ФОТО | Ќе се подновува Жена парк, сите стари клупи завршија на куп
Во паркот „Жена борец“ денеска се извадени сите постоечки клупи и корпи за отпадоци, со што всушност започнува реконструкцијата на паркот која неодамна ја најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој на последната седница на Советот на Град Скопје, која се одржа во четвртокот, на 1 октомври, посочи дека неделава ќе започне целосна обнова на Жена парк, поради лошата состојба во која моментално се наоѓа.
Знаете каква е таму состојбата и на патеките, хидрантската мрежа не е целосно покриена, од кај ГТЦ има некои делови кои ќе треба да ги средиме, скалите лошо изгледаат наспроти ресторанот „Национал“. Таму ќе влеземе во фаза на темелна реконструкција, нови патеки, партерно уредување, нови клупи ќе поставиме, а и канти за отпадоци нема доволно – рече градоначалникот.
Погледнете како изгледаше денеска во Жена парк.
https://www.slobodenpecat.mk/foto-kje-se-podnovuva-zhena-park-site-stari-klupi-zavrshija-na-kup/
Целосна реконструкција на Жена парк - „Борец
Градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, кои ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположба.
https://www.facebook.com/photo?fbid=1646037043816245&set=pcb.1646037323816217








