужен Булевар, без добар јавен превоз ќе може да го издржи овој товар?!

Сепак овој проект кој на повеќето им остави подобар впечаток , излезе дека е само една возможна варијанта, која може да е мамка за јавноста. Протекоа и други визуелизации и варијанти каде се истражуваат можностите кои ги дава предлог ДУП-от.

На страната на Infomax. mk се појави друга визуелизација, за која според прилогот на Телевизија 24 , како проектанти се појавуваат Rado Inzenering.

Тука делувањето е во периметарот што до некаде претставува разбиено блоковско решение. Централно е предвидена концентрирана површина за парковско уредување, која опфаќа околу 50% од вкупната површина. Концентрацијата на трите кули делува чудно композициски (поради урбанистичките налагања), додека другата самостојна кула на спротивниот агол остава подобар впечаток. Станбената низа на северот од локацијата и нивната височина сериозно го загрозува дневното светло на индивидуалното домување одспротива.

Според искажувањата на архитектот Пако Радовановиќ, инвеститорот предвидел и простор за градинка, пензионерски друштва и слични простори од корист на јавноста.

Сепак овие наши првични коментари се на основа на визуелизациите. Не ги знаеме деталите од проектот, ниту сме имале увид на истите во целост, па од тука не би се впуштиле во подетално коментирање на проектите.

Она кое нашите локални власти упорно не го разбираат, е дека народот не им верува во поглед на ветувањата и урбанизмот. Последната декада, после Скопје 2014та, дел од медиумите и еден добар дел од граѓаните се едуцираа и се повеќе ги следат тековите на планирањето и изградбата на градот. Од тука, многуте измами во минатото, како и тековниот начин на комуникација што се одвива со секоја општина ( со чест на ислучоците ) реакциите и стравовите се целосно легитимни.

Нешто слично се случи и со ДУП-от за паркингот спроти Холидеј Ин, каде бевме нападнати за нашите истражувачки објави во поглед на максималните пропишани можности од планерите, од страна на авторите на проектот кој тековно се реализира, а во тој момент не беше сеуште познат за јавноста. Никој не го коментираше проектот, бидејќи беше непознат во тој момент, додека се коментираше урбанизмот, како таа парцела беше укрупнета и зошто се игнорираше потребата од конкурс за таков простор. Требаше да се верува на ветувањата на инвеститорот, за што граѓаните сепак имаат основан сомнеж.

Сепак ова е малку поинаков пристап, бидејќи паралелно се презентира ДУП-от и предлог решенијата, што е до некаде позитивно како пристап, но тука не е завршена дебатата околу транспарентноста.

Повторно ја отвораме темата како се изработуваат урбанистичките планови во Македонија. За атрактивните парцели како оваа, Општината мора да бара од инвеститорот или организација на конкурс ( јавен или повикан) или разработка бар на неколку идејни решенија кои потоа ќе бидат транспаретно презентирани на граѓаните, што реално до некаде тоа и се случува во моментот. За вакви локации во метрополите се организираат и референдуми за изјаснување. Па дури потоа откако ќе знаеме што сакаме како општина и граѓани, идејниот проект го преточуваме во ДУП, каде нема да има простор за манипулации. Која од варијантите ќе се реализира, секој сака јасна слика а не одврзани раце на инвеститорот и се надеваме дека за тоа овој пат Општина Карпош ќе има слух.

Ваквите мега градежни површини за градба од една страна даваат проектантска слобода што не значи самото по себе ништо лошо, бидејќи остава простор за креативност, но истовремено е совршена манипулација преку бројки што е одлична можност за инвеститорите.

Во однос на бројките од ГУПот, кои апсолутно никоја општина не ги зема сериозно в предвид, мораме да знаеме дека она што на Скопје му се случува се линиските центри, каде и овој простор влегува. Таму можете слободно да делувате без усогласување со ГУПот на Град Скопје.

Многу работи треба да се менуваат, но со алатките со кои располагаме и видливоста на социјалните мрежи и медиуми, граѓаните сепак е тешко да бидат повеќе игнорирани како во минатото. Во борбата понекогаш недостасува реалност, се соочуваме со крајности, а трезвеноста треба да ја целиме.

Затоа да бидеме свесни дека просторот за манипулација и на нож дочекување секој предлог проект за изградба создава потенцијал за свет на фанатизам и утопија дека ќе живееме во зелен резерват… Живееме во градска урбана средина, не можеме да имаме став дека никогаш, ништо повеќе нема да се гради. Развојот на овој простор треба сериозно да се набљудува, визуелизациите се добар почеток да се види идејата, но треба да се спремни и инвеститорот и проектантите дека можеби нешто треба да се редуцира од сето ова, како и тоа дека граѓаните не можат да очекуваат 100% зеленило.

Максималните габарити според „Борба за Влае“


[ https://marh.mk/reakcii-za-predlog-planot-za-alumina/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896

   
ОдговорЦитат
Сподели: