Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔Garden Inn Residen...
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔Garden Inn Residence-Ѓорче Петров

2 Написи
1 Корисници
1 Реакции
0 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1112]

GARDEN INN RESIDENCE е современ станбено-деловен комплекс со атрактивни и функционални станови од 26 m² до 108 m² со практично внатрешно уредување и атрактивен екстериер инспириран од потребите на современото урбано домување.

Беспрекорниот квалитет на материјалите искористени во сите фази на изградба на објектот гарантираат стабилност и сигурност според највисоките стандарди.

Инспириран од современите трендови за зелена и урбана средина, објектот ги исполнува највисоките еколошки стандарди и норми за енергетска ефикасност. Сите станбени единици се опремени со најсовремен ефикасен и економичен систем за греење и ладење од светско реномираната марка BOSCH.

Со површина од 3.000 m² зелен кров , даваме допринес за Скопје Зелен Град и воедно поставуваме нови стандарди во урбаното живеење.

GARDEN INN RESIDENCE располага со 11.500 m² вкупна површина на станбени единици, поделено во три ламели: Ламела А – 86 станови, Ламела Б – 86 станови; Ламела Ц – 24 станови.

За потребите на станарите како и на жителите на квартот, во приземјето на објектот се наоѓаат деловни простории со вкупна површина од 2.500 распоредени во неколку комерцијални единици кои со своите понуди ке ги задоволат и најпребирливите потрошувачи.

Објектот располага со најсовремен подземен паркинг простор со вкупно 135 паркинг единици, како и 57 паркинг места на ниво на терен.

Надворешниот дел е осмислен како заеднички, функционален простор кој е целосно дизајниран и прилагоден да обезбеди максимална практичност со племенито уредување со зеленило и одлично осветлување.





   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Процесот на изградба(2018-2021)


















Застапените брендови во деловниот простор т.н мол

[ https://www.facebook.com/gardeninnmall ]
[ https://www.bisgroup.mk/Pages/Brands/Details.cshtml?id=11 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: