Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🛑Хотел ТЦЦ Плаза(БЕ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🛑Хотел ТЦЦ Плаза(БЕКО)

10 Написи
1 Корисници
8 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1014]

23/05/2018

„Богати финансиски моќници си дозволуваат луксуз на рушење“ вели проектантката


Овие денови се прави уште еден „архитектонски геноцид“, наголемо се руши објектот ТЦЦ Плаза, поранешната стоковна куќа, култното „Беко“. Објектот е во приватна сопственост, а дозвола за рушење е издадена од Општина Центар, под изговор проблеми во конструкцијата. Со ДУП-от Мал Ринг од декември 2012 година, изработен од ИНПУМА, планери: Борисав Јосифов, Силвана Ванковска, Благоја Тагасовски и Блажунка Трпковска со кој се изврши класичен упад во центарот на Скопје со што се направи урбанизам кој го одзема јавниот простор на граѓаните “планиран“ е и објектот „Беко“ (мниогу пред проблемите со конструкцијата).

На таа локација предвидана е поголема површина за градење од постоечката, градежната линаја е до улицата „Даме Груев“, односно во иста линија со катната гаража „Тодор Александров“, вкупната површина за изградба е 12.824 м2, а катноста е приземје, мезанин и шест ката. Класта на намени е Б, комерцијални деловни намени, без да биде прецизирано (како за останатите површини за градење од истиот ДУП), дали се однесува на мали или големи комерцијални деловни единици, угостителски единици, деловни простори, хотелски комплекси итн. (Б1, Б2, Б3; Б4, Б5). Се ова е позната пракса и спрега на локалните моќници, бизнис интересите и планерите за да се дојде до што поголема површина за градење, т.е. поголем профит, а се покриено со (не)планска докиментација. И не е прв пат, како стојат работите ни последен.

Проектант на стоковната куќа „Беко“(1973 г.) е архитект Мимоза Несторова Томиќ, добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ во 2011 година. Авторката револтирано и немоќно гледајќи што се случува со нејзиното дело за порталот МАРХ изјави: „Богати финансиски моќници си дозволуваат луксуз на рушење, а воопшто патриотски не делува деструктивниот став кој ни стана начин на размислување. Исплатливоста на рушење на ваков габарит како овој објект, веројатно е утростручување на површината и габаритот. Тоа е навистина непознато. Но каде ова води? Каков град сакаме?
Скапо не чини немањето слух за почитување на претходните вредности. Сето тоа е историја на еден град. Цивилизациски е да ги почитуваме, сочуваме и да ги негуваме наследените вредности на градот.“

Објектот беше менуван и предходно. Во виорот на транзицијата стоковната куќа престана да постои, а во торнадото на приватизацијата објектот се пренаамени во хотел, деловен простор, му се доаде базен, стилска настрешница и што уште не. Иако проектантот ќе изјави дека предходните сопственици го почитувале правилото, стручна консултација со главниот проектант за евентуалните измени, рака на срце уште одтогаш објектот ја изгуби својата автентична и квалитетна архитектура.
Доколку претендираме да станеме правна држава, каде постои систем и се негуваат вредности мораме конечно да регулираме што е дозволено,а што не и да научиме да разликуваме добро од лошо.
Општина Центар задлабочена во својот мораториум за да спаси некои делови од центарот (ако остана што да се спасува) како да го подзаборави центарот на државата, ДУП Мал Ринг и издаде дозвола, секако во се според закони и ДУП.

[ https://www.porta3.mk/bogati-finansiski-mokjnici-si-dozvoluvaat-luksuz-na-rushenje-veli-proektantkata/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

[ https://www.facebook.com/groups/1464671343744797 ]

////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

03.2019



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16 април 2019

4 МЕСЕЦИ НЕ МОЖЕА ДА ГО УРНАТ „БЕКО“, А КАЖУВААТ ИМАЛЕ ПРОБЛЕМ СО СТАТИКАТА, ВЕЛИ АВТОРКАТА НА ПРОЕКТОТ МИМОЗА НЕСТОРОВА-ТОМИЌ

Целосно е прeгазено авторството со уривањето на зградата на поранешно „Беко“, сегашна ТЦЦ „Плаза“, вели авторката на проектот Мимоза Несторова-Томиќ.

Зградата која почна да се урива во мај лани, сега целосно ја нема. 90-годишната архитектка Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија, авторката на проектот вели дека воопшто не се издржани објаснувањата на инвеститорот дека имале проблеми со статиката, па затоа морале да го урнат објектот.

„Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, оти 4 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи.“, реагира Несторова-Томиќ.

Несторова-Томиќ раскажува дека голем предизвик ѝ било да работи на модната куќа „Беко“, која е изградена во 1972 година. За таа градба е многу благодарна на двајцата статичари од „Бетон“ кои исклучително добро ја следеле во работата.

„Тој проект ниту еднаш не ми го вратија од модната куќа ’Беко Белград“ да го доработам, сè беше добро смислено. Колегите од Белград и од Словенија напишаа убави текстови и најстрогиот ентериерист напиша дека ’управата на Беко не треба да се грижи‘. Колегата Гашпер од Словенија даде најдобар коментар дека е единствена стоковна куќа во Југославија без столбови внатре, и има простор сè убаво да се изложи“, вели Несторова-Томиќ.

Што ќе се гради на местото на ТЦЦ „Плаза“ сè уште не се знае оти Општина Центар нема издадено одобрение за градба. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека на сила е мораториумот и се прави ревизија и на тој план, но тврди дека поголема висина нема да биде дозволена.

„Инвеститорот уште нема побарано дозвола. Од контактите со него ми беше речено дека ќе го градат одново истиот објект оти била нарушена статиката. Очекуваме планот да биде готов летово“, вели Богдановиќ.

[ https://sdk.mk/index.php/neraskazhani-prikazni/4-mesetsi-ne-mozhea-da-go-urnat-beko-a-kazhuvaat-imale-problem-so-statikata-veli-avtorkata-na-proektot-mimoza-nestorova-tomik/ ]


16 мај 2019
МОРАТОРИУМОТ ЗА ГРАДБА НЕ ВАЖИ ЗА „БЕКО“, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР ВЕЛИ ДЕКА НЕ СЕ ГРАДИ, АМА ИЗЛЕГЛА ВОДА ПА СЕ САНИРА

На зградата на поранешно „Беко“ во Скопје секој ден се изведуваат градежни работи, иако на сила е мораториумот за градба во општина Центар. Жителите на околните згради велат дека на местото на урнатата зграда, преку цел ден до доца навечер, дури и за време на викенд се гради.

„Немаме мир. Се гради и за викенд. Во неделата почнаа со работа во 5 часот наутро. Цел ден работат и еве, се’ уште, во 20 часот навечер, во недела. Повеќе пати бевме во полиција, ама оттаму само креваат раменици, очигледно немоќни да направат што било“, велат станари на околните згради кои се јавија во редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК.

Денеска во градилиштето дваесетина работници поставуваа арматура за столбовите на новата зграда. Покрај градежните работи, цедната лента од улица пред градилиштето е блокирана од градежни материјали. На улицата постојано има паркирани камиони од кои се вадат армаатури, шипки и други градежни матријали. Освен тоа среде улица има и импровизирана шахта, најверојатно за да се покрие некоја дупка од која возачи кои се јавија во нашата редакција тврдат дека ги искинале гумите на колите.
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ тврди дека мораторумот за градба важи и за објектот на поранешно „Беко“ и дека општината нема дадено дадено одобрени за градба. Тој вели дека се санираат одредени проблеми кои се појавиле при уривањето на претходниот објект.

„Мораториумот важи и за овој објект. Направивме контрола на терен и утврдено е дека на сопственикот му се појавило вода и сега се интервенира за да не се поплави. Инвеститорот знае дека не може да гради додека е на сила мораториумот за градба“, вели Богдановиќ.

Зградата на поранешно „Беко“ почна да се урива лани во март. Инвеститорот тврдеше дека била нарушена статиката.

„Инвеститорот добил дозвола од претходното раководство за доградба и надградба. Но во текот на надградбата му било речено дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата. Затоа побара дозвола за уривање, за одново да го гради објектот. На состанок со инвеститорот му кажав дека се врши ревизија на сите планови и дека се намалуваат висините на дел од објектите. Каква дозвола ќе добие, ќе видиме кога ќе заврши ревизијата на планот. Дотогаш нема да може да добие дозвола за градба оти на сила е мораториумот“, рече лани градоначалникот Богдановиќ.

Авторката на проектот на старата стоковна куќа „Беко“ 90-годишната архитектка Мимоза Несторова-Томиќ, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија пред еден месец за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека воопшто не се издржани објаснувањата на инвеститорот дека имале проблеми со статиката, па затоа морале да го урнат објектот.

„Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, оти 4 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи.“, реагира Несторова-Томиќ.

Модната куќа „Беко“ е изградена 1972 година. Во 1998 ја преземаа Тајванците, а потоа беше продадена на локален бизнисмен.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/moratoriumot-za-gradba-ne-vazhi-za-beko-gradonachalnikot-na-tsentar-veli-deka-ne-se-gradi-ama-izlegla-voda-pa-se-sanira/ ]


6 јуни 2019
СРЕДЕ МОРАТОРИУМ „БЕКО“ ДОБИ ВТОРА ПЛОЧА, БОГДАНОВИЌ ВЕЛИ – ЌЕ ГО РУШАМ


Зградата на поранешно „Беко“ и понатаму се гради иако во општина Центар на сила е мораториумот за градба. Сега објектот доби и втора плоча, а работници секој ден на големо работат на изградба иако немаат дозвола од Општината.

На 16 мај САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека се поплочува градилиштето и се поставува арматура за носечките столбови на објектот. Тогаш градоначалникот Саша Богдановиќ ни изјави дека инвеститорот не гради туку при уривањето и копањето на дупката се појавило вода па вршат заштита.

Сега, три недели после оваа изјава на Богдановиќ на терен се гради постојано секој ден. Поставена е втора плоча односно изведени се подрумските простории на објектот, но Општината нема намера да ја стопира градбата иако постојано вели дека мораториумот важи и за овој објект и дека не издале дозвола за градба.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека му издале на инвеститорот решение за престанок на градежни активности и тој не смее да гради.

„Инвеститорот треба според решението да ја отстрани градбата. Доколку тоа не го стори тоа ќе го стори Општината односно ние ќе уриваме“, вели Богдановиќ.

Зградата на поранешно „Беко“ почна да се урива лани во март. Инвеститорот тврдеше дека била нарушена статиката и затоа мора да се урне. Колкава ќе биде висината на објектот од Општината велат дека ќе се знае кога ќе се заврши изработката на новиот детален урбанистички план, но постојано уверуваат дека нема да добие поголема висина од претходната.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/srede-moratorium-beko-dobi-vtora-plocha-bogdanovik-veli-ke-go-rusham/ ]


01.03.2020
ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“ ЧЕТИРИ ДЕНА БЕЗ ЗАШТИТНА ОГРАДА ОТИ ЈА ОДНЕСЕ ВЕТЕРОТ, НЕМА КАЗНА ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ИНВЕСТИТОРОТ


Градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, целосно е отворено, без заштитна ограда. Од силниот ветер кој дуваше во средата вечерта, урната е лимената ограда со која беше оградена и заштитена дупката на градилиштето.

Иако поминаа четири дена од невремето, сопственикот на објектот не го заштитил просторот, па дупката зјае веднаш до улицата Даме Груев. Пешачкиот премин кој води кон плоштадот ВМРО е блокиран со лимови, парчиња камења, шипки и друг градежен материјал.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека општинската инспекција излегла на терен уште во четвртокот и му наложила на сопственикот на објектот веднаш да го заштити просторот.

„Ако не е постапено, нашите инспектори повторно ќе излезат во контрола и инвеститорот на овој објект ќе биде санкциониран“, вели Богдановиќ.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред две години, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар добил дозвола за доградба и надградба на објектот. Но при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново.

Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа во мај лани почна со градежни работи, беше поставена дури и втора плоча, а беа поставени и арматури за носечките столбови. По пишувањата на САКАМДАКАЖАМ.МК Општина Центар во јуни 2019 му достави решение за стопирање на градбата.

Околните жители велат дека инвеститорот не ја почитува забраната за градба и постојано во градилиштето се изведуваат градежни работи.

Колкава ќе биде висината на објектот од Општината велат дека ќе се знае кога ќе се заврши изработката на новиот детален урбанистички план, но постојано уверуваат дека нема да добие поголема висина од претходната

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradilishteto-na-beko-chetiri-dena-bez-zashtitna-ograda-oti-ja-odnese-veterot-nema-kazna-od-opshtina-tsentar-za-investitorot/ ]


23.11.2020

ПО КОЈ ЗНАЕ КОЈ ПАТ ПРЕКИНАТО ДИВОТО ГРАДЕЊЕ НА ХОТЕЛОТ КАЈ ПОРАНЕШНО „БЕКО“, ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

Хотелот ТЦЦ „Плаза“ на местото на поранешно „Беко“ не престанува да се гради. Градежна механизација и работници и викендов го градеа хотелот иако немаат градежна дозвола за градба од Општина Центар бидејќи на сила е мораториумот.

„Запознаени сме дека инвеститорот пак гради. Досега десетина пати ја прекинуваме градбата, ама џабе нема разбирачка. Овластен градежен инспектор кој беше на терен констатира дека се прекршени законските одредби согласно Законот за градба. Незаконско делување од страна на сторителите, ќе го надополни во претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

На градилиштето, во јули годинава дојде до инцидент меѓу сопственикот Борис Стојменов и инспекторите од Општина Центар. Откако испекторите изрекоа една од многуте забрани за градбa, Стојменов се караше, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна во март 2018, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај лани почна со градежни работи и оттогаш не престанува да гради.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-koj-znae-koj-pat-prekinato-divoto-gradene-na-hotelot-kaj-poraneshno-beko-opshtina-tsentar-podnese-krivichna-prijava/ ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

08.2021



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=197301289122111&set=pcb.197302892455284 ]


7 октомври 2021
БЕКО“ ПАК СЕ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА, ОД ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДЕКА СЕ НЕМОЌНИ, УШТЕ ЛАНИ ПОДНЕЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ИНВЕСТИТОРОТ СТОЈМЕНОВ, А ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЧЕКА ВЕШТАЧЕЊЕ

Хотелот ТЦЦ „Плаза“, кај поранешно „Беко“ во строгиот центар на Скопје, повторно се гради на диво. Без градежна дозвола, работници веќе десетина дена со механизација работат на објектот на кој веќе темелите се поставени, изведен е подрумот и ставена е плочата на приземјето, а сега, како што велат работниците на терен, ќе работат на кревање на зградата.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека инвеститорот нема дозвола за градба и дека тие како Општина не можат ништо повеќе да сторат, бидејќи уште пред една година поднеле кривична пријава пријава против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“ во Обвинителството, од каде уште не е постапено.

„Во август лани е поднесена крвична пријава за нелегална градба. Повторно е поднесена пријава и годинава во април, а јас дадов исказ во Обвинителството. Ние неколку пати издадовме решенија на инвеститорот да се престане со градба и го затворивме градилиштето, но и покрај тоа се гради. Затоа го повикувам Обвинителството да постапи“, вели Богдановиќ.

Од Основното јавно обвинителство велат предметот за зградата кај „Беко“ е во предистражна постапка и во моментов се чека извештајот од вештачењето.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред три години, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна, со намера да го гради одново од темели. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај 2019 почнаа градежни работи, кои иако неколку пати беа прекинува од Општина Центар повторно продолжуваа, па сега објектот е стасан до приземје и се поставуваат арматурите за кревање на катовите.

Инвеститорот Стојменов во меѓувреме поднел до Општината идејно решение за да добие дозвола за градба, но како што велат од Општината, тоа е одбиено бидејќи според законот не може да се даде дозвола за објект што веќе во дел е изграден. Тоа значи дека инвеститорот може да добие градежна дозвола само ако го урне досега изграденото и потоа поднесе ново барање.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poraneshno-beko-pak-se-gradi-bez-dozvola-od-opshtina-tsentar-velat-ushte-lani-podnele-krivichna-prijava-i-chekaat-obvinitelstvoto-da-postapi/ ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

24 септември 2022
СТОЈМЕНОВ ПОЧНА САМ ДА ГИ УРИВА СТОЛБОВИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ КАДЕ 4 ГОДИНИ ГРАДЕШЕ БЕЗ ДОЗВОЛА

Фирмата „БС Консалтинг“ почна сама да го урива она што досега на диво го изгради за хотелот „ТЦЦ Плаза“. Откако 4 години објектот на поранешно „Беко“ се градеше без дозвола, деновиве со багер почнаа да се уриваат бетонските столбови кои се кренати.

„Од инвеститорот е добиено известување дека во наредниот период ќе се врши уривање“, велат од Општина Центар.

Откако ќе се урне дивоградбата, градежникот може да поднесе барање за градба и откако ќе плати комуналии на Општината може да го гради хотелот бидејќи според Деталниот урбанистички план (ДУП) кој е на сила, на тоа место постои маркичка за хотел.

За досегашното градење Основното јавно обвинителство во мај годинава поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“. Обвинението беше поднесено две години откако Општина Центар поднесе кривична пријава против градежникот.

На градилиштето пред две години дојде до инцидент меѓу сопственикот Стојменов и инспекторите од Општина Центар. Откако испекторите изрекоа една од многуте забрани за градбa, Стојменов се караше, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна во март 2018, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stojmenov-pochna-sam-da-gi-uriva-stolbovite-za-hotelot-na-poraneshno-beko-vo-tsentarot-na-skopje-kade-4-godini-gradeshe-bez-dozvola/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

18 април 2023

СТОЈМЕНОВ ПАК ГО УРИВА ОНА ШТО ГО ИЗГРАДИ НА ДИВО НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО СКОПЈЕ, НЕ МОЖЕ ДА ГРАДИ ДОДЕКА ИМА СУДСКА ПОСТАПКА

Фирмата „БС Консалтинг“ од викендов продолжи со уривање на она што досега го изгради на диво на локацијта на поранешно „Беко“ во строгиот центар на Скопје. Со багери се уриваат бетонските столбови кои се кренати. Уривањето почна уште лани во септември, но траеше кратко време, по што работите беа стопирани.

„За постојниот објект има издадено одобрение за уривање. Дозвола за градба на нов објект нема издадено и не може да се даде додека се води постапка пред Управен суд, бидејќи инвеститорот во минатато градеше без дозвола за градба“, велат од Општина Центар.

Основното јавно обвинителство лани поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“. Обвинението беше поднесено две години откако Општина Центар поднесе кривична пријава против градежникот.

Фирмата „БС Консалтинг“ во времето на градоначалникот Андреј Жерновски доби дозвола за доградба и надградба на постојниот објект кој со години работеше како хотел. На почетокот на градежните работи им било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа сопственикот го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, градителот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stojmenov-pak-go-uriva-ona-shto-go-izgradi-na-divo-na-poraneshno-beko-vo-skopje-ne-mozhe-da-gradi-dodeka-ima-sudska-postapka/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

19 март 2024
ЛЕТААТ ЛИМОВИ И ДАСКИ ОД ГРАДИЛИШТЕТО НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ КОЕ СО МЕСЕЦИ Е НЕЗАШТИТЕНО

Градилиштето на поранешно „Беко“ во строгиот центар на Скопје со месеци стои со урната лимена оргада и од него висат даски. Кога дува ветер лимовите летаат на пешачката патека и Плоштадот ВМРО.

Околу градилиштето, кое стои разурнато со години, се наоѓаат повеќе државни интституции и секојдневно вработени и граѓани минуваат покрај него, но никој не реагираа. Ги нема ниту инспекторите на Општина Центар да го казнат инвеститорот „БС Консалтинг“.

Фирмата „БС Консалтинг“ во времето на градоначалникот Андреј Жерновски доби дозвола за доградба и надградба на постојниот објект кој со години работеше како хотел. На почетокот на градежните работи им било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа сопственикот го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, градителот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше и добиваше казни од Општина Центар.

Во времето на ексградоначалникот Саша Богдановиќ беше поднесена и кривична пријава против сопственикот на фирмата Борис Стојменов, а две години потоа Обвинителството поднесе обвинение за градење на диво.

Инвеститорот лани почна да го урива она што го изгради на диво, односно беа урнати столбовите. Оттогаш таму нема никаква активност ниту некој го обезбедува градилиштето.

Архитектката Мимоза Несторова-Томиќ која е авторка на поранешно „Беко“, една од најреномираните автори и урбанисти во Македонија, неколку пати реагираше за тоа како ја срушија зградата без да ја консултираат и без фелата да ја одбрани.

Несторова-Томиќ како авторка на проектот рече дека воопшто не се издржани објаснувањата на инвеститорот дека имале проблеми со статиката, па затоа морале да го урнат објектот.

„Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, оти 4 месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи“, реагираше Несторова-Томиќ кога зградата беше урната.

„Ако има потреба за реновирање на фасадата може да помогне архитектот, но не можете да му го рушите објектот и да го негирате објектот затоа што не го сакате архитектот. Од една страна ние сме први сеирџии, а од друга страна тој антагонизам е многу присутен . Колегијалноста ја нема“, ни рече Несторова-Томиќ.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/letaat-limovi-i-daski-od-gradilishteto-na-poraneshno-beko-vo-tsentarot-na-skopje-koe-so-mesetsi-e-nezashtiteno/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

15 јули 2025
ПОВРЕДЕН 64-ГОДИШНИК ОТКАКО ЛЕТНА ЛИМ ОД ГРАДИЛИШТЕТО НА „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Утрово повреден е 64-годишник откако летна лим од градилиштето на поранешно „Беко“ во центарот на Скопје. Како што раскажуваат очевидци за САКАМДАКАЖАМ.МК лицето со точак се движело по пешачката патека покрај градилиштето. Парче од лимовите со кои е заградено градилиштето летнало право врз него, по што тој паднал. Од падот извесно време бил во бессознание, а добил и исекотини по телото.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на улица Даме Груев во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Од Општина Центар до објавување на текстот не добивме одговор зошто дозволуваат небезбедно градилиште во центарот на градот.

Градилиштето на поранешно „Беко“ е небезбедно оти постојано летаат парчиња од оградата и друг градежен материјал, но и покрај тоа никој не интервенира. Од Општина Центар при секој инцидент велат дека ќе му наложат на инвеститорот „БС Консалтинг“ да го обезбеди градилиштето, но тоа не е сторено.

Фирмата „БС Консалтинг“ во времето на градоначалникот Андреј Жерновски доби дозвола за доградба и надградба на постојниот објект кој со години работеше како хотел. На почетокот на градежните работи им било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа сопственикот го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, градителот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше и добиваше казни од Општина Центар.

Во времето на ексградоначалникот Саша Богдановиќ беше поднесена и кривична пријава против сопственикот на фирмата Борис Стојменов, а две години потоа Обвинителството поднесе обвинение за градење на диво.

Инвеститорот пред две години почна да го урива она што го изгради на диво, односно беа урнати столбовите. Оттогаш таму нема никаква активност ниту некој го обезбедува градилиштето.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/povreden-64-godishnik-otkako-letna-lim-od-gradilishteto-na-beko-vo-tsentarot-na-skopje/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Едно од идејните решенија за хотелот

Beko Hotel
Type: Invited competition
Location: Skopje, Macedonia
Client: Private investors

The location of the hotel is in the city center of Skopje, between a small pedestrian piazza and a frequent street. The project of the hotel is giving answers to several requests of different character. We wanted to design a hotel of an open character, allowing flow of people in the area. Our idea is that we bring people to come inside, go through the ground floor, use hotels amenities of public character and experience the hotel as a public space. With a good approach of distancing the “private and quite” spaces of the hotel, we created the open space both livelier, rich in content and in the same time with bigger economic potential.
Larger part of the ground floor where the reception is situated is designed as a closed passage through the building, from the street to the piazza.

Vertical communications lead the guests through five levels of opened, but more private lobbies that are visually connected with each other through the open air space of the passage.
Different types of rooms are allocated on the five levels offering different kind of experiences not only inside but offering different views on the surrounding.
Upper levels are again organized with more public content in mind- restaurant, bar, fitness & spa center and conference space. All of them organized according to the function allowing different types of privacy, moods and views, so that the hotel offers quality city content both for the guests and the citizens. It is more than a standard “still” hotel facade for the town, it is a living organism in the city life.





[ https://weareplatforma.com/projects/architecture/beko-hotel ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: