Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Предлози,прашања и ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Предлози,прашања и сугестии за форумот

15 Написи
6 Корисници
11 Реакции
47 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1082]

Почитувани форумаши,

Добредојдовте на Градба Форум.

Оваа нишка е наменета за споделување на прашања давање на предлози и сугестии во однос на организација на форумот со цел подобра прегледност и дискусија во однос на проектите.

Јас направив некоја првична организација и распределба на нишки,но не мора да остане така,доколку сметате дека некаде се потребни измени слободно пишувајте.
Исто така доколку имате некаков проблем при постирање или нешто слично споделете со цел да може да се лоцира проблемот и во скоро време да се среди.



   
Цитат
DarkoG
(@darkog)
Член Admin
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 4
 

Форумот gradba.mk го користи популарниот софтвер за форуми наречен Flarum.

Сите што се заинтересирани за преведување на Flarum на Македонски 🇲🇰, а со тоа и овој форум кој се заснова на софтверот Flarum, тоа можат да го прават на следната страница:

[Weblate Портал за Македонски Јазик]



   
❤️
Реагираше DarkoG
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@DarkoG

Здраво,

Овде Стеф4о од build.mk.
Се најавив на овој форум но пробав да отварам нишки низ темите но пишува дека немам дозвола па доколку можеш да ми одобриш.

Поздрав



   
Реагираше DarkoG
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Јас се’ уште не можам да сфатам како да се прикачат фотографии од компјутер на форумов, или можеби немам таква опција.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@Skopje

Здраво,

Би требало долу десно од Post Reply да имаш опција за upload која автоматски ќе ти даде да повлечеш фотки од компјутер и ќе ти ги претвори во линк а потоа кога ќе кликнеш Post ги дава како слики.



   
Реагираше Skopje
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Во ред, фала.



   
Реагираше stef4o
ОдговорЦитат
(@tatata)
Нов член
Се приклучи: пред 12 месеци
Објави: 2
 

Дали мислите дека би било добро сите линкови до текстови портали и слично да се објавуваат како линк до https://archive.is или нешто слично?

На овој сајт може да се прати линк, при што сајтот ја зачувува содржината од истиот и истата останува достапна пример и доколку порталот го избрише текстот или прекине да постои. Кај нас генерслно порталите не се замараат линковите да им се функционални и после неколку гпдини.

Пример ако имаме линк до текст од портaл example.com/nekoj-tekst и овој линк го архивираме преку некој ваков сајт, ќе добоеме линк пр. archive.is/nesto кој ќе ја има истата содржина како example.com/nekoj-tekst и ќе функционира и доколку example.com прекине да постои.

Може има некој плагин за форумот кој автоматски би го правел тоа за секој објавен надворешен линк?



   
❤️
akul1122 и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

Недостасува нишка за транспорт на лица и стоки од светот. Има интересни иновациски проекти кои би сакал да ги споделам тука.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@phenomenon

Отворив нишка види дали е ок со насловот се наоѓа во темата Инфраструктура-Патишта.
Слободно можеш да постираш.Ти благодарам на сугестијата.



   
Реагираше phenomenon
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

Може ли да се отвори нишка за електронски направи што се употребуваат во градежништвото?



   
ОдговорЦитат
Tom
 Tom
(@tom)
Нов член
Се приклучи: пред 2 недели
Објави: 1
 

Здраво,

Убаво што конечно се направи замена за build.mk, меѓутоа немаше ли опција да се мигрираат категориите/постовите/нишките/сликите од build тука?

Еден предлог, за да нема бесконечно скролање. Дали е возможно да се направи пагинација(на пр. Страница 1 од 5) во индивидуалните постови/нишки?

Поздрав.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

@Tom

Здраво,

Во однос на миграција на постовите јас немав таква можност бидејќи билд.мк почна да појавува проблеми од април 2025 а потоа веќе воопшто не беше можно да се пристапи до него и до содржините.
Затоа колку што можев по сеќавање и според мојата архива од фотографии отворив голем број на нишки каде се потрудив редоследно да ги постирам барем фотките од некои позначајни проекти во изминативе 10-тина години.
Не беше возможно да биде се баш како на претходниот форум но колку-толку мислам дека имаме сосем солидна основа да ја надградуваме понатаму со дискусии,фотки итн.

Инаку во однос на бесконечното скролање ќе се потрудам да видам дали може да се направи и подели во страници со цел подобра прегледност на постовите.

Благодарам на предлозите
Поздрав



   
Реагираше Govrleec
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Одлично што се воведе пагинација на форумот, но би дал уште еден предлог - имено, бројките на страниците да не се појавуваат само најдолу (зашто се сведуваме на долго скролање), туку да се појавуваат и најгоре во нишките, со цел ако сакаме да прескокнеме до страница 5, да не мора да ги скроламе сите 5 страници една по друга до дното, туку уште при отворање на нишката да скокнеме од 1 до 5 страница.

Веројатно сум јасен 🙂

Поздрав до сите



   
Реагираше stef4o
ОдговорЦитат
DarkoG
(@darkog)
Член Admin
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 4
 

Здраво @Skopje -

Добар предлог. Страничењето сега е додадено и во горниот дел.

Поздрав



   
2
Skopje и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Еве уште ден предлог од мене, кај опцијата да се прегледаат непрочитаните објави, да може да се кликне на последна објава, за да се избегне прелистувањето на веќе видените објави. Така да може да ни се отвори најновата објава или најновата вест.

 

 



   
ОдговорЦитат
Сподели: