Во тек е изградбата на новиот мега парк во населба Карпош 4 кој ќе се протега на површина од 72.000 метри квадратни долж јужниот кеј на Вардар помеѓу пешачкиот мост за Злокуќани и новиот автомобилски мост на бул. Љубљанска.
Идејата за овој парк за прв пат се појавува во предизборните кампањи на Стефан Богоев и Петре Шилегов на локалните избори во 2017-та, но неговата изградба беше карактеризирана со огромни доцнења и промашени рокови.
Во 2021-ва изградбата на овој парк ја наследува градоначалничката Данела Арсовска, која ги продолжува градежните активности за овој проект, но и таа не успева целосно да го заврши паркот.
Во 2025-та, проектот го наследува трет градоначалник: Орце Ѓорѓиевски, кој ја продолжува изградбата на овој одолговлекуван и долго-очекуван парк.
Објава на Орце Ѓоргиевски на Фејсбук на 10 јули 2026:
💚 Нови бели дробови на Скопје - мега-парк на 72.000 квадратни метри!
🫵 Она што со години беше симбол на негрижата, неработењето и неодговорноста на моите претходници, она што беше претворено во дива депонија и грда слика во срцето на Карпош, денес го претвораме во нешто сосема ново – огромен мега-парк на површина од 72.000 квадратни метри.
🫡 Јас нема да ги оставам граѓаните на милост и немилост на последиците од туѓата неажурност.
Таму каде што други оставиле пустош, ние создаваме простор за живот.
Таму каде што со години имало отпад и запуштеност, ќе никнат зеленило, содржини и нова енергија.
🏞️ Мега-паркот Карпош ќе биде целосно хортикултурно уреден и збогатен со парк за миленици, детски катчиња, спортски центар, велосипедски полигон, урбана опрема и бројни содржини за посетители од сите генерации.
♥️ Ова ќе бидат новите бели дробови на Скопје.
Место каде што децата ќе растат, семејствата ќе се собираат, младите ќе спортуваат, а илјадници граѓани ќе го поминуваат своето слободно време во чиста, уредена и зелена средина.
✔️ Од дива депонија до мега-парк.
Од запуштен простор до нов симбол на Карпош.
Од долгогодишна негрижа до конкретен резултат.
🫵 Скопје ја живее новата ера.
Скопје ја живее својата преродба.
Нашиот град заслужува повеќе.
♥️ Скопјани заслужуваат најдобро!
Денешни активности во Мега парк Карпош од страна на ЈП Улици и Патишта
Изгледа и спортски терени ќе има, иако мислам не беа предвидени на почетокот







