Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔ Катна гаража "Нов...
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔ Катна гаража "Ново Маало"

5 Написи
2 Корисници
3 Реакции
151 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#1072]

17.06.2010
Катни гаражи во Капиштец и Ново Маало

Министерството објави оглас за јавно наддавање и за парцела наменета исклучиво за катна гаража на улицата Светозар Марковиќ во Ново Маало. Се работи за површина од 2.270 метри квадратни, а според деталниот урбанистички план „Maџир Мало и Градска Порта“ таму е предвиден објект со висина до венецот од 16,2 метри, висина од венецот до слемето од 3 метри и максимален коефициент на искористеност кој изнесува 2,87. Почетната цена е утврдена на 3.800 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 05.07.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 12.07.2010.

[ https://build.com.mk/katni-garazhi-vo-kapishtets-i-novo-maalo/ ]



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Фотки од процесот на изградба кој започна во текот на 2011 па со извесни застои и прекини заврши во текот на 2020.
Официјално гаражата беше отворена во мај 2022.
Но до денес не се користи,нема паркирани возила а и деловниот простор не е издаден.











[ https://www.skyscrapercity.com/threads/skopje-projects-construction.874912 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Ново....
Макоил отвори трета катна гаража на ул. Пролет до Веро Џамбо.Располага со 250 паркинг места.

[ https://www.facebook.com/profile.php?id=100064098393073 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Не знам зошто толку години од отворањето објектов стои празен ниту се користи како катна гаража а ниту пак е издаден деловниот простор,повремено вработени од Макоил само го одржуваат зеленилото во дворот.Има истакнато и ценовник за паркирање и каса за наплата но ништо не функционира.

Со оглед на тоа дека отспротива големиот паркинг кај Холидеј Ин го снема,паркингот кај Олимписки го направија само за вработени веројатно би имало интерес за паркирање доколку работи гаражава.

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 122
 

Ми се чини дека чекаат да го пренаменат или во деловен простор или во нешто друго попрофитабилно. Или, пак, имаат проблеми со пуштање во употреба поради недостиг од потребните дозволи.


Оваа објава е изменета пред 2 недели од Skopje

   
ОдговорЦитат
Сподели: