Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Градски воз

16 Написи
6 Корисници
16 Реакции
997 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#889]

Со градски воз од Зелениково до Скопје ќе се стига за 25 минути, а од Драчево за 11 минути

Првата фаза на градскиот воз, од Зелениково до Скопје, во должина од 25 километри се очекува да биде во функција за половина година. Веќе следната година се планира да почне да се проектира и да се изведува втората траса од градскиот воз, од Волково, Ѓорче Петров, преку Скопје Север и да заврши до Железничка станица Скопје, а од 2027 година да биде и последниот дел на делницата Миладиновци – Илинден – Скопје
Од Железничката станица во селото Зелениково до таа во центарот на Скопје ќе се стига за 25 минути. Од станицата во Драчево до главната железничка станица во градот, пак, ќе бидат потребни од 11 до 13 минити, предвидува проектот „Градски воз“, за чија прва фаза од реализацијата денеска информира директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Синиша Ивановски. При увидот на ремонтните активности, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Ивановски и новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Според Ивановски, денеска се промовираат два паралелни проекта кои се од круцијален интерес за инфраструктурата во железници во државата.

Главниот проект е почеток на ремонтот на градскиот воз, кој е од есенцијално значење на транспортот на Град Скопје, бидејќи, како што додаде, сите сме сведоци дека ситуацијата со сообраќајниот хаос во главниот град се зголемува.

Веќе следната година се планира да почне да се проектира и да почне да се изведува втората траса од градскиот воз, од Волково, Ѓорче Петров, Скопје Север и да заврши до Железничка станица Скопје, а од 2027 година да биде и последниот дел, делницата Миладиновци – Илинден – Скопје.

Посочи дека се почнати и ремонтните активности на делницата од Драчево до Илинден, во должина од 7,7 километри, што ќе биде исклучиво за товарен превоз.

Работите на двете делници се очекува да бидат завршени за половина година.

Како што најави, двете делници се електрифицирани, што е важно зашто дизел возовите нема да влегуваат во Скопје.

Договорот за ремонтот на делницата Драчево – Илинден е три милиони евра, а 5,7 милиони евра е вредноста на реконструкцијата на делницата Зелениково – Скопје.

Според новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, Градот Скопје ќе се вклучи логистички во овој процес, како и дека новите точки ќе се адаптираат со автобусите на ЈСП, со цел да нема чекање од страна на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека на овој начин, не само што ќе се растовари метежот во сообраќајот, туку со овие проекти ќе се намали емисијата на штетни честитки во воздухот.

[ https://360stepeni.mk/so-gradski-voz-od-zelenikovo-do-skopje-ke-se-stiga-za-25-minuti-a-od-drachevo-za-11-munuti/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Градски воз - од Драчево до срцето на Скопје за само 11 минути!
Скопје забрзано чекори кон иднината.
Денес, заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Aleksandar Nikoloski, како и директорот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ Синиша Ивановски, извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град, кој наскоро ќе стане реалност за сите граѓани.
Градскиот воз претставува визија што се претвора во дело.
Со рехабилитација на железничката пруга на делницата Транспортен центар Скопје - Зелениково, во должина од околу 25 километри, се поставуваат темелите на модерен, ефикасен и одржлив јавен транспорт.
Проектот носи директни придобивки за секој граѓанин - побрзо движење, намален сообраќаен метеж и значително почист воздух.
Намалувањето на емисијата на штетни гасови ќе има позитивно влијание врз животната средина, но и врз здравјето на сите нас.
Со подобрување на техничките карактеристики на пругата, се зголемува безбедноста во сообраќајот, се враќа проектираната брзина и се обезбедува стабилност на колосечната конструкција, дури и при зголемено оптоварување.
Се задржува постојната траса, но со внимателни и прецизни корекции, во согласност со највисоките стандарди.
Во рамки на активностите се врши целосна модернизација, како демонтажа на стариот колосек, замена на дотраените дрвени прагови со нови бетонски, подобрување на засторот, како и машинско подбивање и регулирање со современа механизација.
Со степен на реализација од околу 65%, овој проект веќе добива јасни контури на успех.



[ https://www.facebook.com/1OrceGj ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Oд 1 септември во употреба првата линија на „Градски воз“ долга 25 километри

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени во предвидениот рок до јуни годинава.

Во текот на летниот период ќе се прават тестирања, а од септември таа треба да биде пуштена во употреба. За другите две делници ќе биде распишан еден тендер што би требало да значи дека ќе се скрати рокот на комплетно завршување на проектот за „Градски воз“ за најмалку една година, односно дека трите линии ќе бидат функционални на крајот на 2027 година.

Задоволство е да се види дека проектот добро напредува. Динамиката е добра. Ние минатата година кога го започнавме овој проект ветивме дека првата линија ќе биде завршена до јуни и тоа ќе биде остварено. Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста да се завршуваат проектите во предвиден рок и како што гледате, проектите кои што оваа Влада ги почнува завршуваат во предвидениот рок и се движат со добра динамика, затоа што пред да ги започнеме проектите имаме еден многу сериозен процес на планирање за кога ќе се излезе на терен и ќе почне да се работи навистина да се испорача она што се ветува, рече при увидот во градежните работи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

До денес, додаде тој, прогресот на првата линија која што оди од Зелениково, преку Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица е 65 проценти, што е согласно динамичкиот план.

-Очекуваме до јуни таа да биде завршена. Потоа следува еден период на тестирање и нашата цел е, а таа цел ќе ја постигнеме, на 1 септември, со почетокот на школската година да почне да функционира „Градскиот воз“ на линија Зелениково, Драчево, Ново Лисиче, Аеродром, Нова железничка станица. Убеден сум дека ова многу ќе помогне во растоварување на сообраќајот, а исто така и во очекување на зимата и во намалување на загадувањето, рече Николоски.

[ https://fokus.mk/od-1-septemvri-vo-upotreba-prvata-linija-na-gradski-voz-dolga-25-kilometri/ ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 72
 



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 72

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 72

   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ГРАДСКИОТ ВОЗ ОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ПОЧНУВА ДА ВОЗИ ОД 1 СЕПТЕМВРИ, БИЛЕТОТ ЌЕ БИДЕ 40 ДЕНАРИ

Градскиот воз од Зелениково до Транспортен центар ќе почне да вози од 1 септември. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Возниот ред предвидува да има по 9 поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето ќе трае од 24 до 28 минути.

 

Директорот на „Македонски железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски, вели дека се извршени сите потребни зафати и градскиот воз од 1 септември ќе почне да сообраќа.

 

„Извршена е замена на старите дрвени прагови, од кои некои датираат уште од 1959 година, со нови бетонски прагови. Оваа техничка надградба ќе овозможи возовите да се движат со брзина од 80 до 90 километри на час, што е значително подобрување во однос на сегашните 20-30 километри на час. Модернизирани се патните премини кај Драчево за да се подигне нивото на безбедност“, вели Ивановски.

За делниците кон Илинден и Ѓорче Петров, како што вели Ивановски, градежниот дел ќе биде сличен. И на двете места има постоечки пруги, меѓутоа за разлика од таа од Зелениково, на овие делници нема никаков сообраќај и се во многу лоша состојба. Во тек е постапката за проектирање, по што ќе се распише оглас за избор на изведувач на двете траси. Нивната изградба се очекува да заврпи до крајот на 2027.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradskiot-voz-od-zelenikovo-do-transporten-tsentar-pochnuva-da-vozi-od-1-septemvri-biletot-ke-bide-40-denari/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Во среда ќе се изврши официјална промоција на проектот “Градски воз“

Во среда ќе се изврши официјална промоција на проектот “ Градски воз“. На настанот се очекува да присуствуваат: Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата Александар Николоски, директорoт на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, директорот на МЖ Транспорт Дејан Кошутиќ, потоа градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеоргиевски, градоначалникот на оштина Зелениково Коста Маневски, градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митевски.

Според предвиденото, присутните симболично ќе го означат проектот “Градски воз” со патување со воз од железничката станица Зелениково до Нова железничка станица Скопје.

Како што беше најавено, проектот “Градски воз” започнува официјално од утре ( 1 септември) на првата од трите предвидени линии и тоа: Зелениково- Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче и Нова железничка станица Скопје.

Железници Инфраструктура за потребите на проектот “Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.

Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење кој го утврди МЖ Транспорт.

Проектот “Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на Градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.

Особено значајно е што проектот “Градски воз” се интегрира и со сообраќајниот ред на возење на ЈСП и на тој начин се добива еден квалитетен, интегриран и ефикасен јавен превоз за граѓаните, студентите и учениците.

Да потенцираме дека во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од Градски воз, односно едната од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.

https://www.vecer.press/vo-sreda-ke-se-izvrshi-oczijalna-promoczija-na-proektot-gradski-voz/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
Градски воз, фаза 1, пуштен во употреба.(od fb)
 

 

 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ТРГНА ГРАДСКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ДО ЗЕЛЕНИКОВО, ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО КОРИСТАТ ШТО ПОВЕЌЕ



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 146
 

Има кратка видео репортажа на линкот за Градски воз:

https://www.youtube.com/watch?v=zgnQOPCvT5w&t=264s

Забележливо е дека железничките станици се „освежени“, иако личи дека станува збор само за површна шминка и ништо посериозно. 

Картите изгледаат вака:

Сепак, најголем проблем е оддалеченоста на станиците од населените места, мислам дека тоа ќе биде причината за слабиот одзив за користење на Градски воз. Дај Боже да грешам.

https://www.slobodenpecat.mk/videoreportazha-gradskiot-voz-e-redoven-i-klimatiziran-no-poteshko-se-stignuva-do-stanicite/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@mirakuliks)
Активен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 14
 

@skopje 

Ваквата градско-приградска - железничка врска има смисла само ако постои во рамките на поголем сообраќаен екосистем како автобуски станици со висока фрекфенција на железничките станици во градските подрачја и поголеми "Park and Ride" паркинзи во приградските станици.
Незнам како е случајот со другите градски станици ама само главната железничка станица го исполнува ова.

Дополнително од таму соодветатвено ќе треба да се смени распоредот за приградски авотбуски линии кои ги обслужуваат местата долж оваа железница, бидејќи ако од главна железничка сакаш да одиш за Драчево да речеме и во ист момент имаш можност помеѓу автобусот кој си го користел со декади и сега за тебе новата железничка врска, ти ќе го избереш автобусот бидејќи ти е познат.

И ова е еден од проектите на властите кои би ми влејале доверба дека не се само да се покаже дека нешто се прави, ако се сподели информација дека се и обмислени како да им бидат функционалки за граѓаните.



   
Реагираше Skopje
ОдговорЦитат
 Goti
(@goti)
Угледен член
Се приклучи: пред 2 месеци
Објави: 23
 

Ова не е градски воз, ова е приградски воз не гледам шини низ Капиштец. 



   
😄
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

СО ГРАДСКИОТ ВОЗ ЗЕЛЕНИКОВО-СКОПЈЕ СЕ ВОЗАТ ПО 300 ПАТНИЦИ ДНЕВНО Заврши проектирањето на делниците од Волково и од Миладиновци

Во градскиот воз од Зелениково до Скопје се возат по 300 патници дневно, што е бројка која не беше очекувана, рече министерот за транспорт Александар Николоски.

– Ние имаме градски воз во кој што никој не веруваше. Никој не веруваше ни од опозицијата, ни од поголемиот дел од јавноста. Бројките, да бидам искрен со вас, се подобри од она што го очекував. Веќе сме некаде на околу 300 патници дневно. Тоа се 300 возила помалку во центарот на градот. Тоа се 300 нервози помалку во центарот на градот и тоа се 300 луѓе коишто навреме стигнуваат – рече Николиски во гостување на Радио Лидер.

Во моментов завршува проектирањето за двете други линии од градскиот воз, од Волково и од Миладоновци, додаде тој.

– За неколку недели ќе излезат тендерите, штом избереме изведувач почнуваме со градба и како што ветивме, на почетокот на 2028 година ќе имаме уште две траси, со што цело Скопје ќе го опфатиме – истакна Николоски.

Планот е целиот јавен превоз во Скопје да се интегрира, со што ќе се влиаје и врз аерозагадувањето.

– Првата фаза е дел од една поголема визија на Владата за градот Скопје, за растоварување на сообраќајот и за намалување на загадувањето. Имено, доколку успееме да создадеме функционален и интегриран систем на градски воз со три линии, на меѓуградски воз со Велес, Куманово, Тетово, Гостивар и на тоа ги додадеме електричните автобуси и системот БРТ, ние сме го решиле проблемот со загадувањето во делот на сообраќајот. После тоа ќе остане проблемот во делот на загревањето, кој што е поголем фактор во загадувањето на Скопје – рече министерот Николоски.

https://plusinfo.mk/so-gradskiot-voz-zelenikovo-skopje-se-vozat-po-300-patnici-dnevno-zavrshi-proektora-eto-na-delnicite-od-volkovo-i-od-miladinovci/



   
Реагираше phenomenon
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Градски воз – редовен и празен

Празен, но редовен – градскиот воз е единствениот на кој може да се потпрете ако сакате без поголем проблем да стигнете од едно до друго место со македонската железница.

Ова е впечатокот на екипата на БИРН по половина ден минат на пероните на скопската Железничка станица и по две тури возење со градскиот воз, кој во моментов оди на само една линија – од Скопје до Зелениково и назад, со пет станици помеѓу.

Селото Зелениково е попатна станица и за ретките меѓуградски возови за Велес, Битола и Гевгелија, па затоа градскиот воз ја користи истата пруга, само што за него има посебен воз и возен ред, според кој растојанието од 25 километри во еден правец, треба да го помине за 25 минути.

Но, додека повеќето меѓуградски возови доцнеа и со часови или воопшто не тргнуваа од скопската Железничка станица за време на нашата посета, ова не беше случај со градскиот воз.

Не дека беше точен во минута, по примерот на ваквите возови по европските држави што имаат развиен железнички сообраќај, ама сепак – возеше.

За него беше резервиран перонот со број три и кинеската електромоторна гарнитура купена пред десетина години, со последната набавка на патнички возови за македонската железница.

Откако во првите денови од пуштањето на возот, надлежните се пофалија со бројка од 1.500 за три дена, еден месец подоцна, во втората седмица од октомври, решивме да провериме колку тој навистина се користи.

За двете тури возење ги избравме термините кога се очекува најголемиот метеж, меѓу 6 и 9 часот наутро, и попладне – помеѓу 16 и 18 часот.

Прво се качивме во возот, кој, нешто по седум часот, тргна од Скопје кон Зелениково. Бевме единствените патници, покрај кондуктерот и машиновозачот.

По пат немаше застои, освен краткото чекање на средина од рутата, за разминување со возот од Гевгелија, кој пристигнуваше во Скопје со 45-минутно задоцнување.

Затоа и патот од Скопје до Зелениково траеше 35 минути, десетина повеќе од предвиденото со  возниот ред, што и беше очекувано, со оглед на не така розовата состојба во која со години наназад се наоѓа македонската железница. За тоа говорат бројките на превезни патници кои се десеткувани во последните 15-тина години, од 1,4 милиони во 2011, на само 177 илјади патници лани.

Празни седишта и ретки поаѓања

Просторот пред жолтата железничка зграда беше уреден со нови жардиниери и клупи. До неа, имаше и нов паркинг за 15-тина возила. Претходно, според раскажувањето на еден локалец, на местото на паркингот имало дива депонија, која била средена за пуштањето на градскиот воз.

Иако мештаните знаат дека има воз, по навика уште се возат со автобус, кој почесто проаѓа, станиците им се поблиску, има бесплатни билети за пензионерите, студентите, средношколците… Ваквите бенефиции не важат во железницата.

Ако до селото се возевме сами, за назад веќе имавме друштво. Во возот, кој тргна во 8.30 часот, меѓу Зелениково и Орешани се качија петнаесетина патници, во Драчево, уште десетина, во Лисиче ниту еден.

Имаше пензионери, студенти и луѓе што брзаат за на работа. Сите со кои разговаравме живееја во непосредна близина на самите железнички станици.

„Првпат гледам толку патници“, искрена беше студентка, која редовно го користи возот, бидејќи до Скопје стигнува за половина час – двојно побргу отколку со автобус на истата релација. Назад забележа дека ќе се враќа со автобус, бидејќи возниот ред не ѝ одговара.

Градскиот воз има осум тргнувања од Скопје, и уште толку од Зелениково, па најкраткиот интервал меѓу две поаѓања од станицата е 1,5 час, додека најдолгиот – 4 часа.

Слабиот интерес за него се должи и на тоа што тој не е интегриран со автобускиот превоз, не важат истите месечни билети, па нема опција со ист билет да се  комбинира воз и автобус. Нема можност и за ставање велосипеди во него, а и железничките станици се надвор од населените места.

Единствено во Зелениково и во Орешани, пругата минува покрај селата, ама во нив има едвај 2.000 жители, кои се привилегирани да имаат редовен воз.

Скапа играчка

Идејата за градскиот воз е стара повеќе од четири децении, кога во екот на нафтената криза во 80-тите, снемало гориво за автомобилите и се појавила потреба од проширување на системот на јавен превоз во главниот град.

Сега, пак, на градскиот воз се гледа како на поеколошка алтернатива, која треба да помогне во намалување на бројката на возила по скопските улици, поради што  сегашната власт посериозно тргна во нејзина реализација. Основа за проектот е физибилити студијата изготвена минатата година, која сè уште е недостапна за јавноста.

Од она што е познато, е дека градскиот воз ќе има три краци, кои од скопската Железничка станица ќе водат три различни страни – кон Миладиновци, Ѓорче Петров и Зелениково. Сега е во функција само еден од нив. За другите два крака, допрва ќе се реновираат пругите, за што веќе е распишан тендер.

Крајната цел е сите тие да бидат ставени во еден интегриран систем на сообраќај, заедно со автобусите на ЈСП, а во иднина и со новиот БРТ систем, што ќе бара и набавка на нови возови, нови автобуси и целосна реорганизација на линиите на сегашниот јавен превоз.

Во меѓувреме, градскиот воз е сведен на една линија, која функционира сама за себе и им служи на мал број жители.

Со ваква имплементација се убива идејата за градски воз“, со доза на разочараност забележува сообраќајниот инженер Дејан Трпевски, кој е силен поборник за овој вид превоз.

За него е несфатливо зошто воопшто се пушта линија кон Зелениково, без да се комплетира системот. Појаснува дека за еден воз да биде „градски“, мора да биде редовен, да тргнува на секои 10 минути и да нема конкуренција од автобускиот превоз.

Тоа, за овој крак од железницата, би значело укинување на сите автобуски линии од Зелениково, Драчево, Лисиче до Центар и нови линии што ќе ги собираат сите патници од околината и ќе ги носат до железничките станици.

„Сега имате екстремно висок трошок по превезен патник, само се генерираат трошоци“, предупредува тој.

Градски воз во нефункционалната железница

Во периодот кога по скопските улици е најголемиот метеж, се вративме на Железничката во Скопје, на уште една тура возење со градски воз.

Го фативме тој во 16:20 часот и не бевме сами. По патот до Зелениково проциркулираа 20-тина патници. Возот има капацитет за 200. Меѓу нив беа и двајца татковци со децата, тргнати туристички – на фамилијарна прошетка со воз.

Со двете семејства се возевме и назад, кон Скопје, а покрај нас, во возот се качи само уште еден патник. На половина пат, на попатната железничка станица „Јане Сандански“, која се наоѓа меѓу Орешани и Драчево, градскиот воз застана за да се размине со меѓуградскиот за Гевгелија.

Пред самата железничка зграда беа поставени нови жардиниери. Нов беше и асфалтот, кој го поврзуваше локалниот пат со стрмниот приод кон станицата. Благодарение на него, два автомобила се беа спуштиле на самата станица, а едниот беше паркиран толку блиску до пругата, што возот не можеше да продолжи кон Скопје.

Следуваше расправија, барање на сопственикот на возилото и долго стоење во место. Конечно, со доцнење од речиси половина час, возот стигна на скопската Железничка станица. Железничарите беа нервозни.

Нервозен беше и еден пензионер, кој на перонот во Скопје чекаше да стигне возот од Битола, кој доцнеше два часа. Дента, исто како и цел месец претходно, практично од пуштањето на градскиот воз, не сообраќаа дел од локалните возови кон Велес.

Од „Железници – транспорт“, државната компанија што управува со железничкиот сообраќај, не одговорија на прашањата на БИРН за причините за откажувањето на возовите, ниту, пак, доставија податоци за бројот на месечни билети за градскиот воз или, пак, за мерките што ги преземаат за повеќе патници во него.

Кога стигнавме до билетарницата, дознавме дека не тргнал и пладневниот воз кон Куманово.

„Не се водете според возниот ред, не функционира“, нè предупредија железничарите.

Исклучок беше градскиот воз.

https://prizma.mk/gradski-voz-redoven-i-prazen/



   
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: