31.01.2025
Хотел “Бристол” / 1923





Хотелот „Бристол“ е подигнат во 1923 година и се вели дека е најстариот сочуван објект во Скопје со таа намена.
Браќата Атанас (Ташко) и Ристо Караџа, познати скопски трговци, откако ја основале својата фирма “Караџа Андровиќ и Ко” ја нарачале изградбата на Хотел Бристол кој бил изведен 1923 година, а свечено го пуштиле во употреба на 24 април, 1924 година. Позициониран о непосредна близина на Железничката станица тој претставувал вистинско место за престој и забава. Во него функционирал и првиот Ротари клуб од 1931 година.
Се карактеризирал со најдобар дизајн за своето време, овозможувајќи комфор и функционалност, имал на располагање простори за одржување свечености и настани, и собири на поголем број посетители.
Биле опремени 35 соби на располагање со еден или два кревета, со достапни ладна и тола вода и телефонски приклучок, како реткост за објект во своето време.
Покрај сместувањето, бил привлечен за пошироката јавност и по кулинарските специјалитети кој се подготвувале во хотелската кујна.
Во Хотел Бристол се спомнуваат голем број имиња на гости кои биле негови посетители; меѓу кои може да се набројатличности како Петре Приличко, Блаже Конески, поетот Раде Драинац.
Урбана легенда вели дека оревот на отворената тераса е симбол на љубовта помеѓу средбата на писателка и патописец Сесилија Изабел Ендрјус, под псевдоним Ребека Вест која била придружувана од српскиот интелектуалец Станислав Винавер како приказна во текот на 30тите год. од 20ти век, раскажано во романот “Црно Јагне, Див Балкан” од Петре Бакевски.
Во 60тите и 70тите години, угледот на Бристол завзема различен правец, со што станува свратилиште на сексуални работнички, со што станува посетен од секаков карактер на посетители. Дури подоцна во 70тите во овој објект започнува со работа и диско-клуб “Таверна” во своите простории, со што станува меѓу главните места за ноќниот живот во Скопје на една генерација.
Меѓу последните од значајни настаните кој се случил во непосредна близина, е и атентатот на првиот и поранешен претседател Г-дин Киро Глигоров извршен на 3ти Октомври 1995 год.
Од Ноември 2012год, Хотел Бристол е и официјално затворен за комерцијална употреба, и стои како нем-сведок за случувањата во Скопје.
[ https://marh.mk/hotel-bristol-1923/ ]
04.11.2025
Нови сопственици, и веднаш нова слика и акција: СЕ РЕНОВИРААТ ХОТЕЛИТЕ БРИСТОЛ И АРАПСКА КУЌА - ЈАДРАН
Старите, легендарни хотели Бристол и Арапска куќа Јадран се враќаат во живот откако сопственикот Македонијатурист доби нови акционери, од кои еден од поголемите акциоенри е Македоноец кој со децении успешно работи хотелиерство во Чешка и други држави од средна Европа, и донесе искуство и организација која во Македонија недостасува.
Хотел Бристол, во центарот на Скопје, е првиот објект кон кој се пристапува со негова реконструкција и осовременување. Тоа е хотел кој има легендарно минато, за него се врзуваат децении на култно место, со славни гости, меѓу кои и Гркот Зорба опеан и прославен во еден од најпознатите холивудски филмови кој го носи неговото име, а актерот Ентони Квин го оживеа неговиот лик.
Од Македонијатурист најавувааат дека освен него, планираат целосно да реконструираат уште три препознатливи хотели во Скопје: Турист, Белви и хотел Јадран, пради својата ориентална фасада познат како Арапска куќа.
Деновиве веќе е објавен јавен повик за прибирање понуди за изработка на идеен проект, основен проект со сите фази, како и проект за ентериерно уредување за трите хотели, на кој се повикуваат да достават понуди сите овластени проектантски бироа најдоцна до 17 ноември годинава.
Изборот ќе биде направен почитувајќи го принципот на најдобар сооднос помеѓу времето потребно за изработка на проектот, цената на неговото чинење, како и референтната листа како ваше портфолио за изработка на проекти од ваков вид на дејност, како параметри со еднакво значење при изборот.
Хотелот Јадран, како и хотелот Бристол, е категоризиран како значајно културно наследство и во однос на истиот ќе се применат сите дополнителни законски прописи за заштита на културното наследство.
Сите овие хотели во изминатите години беа или затворени или запуштени, а Македонијатурист немаше интерес досега да ги обнови, затоа што се работи за скапа инвестиција. Но, потоа дојде до промена на сопственичката структура во фирмата, со големо вложување од неколку десетици милиони евра на четворица нови акционери, двајца меѓу најактивните во градежништвото, еден познат и успешен во трговијата и четвртиот наш Македонец кој со децении работи во Чешка и, по иуспешна инвестиција во приватна клиника сега вложува во хотелерството што е негов основен бизнис во Европа.
Најстар од овие хотели е Бристол, кој почнал да се гради во 1920 година, а свечено бил пуштен во употреба на 24 април 1924 година. Негови инвеститори и први сопственици биле браќата трговци Ташко и Ристо Караџа. Уште од отворањето, тие најчесто го издавале под наем, а за себего користеле единствено кога била нивната семејна слава, Свети Никола. Тогаш ги собирале своите деловни партнери и пријатели на прослава, во раскошните сали на хотелот.
Хотелот бил познат по забави, семејни прослави, во кои се собирале скопјани да танцуваат на музика, а преку лето уживале со пијалок на неговата голема летна тераса. Во 60-тите години му се урива реномето и неговите соби служеле за куси сексуални средби. Во 70-тите години во него се отвара популарната дискотека Таверна. Затворен е во 2012 година, а од неодамна се реновира и повторно ќе ги отвори вратите за посетители.
[ https://vecer.mk/makedonija/832a67b1-3ba8-42e2-866c-ca4d95bab3a1 ]
„Македонија турист“ ги продава хотелите „Бристол“ и „Јадран“, вложува 17,7 милиони евра во Ново Лисиче
објави Скопје1.мк
Компанијата „Македонија турист“ планира значајна реорганизација на своето портфолио на недвижности, со продажба на неколку познати објекти во центарот на Скопје и истовремена инвестиција во нов градежен проект во населбата Ново Лисиче.
Според предлог-одлуките објавени на Македонската берза, за кои акционерите треба да одлучуваат на собранието закажано за 22 мај 2024 година, за продажба се предвидени повеќе објекти што имаат историска и урбана вредност, но моментално не се во функција. Меѓу нив се хотелот „Јадран“, познат и како Арапска куќа, изграден во 1930-тите и ставен под заштита, како и хотелот „Бристол“, еден од најстарите хотели во Скопје, кој не работи од 2012 година. На листата се и објектот „Пивница“ на плоштадот „Македонија“ и трикатна зграда во строгиот центар на градот. објави Скопје1.мк
(ВИДЕО) Култниот хотел Бристол се продаде, Јадран или Арапска куќа нема да биде откупен од државата
Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, нов сопственик е ГМ Проперти.
Според „Company Wall“ мрежата, оваа фирма основана е пред две години и немала приходи ниту пак вработени. Податоците покажуваат дека е под финансиска изложеност со подигнато банкарско кредитирање од над 300 милиони денари или околу 5 милиони евра.
Сопственик на ГМ Проперти во моментов е Емил Кратовалиев, член на Управниот одбор на осигурителната компанија Уника . Основач заедно со Кратовалиев бил и Зоран Антиќ, сопственикот на МГ Фешн и акционер на „Македонијатурист“ во чија сопственост е хотелот Бристол, но тој излегол од сопствеништвото во текот на март 2026 година.
Во мај годинава „Македонијатурист“ преку Македонска берза објави дека Собранието на акционери ја одобрило продажбата на хотелите. Покрај овие објекти, ќе се продаваат и становите што ги поседува ова акционерско друштво на улица Максим Горки и деловниот простор „Пивница“.
Хотел „Бристол“ со синџир на врата прослави 100 години
Кастрофалниот земјотрес во 1963 година затрупа 80% од градителското наследство во Скопје, а оние згради кои преживеаја никогаш не станаа приоритет на на заштита. Меѓу нив и култните хотели „Бристол„ на улицата „Македонија и хотелот „Јадран“ на улицата „Никола Кљусев“.
Хотелот „Бристол“ во 2023 година требаше да прослави 100 години од своето постоење, но е затворен со години. Се наоѓа во близина на старата Железничката станица и е крстен според истоимениот ланец хотели. Браќата Атанас и Ристо Караџа, кои биле ценети скопски трговци и угледни граѓани, го изградиле хотелот „Бристол” во 1923 година. Во собите вовеле и телефонски приклучоци, а имале гаража со капацитет за неколку автомобили.
Познатата англиска писателка и патописец Сисилија Изабел Ендрус, позната под псевдонимот Ребека Вест, неколкупати ја посетила Македонија и престојувала во „Бристол“во периодот меѓу двете војни заедно со нејзиниот придружник Константин кој е протагонист во нејзината книга „Црното јагне и сивиот сокол”. Помеѓу нив се раѓа љубов, а огромниот орев во бавчата на хотелот кој фрла дебела сенка врз терасата на ресторанот е спомен на таа љубов која ја опишал и писателот Петре Бакевски во неговиот роман „Црно јагне, див Балкан”.
„Бристол“ кој беше сведок и на атентатот врз првиот македонски претседател Киро Глигоров.
„Македонија турист“, сопственик на хотелот „Јадран“, познат и како Арапска куќа, го понудил објектот за 1,9 милиони евра, а Управата за заштита на културното наследство, во име на државата, го известила дека нема да го купи, објави БИРН.
Понудата до Управата значи дека „Македонија турист“ не може во иднина на кого било да го продаде објектот поевтино од сумата која е наведена, но истовремено значи дека Арапска куќа ќе добие нов приватен сопственик.
Хотелот „Јадран“, пак, пред да стане угостителски објект бил познат како „Арапска куќа„ и се наоѓа во строгиот центар на Скопје на малиот плоштад кој го носи неговото име, сквер Јадран.
Градбата била дело на архитектот Иван Артемушкин, руски мигрант кој ја завршил во 1938 година, а ориенталната архитектура била сопственост на браќата Дикиџијан кои биле трговци со ерменско потекло познати по производството на свилени шамии во Скопје. Градската легенда вели дека Агоп Дикиџијан ја гради оваа вила како подарок за својата невеста Агавни.
Поради својата архитектонска особеност, Арапската куќа е прогласена за историски споменик на културата, а нејзиното последно преуредување е направено во 1989 година.
Македонија турист“ ги поседува и хотелите „Белви“, „Бест-вестерн“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои, за разлика од овие што се продаваат, се активни и работат.