Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Нова платформа за ф...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Нова платформа за форумот

9 Написи
6 Корисници
5 Реакции
516 Прегледи
DarkoG
(@darkog)
Член Admin
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 6
Стартер на тема   [#1161]

Почитувани,

Форумот е преселен на нова платформа и веќе работи на новата адреса gradba.mk/forum. Досегашната платформа беше замислена како непрекинат тек на дискусии обележани со ознаки, што за помала заедница е сосема доволно, но во нашиот случај беше непрегледно. Новиот форум има класична структура со категории, потфоруми и теми што дозволува полесно да се пронајде тоа што го барате и полесно е да се следи само она што ве интересира.

Вашата сметка и вашата лозинка остануваат непроменети, па не треба ништо да ресетирате туку едноставно се најавувате со истото корисничко име и истата лозинка како и досега. Пренесени се сите теми и сите одговори, сите фотографии и сите реакции на објавите, така што целата дотогашна историја на форумот е на свое место. Интерфејсот е преведен на македонски јазик за разлика од претходно.

Старите линкови и понатаму работат бидеќи секој линк од стариот форум автоматски води до истата тема на новата адреса. Ако имате зачувано или некаде споделено линкови, не мора да ги менувате.

Ако забележите нешто што не работи како што треба, отворете тема во „За Форумот → Предлози“ или едноставно одговорете тука. Пријавете сè што ви изгледа чудно.

Ви благодариме на разбирањето и добредојдовте на новиот форум.


Оваа тема е изменета пред 2 месеци од DarkoG

   
Цитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59
 

Може ли некако да се смени белата позадина?



   
ОдговорЦитат
DarkoG
(@darkog)
Член Admin
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 6
Стартер на тема  

@phenomenon Можно е да се направи Dark mode, планирано е.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
 

Објавено од: @darkog

Почитувани,

Форумот е преселен на нова платформа и веќе работи на новата адреса gradba.mk/forum. Досегашната платформа беше замислена како непрекинат тек на дискусии обележани со ознаки, што за помала заедница е сосема доволно, но во нашиот случај беше непрегледно. Новиот форум има класична структура со категории, потфоруми и теми што дозволува полесно да се пронајде тоа што го барате и полесно е да се следи само она што ве интересира.

Вашата сметка и вашата лозинка остануваат непроменети, па не треба ништо да ресетирате туку едноставно се најавувате со истото корисничко име и истата лозинка како и досега. Пренесени се сите теми и сите одговори, сите фотографии и сите реакции на објавите, така што целата дотогашна историја на форумот е на свое место. Интерфејсот е преведен на македонски јазик за разлика од претходно.

Старите линкови и понатаму работат бидеќи секој линк од стариот форум автоматски води до истата тема на новата адреса. Ако имате зачувано или некаде споделено линкови, не мора да ги менувате.

Ако забележите нешто што не работи како што треба, отворете тема во „За Форумот → Предлози“ или едноставно одговорете тука. Пријавете сè што ви изгледа чудно.

Ви благодариме на разбирањето и добредојдовте на новиот форум.

 

При објава на фотки ги дава некако развлечени а откако ќе се кликне на фотката тогаш ја дава во ок формат,би било добро ако може да се среди. 

 



   
Реагираше DarkoG
ОдговорЦитат
Tom
 Tom
(@tom)
Нов член
Се приклучи: пред 2 месеци
Објави: 2
 

Според мене, поставеноста на сите категории со подкатегории е премногу развлечена, има многу за скролање и е непрегледна. 

Мислам дека поставеноста на форумот build.mk беше солиден, со тоа што се беше компактно и прегледно. Корисникот има опција доколку го интересира одредена подкатегорија, ќе пристапи до неа, со сите подкатегории/постови подредени според најново објавено/коментирано, итн...

Пример слика.

 



   
3
Реагираа namaste, DarkoG и Bukefal
ОдговорЦитат
(@mirakuliks)
Активен член
Се приклучи: пред 1 месец
Објави: 11
 

Конечно после подолго време повторно уредно место за споедулување се што се гради во Македонија. Нажалост богатството на информации во стариот форум е пропаднато ама со време ќе се собере доволен број поактивни корисници кои ќе придонесат повторно да се создаде солидно следење намногу проекти.

Во однос на корисничкиот интерфејс, супер е само веројтно во административнитее поставки треба да се намести стрелките откриваќи ги темите во подфорумите да се од почеток затворени за да се подобри прегледноста на подфорумите и секој може да притисне на стрелката и покаже последните најактивни теми.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@taushanov17)
Нов член
Се приклучи: пред 1 недела
Објави: 2
 

Супер што се отвори овој форум и мило ми е што има и други ентузијасти.

Огромна загуба е што на build.mk не може да се пристапи веќе, се изгуби непроценлива архива од слики и постови. 🙁 

Прво започна со гасењето на photobucket кога се изгубија огромен дел слики од раните 2010ти а сега нема ништо. 🙁 

Штета што сопствениците pbanks и Cloverstack тотално се откажаа.



   
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59

   
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59

   
ОдговорЦитат
Сподели: