Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Спортска сала Расад...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Спортска сала Расадник - Кисела Вода

3 Написи
2 Корисници
3 Реакции
6 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#971]

29.11.2024

Денеска присуствував на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода. Предвидено е со реконструкцијата спортската сала „Расадник” да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, одбојка, како и деловен простор кој ќе се издава се со цел спортската сала да биде рентабилна.
По 30 години негрижа конечно започнува реконструкцијата на салата „Расадник”, со што повторно ќе го добие својот сјај.


[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1175540907261167&set=pcb.1175542457261012 ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

21.11.2025

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
Денес, заедно со министерот Борко Ристовски, направивме детален увид во тековните градежни активности во салата “Расадник”.
Како локална самоуправа, Општина Кисела Вода ,тогаш предводена од мојот претходник Ѓорѓиевски, ја водеше целата постапка, од правната подготовка до изработката на проектот, со што беа обезбедени услови овој процес да започне и успешно да се реализира.
Задоволна сум од тоа што го видовме на терен и од степенот на досега извршените работи. Искрено сум му благодарна на министерот Ристовски за обезбедените средства од Министерството за спорт, затоа што токму ваквата силна институционална поддршка овозможува “Расадник” конечно да се обнови и да го врати своето вистинско место во спортскиот живот на општината.
Голема благодарност упатувам и до Владата на Република Македонија и премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, чии заложби за унапредување на спортот и спортската инфраструктура се видливи токму преку вакви капитални проекти.
Тука навистина гледаме како се менува приказната, од објект кој со години пропаѓаше и претставуваше срамен пример за негрижа, “Расадник” повторно ќе стане место каде што ќе се собираат граѓаните, ќе се слави спортот и ќе се раѓаат нови спортски имиња, како што беше случај и во минатото.
Оваа сала некогаш беше дом на спортскиот клуб “Вардар” и искрено се надевам дека повторно ќе го добие тој статус, затоа што “Расадник” не е само објект, туку и емоција, традиција и симбол за многу генерации од Кисела Вода.
Вредноста на реконструкцијата изнесува 120 милиони денари. Реконструкцијата на салата треба да заврши до крајот на декември годинава, додека партерното уредување ќе биде завршено во текот на следната година.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1416121987188305&set=pcb.1416123323854838 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Отворена реновираната спортска сала Расадник











   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: