Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Пешачки зони и пома...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Пешачки зони и помали плоштади

10 Написи
3 Корисници
10 Реакции
3 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#879]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите проекти поврзани со изградба на пешачки патеки,помали плоштади низ главниот град како и низ останатите градови во Македонија.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Започна реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“

Општина Аеродром започна со реализација на уште еден значаен и капитален инфраструктурен проект – целосна реконструкција на пешачките површини кај ТЦ „Три бисери“, простор што секојдневно го користат голем број наши сограѓани.
Со овој проект ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај бул. „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11.
При тоа, старите и дотраени павер-елементи се заменуваат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од Аеродром ќе добие модерен и уреден изглед. По неколку децении, конечно се создаваат услови за поголема безбедност и поквалитетен јавен простор за жителите, но и за сите посетители на трговскиот центар.
Оваа инвестиција, во вредност од 17,2 милиони денари, се реализира со поддршка од Владата, што претставува уште еден чекор кон системско подобрување на инфраструктурата и урбаниот изглед на нашата општина





[ https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

11.03.2026

Конкурс за идејно решение за плоштадот во Кичево

Општина Кичево со седиште на ул.„Борис Кидрич“ бр.2, 6250 Кичево, телефон 045/220-020, електронска пошта: [email protected], интернет адреса www.kicevo.gov.mk , има потреба од спроведување на конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција, проширување и урбан дизајн на постоечкиот плоштад во Кичево. За таа цел, во согласност со член 124 став 1 точка б од Законот за јавните набавки („Службен весник на РСМ“ бр. 24/2019 и 87/2021), Општина Кичево спроведува конкурс за избор на идејно решение.

Доставувањето на идејните архитектонски решенија за горенаведениот предмет на конкурсот е најдоцна до 06.04.2026 година во 12.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на Општина Кичево.

Kонкурсна документација која ги содржи сите информации можете да симнете од страната на Општина Кичево, или од Електронскиот систем за јавни набавки.

Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на Општина Кичево. Оценувањето на проектите поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши жири комисија.

Општина Кичево ќе додели:

• прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 100.000.оо денари

• втора награда за избрано идејно решение во висина од 50.000.оо денари

• трета награда за избрано идејно решение во висина од 30.000.оо денари

[ https://marh.mk/konkurs-za-idejno-reshenie-za-ploshtadot-vo-kichevo/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

СРЦЕТО НА НОВО ЛИСИЧЕ ДОБИВА НОВ ЛИК



Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43.
Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните.
Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² простор што секојдневно го користат жителите, создавајќи поуредена и пофункционална околина за сите.
Проектот се реализира со поддршка од Владата и е во вредност од над 8,2 милиони денари.

[ https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ГРУПА АРХИТЕКТИ СПРОВЕДЕ КОНКУРС ЗА ДА БИДЕ ПЕШАЧКА УЛИЦАТА КАЈ ГРЧКАТА АМБАСАДА, ПОБЕДНИЧКОТО РЕШЕНИЕ ЌЕ ГО ДОНИРА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Улицата Мирослав Крлежа кај Грчката амбасада во Скопје да стане пешачка зона, предлага група архитекти. Организирани во „Мелеем маало“, тие во август распишаа конкурс за идејно решение за овој простор. Конкурсот е завршен и избрано е најдоброто идејно решение, кое ќе биде донирано на Општина Центар. Архитектите се надеваат дека Општината ќе го реализира овој проект според нивното донирано решение, кое дава свежина и боја на овој јавен простор.

Првото место според гласовите на публиката и на професионалната комисија го освои архитектката Сања Јаковлеска.

„Ова покажува дека луѓето се жедни за малку боја во градот и ние треба на тоа да одговориме. Нејзината уникатна визија ги стопли срцата на многумина. Ќе го прилагодиме проектот на постојната состојба, ќе го доработиме до основен и како таков ќе го донираме на Општината“, велат од „Мелеем маало“ и додаваат дека наскоро ќе биде објавен конкурс за уредување на нова локација во Скопје.

Професионалното жири се состоеше од Доротеј Нешовски (уметник), Наталија Зафироска, Даница Павловска, Марија Димитриевска, Мила Димитровска, Ангела Ивановска, Елена Марковска, Сара Симоска (архитекти), Драган Стојановски (дизајнер на ентериер), Јане Стојаноски (урбан планер), Изабела Левенска-Миљаниќ (уметничка кураторка), Стефанка Хаџи Пецова (пејзажна архитектка) и Ирина Атанасков (архитектка и уметница).

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grupa-arhitekti-sprovede-konkurs-za-da-bide-peshachka-ulitsata-kaj-grchkata-ambasada-pobednichkoto-reshenie-ke-go-donira-na-opshtina-tsentar/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1530271565773346&set=pcb.1530271955773307 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Реконструкција на улицата Кеј 1-ви Мај е подржан од Министерството за транспорт во соработка со Светска банка-во Прилеп


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1527565825391905&set=pcb.1527565958725225 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

УЛИЦАТА МИРОСЛАВ КРЛЕЖА КАЈ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ТРИ МЕСЕЦИ Е РАСКОПАНА

Улицата Мирослав Крлежа кај зградата на Министерството за култура три месеци е раскопана. Општина Центар почна со реконструкција на улицата на 10 февруари, но нема абер за завршување на градежните работи.

Жители на околните згради кои се јавија во нашата редакција велат дека на улицата се работи со многу бавна динамика, а тие секој ден се гушат во прашина.

„Улица од 200 метри уште не е готова, замислете булевар да се правеше. Три месеци се прави слепа улица, биз никакво времено решение за станарите. Немаме каде да паркираме, секој ден дишеме прашина“, велат станарите.

Од Општина Центар велат дека на улицата Мирослав Крлежа работите се одвиваат континуирано.

„Застој имаше единствено во периодот на чекање на одобрение од Град Скопје. Во досегашната фаза се изведуваше поставување подземни инсталации, атмосферска, фекална и водоводна мрежа и на електрични инсталации, при што се вклучени ЕВН и кабелските оператори. Во моментов се работи на набивање на подтлото, а во текот на наредната недела е планирано да се поставуваат завршните елементи. Во однос на воведувањето зона на смирен сообраќај, проектната документација е во тек и штом ќе биде одобрена, ќе се пристапи кон спроведување на терен“, велат од Општина Центар.

По завршувањето на реконструкцијата, паркирањето ќе стане резиденцијално, односно ќе можат да паркираат само станарите од околните згради. Оваа улица досега ја стопанисуваше ЈП „Градски паркинг“, но сега ќе ја преземе ЈП „Паркинзи Општина Центар“ и ќе се воведе новиот режим за паркирање.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ulitsata-miroslav-krlezha-kaj-ministerstvoto-za-kultura-tri-mesetsi-e-raskopana/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Ова е планот од 2009та год. за тоа како требаше да изгледа новиот плоштад во Кавадарци. За жал, се реализира само 1/3 од првично планираното. А имаше план да има подземен паркинг под плоштад, и двете улици што се во самото градско подрачје да се затворат и да се изгради подземна сообраќајница за да има што поголем плоштад и огромна пешача зона. Да се надеваме дека еден ден ќе се реализира овој прекрасен проект.




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Ул. Маршал Тито во Гевгелија се реконструира.

Проектот го опфаќа потегот од Градската библиотека до Железничката станица во должина од 700 метри, а со кој се предвидува:
✅Прередување на старата калдрма со зачувување на нејзиниот автентичен стил;
✅Целосно нови подземни инсталации за водовод, канализација, електрична и интернет мрежа, без притоа да бидат задржани надземните столбови;
✅Поплочување на тротоарите со гранитни плочи;
✅Ново модерно улично осветлување и урбана опрема за рекреација;

https://www.facebook.com/saramandovandon/?locale=mk_MK



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: