Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Паркови(општо)

37 Написи
5 Корисници
36 Реакции
2,105 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
мега парк од 50 000м2, првиот дел е целосно завршен. Булевар Х. Т. Карпош.
Општина Бутел Град Скопје.
 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 146
 
Нашето Водно од денес е побогато со нов моторички парк!
❤️ Водно добива нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации.
✔️ Силното невреме што го зафати Скопје остави зад себе големи штети и бројни паднати дрвја.
Но, нашата обврска не е само да ја санираме направената штета, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните.
🫵 Како што најавив веднаш по невремето, здравите стебла од паднатите дрвја не ги оставивме да завршат како отпад.
Им дадовме нов живот и нова намена.
🧗 Од нив го изградивме новиот моторички парк на Водно - внимателно уреден простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.
Простор во кој децата преку игра ќе ги развиваат своите моторички способности, а младите и возрасните ќе можат да вежбаат, да се рекреираат и да поминуваат повеќе квалитетно време во природа.
 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ПАРКОТ ВО КАРПОШ 4, ЌЕ НЕМА ЗГРАДИ И „КАРПОШ НА ВОДА“, КАЖА ЃОРЃИЕВСКИ



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 м² - запуштениот простор станува зелена гордост на Скопје!

Предвидено е да засадиме околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени.
Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца.
 


   
2
Skopje и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
СЕ УРЕДУВА НОВА ПАРКОВСКА ПОВРШИНА КАЈ „ЏЕВАХИР“
 
Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.
 На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.
 Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење
 


   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
Го посетивме и просторот каде што се создава новиот мега парк - 86.000 квадратни метри наменети за одмор, рекреација и убави мигови за сите генерации.
Со нова урбана опрема, детски катчиња, повеќенаменски игралишта, зеленило и сопствена хидрантска мрежа, Карпош добива простор во кој детската игра, спортот и семејните прошетки ќе станат дел од секојдневието.
 


   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

 Нов парк во Штип

https://www.facebook.com/share/r/18JDzX4A9F/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 3 / 3
Сподели: