Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

✔Point Retail Park-Скопје

3 Написи
1 Корисници
3 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1125]

Point Retail Park е првиот “retail park“ (малопродажен парк) во Македонија, кој на потрошувачите им нуди потполно нов концепт и ново шопинг искуство распространет на 9.500 м2. Лоциран на одлична локација, поврзан со клучни булевари, бесплатен паркинг за 300 возила, одличен микс на продавници, ресторани, други содржини и лесната достапност го прават Point Retail Park нова “жешка“ точка во градот.

Со сите свои карактеристики, за брзо време Point Retail Park прерасна во неизбежно место за шопинг и уживање на потрошувачи од целата држава и пошироко нудејќи им сосема ново искуство.

Строго селектираниот микс на продавници го прави Point Retail Park “One stop shop” за многу потрошувачи кои своите потреби можат да ги задоволат во 31 бренд меѓу кои светски реномирани брендови и локални трговски марки. Point Retail Park има одлична понуда за женска, машка и детска мода, играчки, чевли, модни додатоци, накит, техничка опрема, хипермаркет, големи outlet продавници на реномирани брендови и други содржини кои ја комплетираат понудата како банка, брз трансфер на пари, бербер, авто перална и нај големата игротека во градот на 1.200 м2.

Point Retail Park посебно се карактеризира како “гастрономски рај“ , посетителите можат да уживаат во ексклузивен ресторан “Cha-Cha“, ланч бар “ZAHO“ со феноменална понуда и врвен готвач, како и непобедливиот интернационален fast food ланец KFC кој има и drive in услуга.

[ https://pointretailpark.mk/aboutus/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

06 Јуни, 2019

Скопје го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park



FORTON MKA/CUSHMAN & WAKEFIEDL официјален лизинг партнер на Point Retail Park

Скопје и официјално го добива својот прв Retail Park - Point Retail Park. Попримерот на европските метрополи, Point Retail Park е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

Point Retail Park се простира на нето површина од 9500 м2, и 300 паркинг места, посетителите ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин,Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ , Д Спортска према и други. Исто така во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, банка, игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2. Ексклузивен лизинг агент за Point Retail Park е Forton MKA дел од Cushman & Wakefield. Според претставниците на Фортон МКАинтересот за Point е огромен.

"Бевме вклучени уште во дизајнирањето на проектот и започнавме со физибилити студија на која предвидовме retail park и сме задоволни што проценките од пред 1 и пол година се остварија и сега имаме 100% исполнет retail park со класа А закупци од макендонскиот пазар. Среќни сме што и закупците ги препознаа вредностите на еден Retail Park и кои се придобивките од истиот, изјави Влатко Богоевски CEO na FORTON MKA/ CUSHMAN&WAKEFIELD

"Среќни сме што на Скопје и Македонија ќе им овозможиме да уживаат за прв пат во еден Retail Park. Point Retail Park ќе им овозможи на посетителите максимално уживање во секојдневните активностипонудувајќи голем број на содржини. Ваков концепт кој е развиен насекаде во светот, а посебно во Европа и регионот е нешто што му недостасуваше на Скопје да го позициониран на највисоко место во регионот." - изјави Али Ќаили, сопственик на Али Тобако, инвеститор на Point Retail Park

Отворањето на првиот Retail Park ‘Point’ е предвидено за 18 јули 2019.

[ https://faktor.mk/skopje-go-dobiva-svojot-prv-retail-park---point-retail-park ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  




[ https://pointretailpark.mk ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: