02 август 2014
[ https://kanal5.com.mk/pushtena-novata-katna-garazha-razlovechko-vostanie-vo-centarot-na-skopje/a211174 ]( https://)
- февруари 2016
Вкупната површина на објектот што се наоѓа спроти Градскиот трговски центар и Трговскиот Центар “Соравија” е 23.000 метри квадратни, од кои 20.000 метри квадратни се наменети за паркинг простор распоредени на девет надземни и едно подземно ниво.
Локација: улица „Мирче Ацев“ број 2 Општина Центар Град Скопје (наспроти „Градски трговски центар“).
Број на паркинг места: 516 паркинг места сместени на 22 полунивоа и е со висина од 28,80 м на највисокото паркинг ниво.

[ https://skopjeinfo.mk/kulturno-i-moderno-parkiranje-katni-garazhi-vo-centarot-na-gradot ]
07/03/2016
Катна гаража „Разловечко востание“ како современ архитектонски објект
Пронаоѓање на место за паркирање во центарот на градот е една од најголемите мисии во време на шпиц термините, како и во време на викендот за сите оние што со своите коли доаѓаат во центарот. Паркирањето во центарот е и извор на креативни идеи како тој проблем, можеби не баш најдобро да се реши, но барем да се ублажи.
Со изградбата на јавни гаражи се настојува да се постигне квалитетна регулација на сообраќајот во мирување и соодветна проточност на сообраќајот. Со изградба и опремување на катни гаражи во Скопје се започна пред три-четири години, а Градскиот паркинг управува со неколку од нив.
Новата катна гаража именувана „Разловечко востание“ се наоѓа на аголот од улиците „Васил Аџиларовски“ и „Мирче Ацев“. Изградена е во склад со највисоките европски стандарди за ваков тип на објекти. Составен дел е на сообраќајната инфраструктура на центарот на градот, и откако е пуштена во употреба пружа значителна поддршка за решавање на секогаш актуелниот проблем – недостиг од паркинг-плацови во центарот на градот.
Гаражата е опкружена со објекти изградени во различни периоди од историјата на градот Скопје. Околните објекти се одраз на времето во кое се градени. Новопроектираната катна гаража и деловен објект се одликуваат со современа, минималистичка архитектура, која со својот волумен и архитектонски израз ги почитува околните објекти. Со едноставна, линеарна фасада, со динамично изместени вертикални ленти на декоративни решетки во делот од катната гаража, и поголеми хоризонтални стаклени површини во делот на администрацијата.
Се работи за еден објект составен од две ламели, со целосно различни функции, гаража и деловен објект. Објектот е поделен и во поглед на фасадите што се надоврзуваат и надополнуваат. Декоративните решетки на делот од гаражата се трансформираат во брисолеи на јужната страна, додека кружните столбови од деловниот простор продолжуваат на северната фасада на делот од гаражата и се намалуваат во височина како што се оддалечуваат од деловниот простор.






[ https://www.porta3.mk/katna-garazha-razlovechko-vostanie-kako-sovremen-arhitektonski-objekt/ ]
01.02.2024
Катната гаража “Разловечко востание“ во центарот на Скопје - “темпирана еколошка бомба
[tube] https://www.youtube.com/watch?v=VsWuQuLqeuU [/tube]
Ова се денешни снимки од Катната гаража „Разловечко востание“ лоцирана во во центарот на Скопје. Отпад ,остатоци од храна, пластика, искористени хигиенски производи, непријатна реа, на моменти и на измет, лифт што не работи поради исклучена струја.
Но, за влез се наплаќа со оваа слика секојдневно се соочуваат десетици граѓани меѓу нив и пацинети кои ја посетуваат блиската градска болница. Во сведоштво за тв 24, граѓанин кој бил во потешка здравствена состојба и требало да оди на преглед во болницата, вели дека бил принуден пеш да се симнува десеттина катови бидејќи лифтот не работи.
Пацинетот не само што не можел да го користи лифтот, туку не можел да ги користи ниту скалите, поради тоа што се блокирани со отапд-па се симнувал пеш по патеките за автомобили. Граѓаните се револтирани затоа што велат, тие плаќаат за користење на просторот кој претставува “темпирана еколошка бомба“. Оваа катна гаража како и Катните гаражи „Кресненско востание“, „Солунски конгрес“, „Смилевски конгрес“, се во државна сопственост, во рацете на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор.
За еден час во гаражата се наплаќа 50 денари, месечен надоместок за физички лица изнесува 2 500 денари, за правни лица пак, 3 000 денари. За состојбата во Катната гаража „Разловечко востание“, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор најавија информација и став за утре.
Катните гаражи во метрополата требаше да го намалат метежот со паркирање во јадрото на градот. Но, сликата со нередовно одржување изминатиот период беше забележана и во други објекти. Која е причината за ваквата состојба и како ќе се санира - се очекуваат одговори од надлежните.
Сликата на овој објект однадвор не навстува дека внатре е висински еколошки хорор, катната гаража е во непосредна близина на градската болница и на ГТЦ важи за прометна и користена од страна на граѓаните.
26.07.2024
Проблеми во катната гаража „Разловечко востание“: Граѓани тврдат дека платиле годишна претплата, но системот „не ги пушта“ да паркираат – од АДИССДП негираат
[tube] https://www.youtube.com/watch?v=A4Mdw1CdY6o [/tube]
Во катната гаража и натаму не работат лифтовите, скалите по кои треба да се симнуваат и качуваат луѓето се во темница и смрдат на фекалии, ѓубре на сите страни, а најново е дека на луѓето што платиле по 25 илјади денари за годишно паркирање веќе дваесетина дена системот не им ги отчитува картичките за да можат да влезат во гаражата.
Ужасната состојба во која се наоѓа катната гаража „Разловечко востание“, а за која секојдневно сведочат граѓаните што редовно се паркираат во неа, со години не се менува. Во гаражата и понатаму не работат лифтовите, скалите по кои треба да слезат луѓето што ги паркирале возилата, немаат осветлување и смрдат на урина и фекалии. Граѓаните се принудени да слегуваат по лентите по кои се искачуваат и симнуваат возилата, стравувајќи дека може да ги удри некое возило, но едноставно немаат друг начин. Притоа, секој што се паркира во гаражата, уредно си плаќа за услугата.
Некои граѓани што имаат потреба секојдневно да ја користат гаражата, на претпријатието што стопанисува со овој простор, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ, му плаќаат однапред за цела година. Е, токму тие веќе дваесетина дена не можат нормално да влезат и да излезат од гаражата, сѐ додека не дојде некој од вработените да ја крене рампата, затоа што системот не им ги чита картичките.
Платено ми е уште на пред еден месец, 25 илјади денари претплата за цела година, а јас и покрај тоа се малтретирам секој ден. Морам на влез да земам картичка од автоматот, како и секој друг што се паркира на час или два, а кога си одам од работа, на излегување мора да дојде некој од вработените, па му ја покажувам уплатницата и тој ми ја отвора вратата. А што доколку некој не ја носи со себе уплатницата или ја изгубил? Се работи за најмалку 50-ина луѓе кои го поминуваат истото секојдневно, судејќи според редицата која се формира при излез и нервозата на вработените што мора да стојат покрај рампата и да ја отвораат – вели скопјанка, која сака да остане анонимна за да нема дополнителни непријатности.
Таа посочува дека вработените во гаражата објаснувале дека не работи некој рутер поради што не се очитуваат нивните картички со годишна претплата.