Во оваа нишка ќе следиме проекти поврзани со уредување на зелени површини,оформување на нови парковски површини и слични активности поврзани со зголемување на зелените површини низ градските средини.
ноември 2025
Мега парк Бутел




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1375534284199857&set=pcb.1375539740865978 ]
Vo Kavadarci se izgradi nov park so povrsina od 14 000m2. Parkot ke go nosi imeto na narodniot heroj Straso Pindzur
https://www.facebook.com/share/v/17qv6pekTG/









НА МЕСТОТО НА ПЛАСТЕНИЦИТЕ ПОКРАЈ ВАРДАР ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КОН ХРОМ ЌЕ СЕ ПРАВИ ПАРК, ЌЕ ЧИНИ 700.000 ЕВРА

На местото на нивите и пластениците покрај реката Вардар, од фудбалското игралиште во населбата Ѓорче Петров кон Хром, ќе се прави мегапарк. Општина Ѓорче Петров склучи договор со фирмата „Жикол“ од Струмица за изградба на парк, кој ќе чини 700.000 евра.
Според склучениот договор, објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, изградбата треба да заврши во рок од 24 месеци. Тендерската документација предвидува изградба на плоштад, централна фонтана во кружна форма со скулптура, изработка на бина за настани, изградба на трим патека, детско игралиште и зони за рекреација.
„Овој потег, кој е државно земјоште, сега не е урбанизиран. Дел е обраснат со треви и грмушки, а во дел се наоѓаат пластеници. Со проектот се предвидува да се уреди простор од околу 18.000 квадратни метри, со што овој дел од Ѓорче Петров ќе добие сосема нов лик“, вели градоначалникот Александар Стојкоски.
Изградбата на овој парк беше дел од изборната кампања на Стојкоски за локалните избори во 2025.
@stef4o Убава идеа и се надевам ќе заврши за брзо. Баш запуштен простор ќе го претворат во убаво паркче.
Треба повеќе вакви запуштени и обраснати простори да се претвораат во паркови.
Започнаа градежните активности за нов парк во населбата Карпош!
Општина Струмица, во партнерство со УНДП и со финансиска поддршка од Шведска, започна со реализација на нов урбан парк во населба Карпош – втор дел, во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот “.
Паркот ќе се простира на површина од околу 14.000 метри квадратни и ќе биде уреден со современа паркова инфраструктура, пешачки патеки, урбана опрема и богати зелени површини. Во рамки на просторот е предвидена и изградба на Еко павиљон во втора фаза. Проектот опфаќа уредување на пешачки патеки, зони за седење, поставување урбана опрема, корпи за отпадоци и хортикултурно уредување со садење дрвја, грмушки и разновиден дендро материјал од автохтони и алохтони видови.
Овој проект претставува значајна „зелена мерка “за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина. Новиот парк ќе придонесе за апсорпција на штетните честички, прочистување на воздухот, намалување на урбаните температури и создавање здрав и пријатен простор за рекреација и одмор на граѓаните





[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1611431080988939&set=pcb.1611431154322265 ]
МЕГА ПАРКОТ НА БУЛЕВАРОТ ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1497965045678497&set=pcb.1497965382345130 ]
PR vodat namesto da go sredat parkot u Karpos 4,moze da izgradat i park pozadi Dimitar Vlahov,ili pokraj bul Asnom.
уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде поставуваме нова урбана опрема - клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани









[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1544967307256553&set=pcb.1544968670589750 ]
Објава од градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски:
🏞️ Од дива депонија до голем модерен парк во Сарај!
📍Денес, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, го посетивме просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое до вчера беше дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик.
💚 Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај.
Истот така, наскоро започнуваме и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој децении е оставен во негрижа.
✔️ Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа.
Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат.
♥️ Вложуваме во секој дел од Скопје, затоа што сите наши сограѓани заслужуваат еднакви услови, уредена околина и подобар квалитет на живот.
🫡 Како што ветив, продолжуваме со изградба на паркови, зелени површини и јавни простори кои му даваат нова вредност на градот.
🫵 Скопје го менуваме со дела.
А на сите нас останува обврската да го чуваме секој уреден простор како свој дом.























