Проектот на М3 Плус близу Универзална



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1018017400761787&set=pcb.1018019034094957 ]
Денешни низ Дебар Маало/Буњаковец
Проекти позади Универзална Сала на ул.Христо Смирненски
М3 Плус


Спектартермо


Прунус


на ул.20 Октомври
Термалифт



Мастер Инженеринг



Екотон Дизајн кај Песталоци


NOA HOME 5 на ул.Ленинова



на ул.Чедомир Миндеровиќ


PORTA KRUG




на ул.Максим Горки


Уште еден објект во Скопје од првата половина на XX век оди во заборав

Багерите во Македонија, секојдневно удираат врз објекти кои во некој нормален град, треба да бидат со соодветен третман на заштита и да учествуваат во амбиентални целини како активна меморија и историја на централното ткиво.
Бидејќи Општина Центар, воопшто урбанистички не води грижа за овие објекти и не предлага нивна заштита, додека „заштитарите“ немаат никаква иницијатива за истото, инвеститорите воопшто немаат „милост“ кога станува збор за парцела во скопското централно подрачје, каде квадратот се доближи до 3000 евра.
Овој пат станува збор за објект на ул. Борка Талески, до првиот објект на ресторанот за брза храна „7“, спроти Грчка Амбасада и Порта Буњаковец.
Земјотресот од ’63та однесе големо наследство, но по ’63та урбанистите го однесоа се останато. Нека ви се алал урбанистичките планови, на кои ги ставате вашите потписи!




[ https://marh.mk/ushte-eden-objekt-vo-skopje-od-prvata-polovina-na-xx-vek-odi-vo-zaborav/ ]
Се руши некоја куќа во Центар(од фб)

Рендери од проектот на ул.Максим Горки кај бивши Кинг Бургер



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1702042375261160&set=pcb.1702123698586361 ]
СЕ УРИВА СКОПСКАТА СЕНДВИЧАРА „СЕДМИЦА“ ЗА ДА СЕ ГРАДИ ЗГРАДА

Се урива познатата скопска сендвичара „Седмица“ во центарот на градот спроти Грчката амбасада, за да се гради зграда. Од пред неколку дена со градежна механизација се урива куќата во која 30 година се наоѓаше сендвичарата.
Просторот е заграден со тараби, а инвеститорот кој на овој простор ќе гради зграда поставил известување дека од 4 јули започнуваат со градежни работи на објектот.
Од Општина Центар не добивме одговор на нашите прашања за колкав објект е издадена градежна дозвола.
Според Деталниот урбанистички план (ДУП) „Буњаковец 1“, на улицата Борка Талески се предвидена маркички за згради. На парцелата на поранешна „Седмица“ е предвидено изградба на зграда со приземје, четири ката и поткровје. Долж улицата веќе на сите парцели се изградени згради.
Измените на ДУП-от за Буњаковец се донесени во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Денешни фотки
Од рушењето на 7-ца спроти Грчка амбасада,денес немаше активности но поставена е инфо табла без рендер од проектот




Проектите на Екотон Дизјан(лево) и на Луна Корпорација(десно) пред влезот од Песталоци



...



Neni Construction


на ул.20 Октомври



ул.29 Ноември
Вино Веритас


Веднаш отспротива се спрема рушење на куќа бр.62


ПАНДЕВ ДОО на ул.Ленинова

На бул.Св.Климент Охридски поставен е нов рендер односно преостанатите 2 ламели од проектот ги градат други инвеститори






Ова е на ул.Дане Крапчев бр.5

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува
[ https://www.youtube.com/watch?v=ybs4PXUAuFE ]
Овие две фотографии се направени во период од десетина дена. На првата се гледа ѕидот целосно, а на втората тој веќе е срушен. При почеток на ископ на темели за гаражи и подруми се срушил преградниот ѕид од соседната куќа во должина од дваесет метири на улицата Дане Крапчев број 5 во Дебал Маало.
Сопствениците на соседната куќа велат дека со него исчезнало и чувството на безбедност. Стравуваат дека доколку ископите продолжат без дополнителна заштита, може да биде загрозен и нивниот дом во кој живеат две семејства.
Тие тврдат дека никој претходно не ги известил дека на соседната парцела ќе се гради. Велат дека при почетокот на ископите паднало дрво и го оштетило преградниот ѕид, а иако веднаш реагирале кај работниците, градежните активности продолжиле. Според нив, ѕидот се наоѓа на нивната парцела и бараат најпрво да се обезбеди куќата, па дури потоа да продолжи изградбата.
„Куќата и дворот преживуваат оштета. Ако продолжи да се гради тогаш и нашата куќа би се срушила. Ова се стари куќи градени во шеесетите години. Не очекувам куќава да издржи ако и натаму се продолжи со работа. Нас ни е страв дека куќата ќе се урне, а во неа сега живеат две семејства. Каде ќе одат тие и што ќе прават понатаму? Ние сакаме да бидеме заштитени и ѕидот да ни се врати во правобитна состојба, а нашата куќа да се обезбеди пред да продолжи да се гради“, вели Дана Стојкова.
Инвеститорот „Александер Инвестмен“ има поинаква верзија. Велат дека геодет утврдил дека ѕидот се наоѓал на меѓата меѓу двете парцели и дека добиле согласност од еден од сопствениците за негово уривање. Тврдат дека ѕидот бил небезбеден и можел да ги загрози работниците, а по завршувањето на изградбата ветуваат дека ќе изградат нов.
„Ангажиравме геодет кој утврди дека ѕидот се наоѓа на меѓата, односно дека е во заедничка сопственост. По добиена согласност од еден од сопствениците, ѕидот беше урнат бидејќи проценивме дека претставува ризик за безбедноста на работниците за време на градежните активности. По завршувањето на изградбата на објектот, на истото место ќе биде изграден нов ѕид“ велат од ДГТУ Александер Инвестмен ДООЕЛ Скопје.
Но, сепак стравот кај сопствениците останува. Вчера повикале полиција, кои случајот го пријавиле и кај трудовиот и градежниот инспектор. Од Општина Центар побаравме одговор дали инспекторите излегле на терен и што утврдиле при увидот, но до почетокот на овие вести одговор не добивме. Семејството очекува институциите да утврдат дали се почитувани сите процедури.

