Охрид ќе добие катна гаража вредна 1,73 милиони евра, договорот склучен со „Топлина“, фирма што стана главен оператор за ископ на јаглен во РЕК Битола
Општина Охрид склучи договор за изградба на катна гаража во вредност од 1,73 милиони евра со охридската компанија „Топлина“ од селото Подмоље, фирма која неодамна влезе во фокусот на јавноста и поради големиот ангажман во РЕК Битола.
Дополнително, истата компанија претходно беше избрана и за носител на голем ангажман во РЕК Битола, каде според претходно објавени информации требаше да врши ископ на јаглен и јаловина во рамки на договор вреден 1,44 милијарди денари за период од 12 месеци. Со тој тендер „Топлина“ практично се позиционира како главен оператор во еден од највредните ангажмани во енергетскиот сектор, а сега го добива и проектот за катната гаража во Охрид.
Проектот за катната гаража во Охрид, изнесува 90.307.996 денари без ДДВ, односно 106.563.435 денари со ДДВ, што е околу 1,73 милиони евра. Договорот е склучен меѓу Општина Охрид и „Топлина“ за проектот „Изградба на катна гаража“, по втора изменета објава.
Од документацијата произлегува дека катната гаража ќе се гради на улицата „Абас Емин“ во Охрид, на локација што е опфатена со детална урбанистичка документација. Според техничката спецификација, станува збор за објект наменет за паркирање автомобили, лесни доставни возила и велосипеди, со армирано-бетонска конструкција, рамен кров и катна висина од околу три метри.
Финансиската понуда покажува дека проектот ги опфаќа фазите електрика, водовод и канализација, архитектура, сообраќајна сигнализација и противпожарна опрема. Најголем дел од сумата отпаѓа на архитектонската фаза, која во понудата е проценета на 76.857.734 денари без ДДВ. Вкупната првична понуда изнесувала 108.353.724 денари со ДДВ.
Во извештајот од е-аукцијата е наведено дека на тендерот учествувале двајца понудувачи, „Нет Инвест Груп“ и „Топлина“. По електронското наддавање, „Топлина“ доставила коригирана понуда од 90.307.996 денари и била рангирана на прво место.
Договорот предвидува рок за изведба од 30 месеци од денот на воведување во работа. Воедно е предвидено и авансно плаќање до 20 проценти од вредноста на договорот со ДДВ, по доставување банкарска гаранција.
Катна гаража во Охрид ќе се гради 30 месеци
[ https://www.youtube.com/watch?v=osw7GteTEMw ]
Охрид конечно ќе ја добие првата и долго најавувана катна гаража вредна 1,73 милиони евра но за две ипол години отсега, бидејќи според проектот крајниот рок за довршување е за 30 месеци.
Според техничката спецификација, станува збор за објект наменет за паркирање автомобили, лесни доставни возила и велосипеди, со армирано-бетонска конструкција, рамен кров и катна висина од околу три метри кој ќе се гради во состав на Градскиот пазар. Граѓаните се со поделени мислења.Велат во ера на брза градба, две и пол години за катна гаража е исклучително долг период.
За овој проект Општината аплицираше на вториот повик на Владата за добивање на финансиски средства за инфраструктурни проекти.
Очекувањата се дека со изградбата на катна гаража ќе се решат долгогодишните проблеми во сообраќајниот метеж, ќе се подобри квалитетот на живот на охриѓани, а ќе има придонес и во туристичката понуда на градот.
Моментално, градот располага со 600 слободни паркинг места, додека во летниот период се обезбедуваат дополнителни 200-300 слободни кои во шпицот на сезоната не се доволни.
Уште од деведесеттите години, секоја локална власт во Охрид ја вклучуваше катната гаража како врвен приоритет во своите програми. Најчесто споменуваната локација отсекогаш била просторот кај Градскиот пазар, кој во летните месеци е критична точка за сообраќајниот метеж.Низ годините, главната пречка за локацијата кај пазарот (која е во заштитеното јадро) беше висината на објектот, за да не се наруши визуелната линија на стариот дел од градот, што е под строг мониторинг на УНЕСКО.
[ https://24.mk/details/katna-garazha-vo-okhrid-kje-se-gradi-30-meseci ]
Проект за катна гаража во Чаир
https://www.facebook.com/photo?fbid=10240718855011417&set=pcb.10240718862731610
Не изгледа лошо, но далеку од феноменално 🙂
Продолжуваат градежните работи за изградба на Катната гаража до Градскиот пазар
Градежните работи под нивото на коловозот се готови и во моментов се работи на поставување на подготовките за првата плоча и столбовите од вториот кат. Капацитетот на катната гаража ќе биде околу двеста возила и истата ќе биде на пет нивоа.
Катната гаража вредна 1,73 милиони евра, компанијата „Топлина“ од селото Подмоље ја гради на улицата „Абас Емин“, на локација што е опфатена со детална урбанистичка документација. Според техничката спецификација, станува збор за објект наменет за паркирање автомобили, лесни доставни возила и велосипеди, со армирано-бетонска конструкција, рамен кров и катна висина од околу три метри. Според финансиската понуда, проектот ги опфаќа фазите електрика, водовод и канализација, архитектура, сообраќајна сигнализација и противпожарна опрема.
Рокот за изведба е 30 месеци од денот на започнување со работа
https://ohridpress.com.mk/продолжуваат-градежните-работи-за-из/
🏗️🔥 ОД МАЛА ДЕПОНИЈА ДО МОДЕРНА КАТНА ГАРАЖА - ШТИП ДОБИВА 50 НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА НА ТРИ НИВОА!
Готова е третата катна гаража во центарот на Штип! 🏙️🚘
На три нивоа, со капацитет за 50 возила, новата гаража е изградена на простор кој претходно бил запуштен и претворен во мала депонија.
💰 Инвестицијата надминува 20 милиони денари, а градоначалникот Иван Јорданов најавува дека до крајот на годината ќе започне изградба и на четврта катна гаража со 90 места! 🚗💨
Со катните гаражи, платформите кај Отиња и уличните паркинг-места, Штип наскоро ќе располага со над 1.400 паркинг места! 🙌
Наместо катна гаража стружани добиле деловна зграда, а институциите молчат
Во строгиот центар на Струга била најавена изградба на катна гаража од јавен интерес, но на парцелата купена со таа намена и со таква градежна дозвола никнала деловна зграда до 100 отсто изграденост, дури и во подземниот дел, кај улицата „Пролетерски бригади“. Земјиштето претходно било државно и го доделила самата влада со заклучок, но граѓаните не очекувале дека ќе се пренамени.
Според објаснувањето на граѓаните, претходно било издадено одобрение за изградба на катна гаража, кое подоцна било пренаменето за изградба на деловен објект. Жителите на Струга прашуваат дали за дополнително изградениот простор под земја постои соодветна дозвола и документација, кој врши надзор над градежните работи и дали градежните активности одговараат на градежната дозвола.
Во исто време, граѓаните се соочуваат и со уште еден голем проблем, бидејќи улицата која е во самиот центар на Струга е оставена во небезбедна состојба, додека од страничниот дел има простор кој изгледа како своевиден „бункер“. Ова е со цел таму да не се движат возила, а според сведоштвата на граѓани, тоа било поради стравувањето да не дојде до пропаѓање на патот поради оптоварувањето од возилата, а сето тоа поради дополнително ископаниот простор под земја.
Граѓаните прашуваат, каде се институциите, кој ја обезбедува улицата? Дали изведувачот има одобрение за овие активности и, на крај, кој ќе сноси одговорност за можните штети врз улицата, тротоарот или врз блиските објекти?













