Во оваа нишка може да ги следиме проектите низ овие неколку населби во О.Гази Баба
ARTIS APARTMENTS
Автокоманда
Мои фотки од јануари 2026

Еден проект кој веќе неколку години е најавен а би требало да се реализира кај Агросервис во Ченто
Name: S Gate
Location: Skopje
Year: 2019
Status: In progress
Area: 6550m2
Project type: Multi residential / Commercial / Hotel

[ https://hma.com.mk/en_us/residential-and-business-center-s-gate-solution/ ]
Дали овој објект во меѓувреме е вселен и среден? Со еден пријател бевме таму додека уште беше во фаза на градба, бидејќи размислуваше да купи стан. Тогаш навистина беше општ хаос внатре многу работи беа прилично лошо изведени, особено ивиците околу прозорците, ѕидовите и слично, а тоа беше уште додека зградата се градеше.
Чисто ме интересира, бидејќи немам поминато од тој дел скоро една година до каде е сега зградата, дали е завршена и средена? Знам дека во еден период ја пробиваа улицата и имаше огромен кал, па едвај можеше да се стигне до зградата. Се надевам дека во меѓувреме сето тоа е средено.

Мислам дека сеуште не е баш средено,знам дека најмногу беше форсирана да се заврши ламелата каде што бил планиран маркетот Кипер а кај останатите 2 има доста големи доцнења за изведбата на занатските работи во внатрешноста знам читав некаде многу негативни коментари и реакции од луѓе кои купиле станови дека не можат да се вселат.
Ова веќе стана редовна појава кај сите поголеми згради или комплекси каде што ниту еден рок не е доследно испочитуван,се вселуваат без технички приеми,откако ќе се вселат уште минимум година дена има разни мајстори по спратови бидејќи многу од работите останале недовршени.Истото важи и за подземните гаражи кои не ги пуштаат веднаш па се креира огромен хаос во партерот и околината на зградите.