Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Домови за стари лиц...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Домови за стари лица

14 Написи
3 Корисници
9 Реакции
478 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#1110]

Во оваа нишка може да ги следиме проектите поврзани со изградба,реконструкција на објекти наменети за стари лица низ државата.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Од изградбата на Домот за стари лица Втора Младост на Адора во населба Илинден
Почеток на градба 2016,но мислам дека до денес сеуште не е пуштен во употреба

Домот за стари лица Илинден, до Скопје, располага со сместувачки капацитет за над 200 лица, за кои ќе се грижи стручен персонал од околу 60 вработени. Објектот е проектиран на приземје и пет ката, со дел за домување и заеднички простории за лекување, нега и рехабилитација, ресторан, кујна, тераси и придружни содржини. Капациетот ќе понуди комфорно сместување и соодветна грижа со најсовремени услови за удобно живеење, медицински услуги и здравствена заштита, исхрана, рекреација, спорт, забава и релаксација. Комплексот, осмислен според најсовремените европски стандарди и персонал со врвни професионалци, лекари, медицински сестри, негователки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи, угостителски и спортски работници, на највозрасните граѓани ќе им овозможи одлични услови за долго, безгрижно и хумано живеење.

Домот за стари лица е со хортикултурно оплеменета и концептуално креирана околина, со содржини за рекреација, спортски терени и различни услужни дејности, за прошетки, одмор, забава и другарување на лицата во домот со нивните посетители и гости. Комплексот за стари лица е изграден по универзална, докажана, стандардизирана методологија за висококвалитетна, стабилна, современа и внимателно осмислена градба на брендот Адора.










[ https://adora.com.mk/proekti/dom-za-stari/ ]
[ https://www.facebook.com/adora.business.group/photos_by ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Од почетокот на изградбата на Дом за стари лица во Зрновци 09.2025

Денес свечено беше означен почетокот на изградбата на Дом за стари лица во Општина Зрновци – проект кој го изработивме во нашето студио Superblock.
На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Општина Зрновци Борчо Коцев, како и претставници од страна на инвеститорот Еко-Пак Хит.
Објектот ќе се простира на 1.770 м² бруто површина и е проектиран со капацитет од 64 легла, со јасна цел да обезбеди функционален, достоинствен и удобен простор за сместување и нега на највозрасните.





[ https://www.facebook.com/SuperblockStudio ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

07.2025

Дом за стари лица - "ФИЛИП СТОИЧОВ" с. Тработивиште
Инвеститор: фам. Стоичови
Проектант: ГП-Архитекти - Делчево
Изведувач: Ринџи Компани
Надзор: ГП-Архитекти - Делчево



[ https://www.facebook.com/gpaarchitecture ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ПелаМед
Ул. Мајор Чеде Филиповски 31 1230 Гостивар

Cовремен, модерен и безбеден дом за стари лица, располага со 129 кревета, 45 апармани, специјално намети соби за постоперативна нега, ВИП соби, специјални програми за социјализација, соодветна технологија за постојан надзор, медицински и стручен персонал 24/7 часа, чист воздух, рекративни програми и излети.
Пеламед има специјално опремени соби за лица со посебни потреби како деменција, алцхајмер, неподвижнoст, или имаат потреба од постоперативна или друга специјална нега и грижа.

Од процесот на изградба(2017-2018)




























[ https://pelagonijagv.com.mk/proekti/pelamed/ ]
[ https://pelamed.mk ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

@stef4o





[ https://www.facebook.com/domoaza ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Изградба на Јавна општинска установа за вон семејна социјална заштита на стари лица во општина Кавадарци! Објект на општина Кавадарци, а стопанисувањето ќе биде заедничко со Министерството за труд и социјална политика. Овој дом ќе располага со капацитет од 57 легла, современо уредени и опремени со сите неопходни услови за достоинствен живот. Локацијата на објектот е внимателно избрана – веднаш до споменикот на Киро Крстев, во близина на паркот и службата за итна медицинска помош, што ќе обезбеди пристапност и мирна околина. Цената за престој ќе биде регулирана од надлежното министерство, со минимален надомест кој ќе овозможи еднаков пристап за сите пензионери. Овој проект, кој во целост е изработен од општинските служби, е дел од нашата локална стратегија за унапредување на грижата за постарата популација. Како локална самоуправа, остануваме посветени на реализацијата на проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.

https://www.facebook.com/share/v/18WZoef6ca/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=122111810774848105&set=a.122102229422848105 ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ОТВОРЕН НАЈСОВРЕМЕНИОТ ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО РЕГИОНОТ „ПУСЗ Оаза by Adora“ поставува нови стандарди






[ https://www.youtube.com/watch?v=tvfaCshJ6Sk ]

Лоциран во Општина Илинден, „ПУСЗ Оаза by Adora“ претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет за 150 корисници, додека во првата фаза започнува со работа со 64 корисници.

Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем на здравствена, социјална и психофизичка поддршка, достоинствен живот и активно секојдневие.

Во состав на „ПУСЗ Оаза“ функционира сопствена амбуланта „Оаза Медика“, амбулантно возило, најсовремено опремена сала за физикална терапија, фризерско студио, како и „Оаза“ кафе-бар – простор за дружење на корисниците, посетителите и нивните семејства.

Дел од комплексот е и „Парк Оаза“, уреден зелен простор за прошетки, рекреација и социјални активности. Со овој интегриран и современ пристап, „ПУСЗ Оаза“ поставува нови стандарди во регионот и претставува пример за европски модел на грижа, кој обезбедува безбедна, топла и достоинствена средина за живот на повозрасните лица.

Комплексот е проектиран како самостоен и енергетски ефикасен објект, со современи системи и соларни панели, развиен според европски концепти и искуства стекнати преку посети на установи во Италија и Швајцарија.

Во рамки на комплексот, кој се простира на околу 8.000 квадратни метри, повеќе од 3.000 квадратни метри се зелени површини, создавајќи мирна и пријатна средина за живот, движење и социјализација.

„ПУСЗ Оаза“ е проект на Адора Бизнис Групација, компанија која 24 години успешно делува во државата и регионот, а со овој проект ја заокружува својата работа со силна социјална и хумана димензија.

Со инвестиција од околу 8 милиони евра, „ПУСЗ Оаза“ не се гледа како класичен бизнис-проект, туку како искрен придонес и враќање кон заедницата – современ дом создаден со цел да обезбеди достоинствена грижа, сигурност и подобар квалитет на живот за повозрасните лица.

Престојот во „Оаза“ носи сигурност и спокој за семејствата, со уверување дека нивните најблиски ќе ја добијат најдобрата можна грижа, внимание и целосна поддршка во секојдневниот живот.

[ https://plusinfo.mk/otvoren-na-sovremeniot-dom-za-stari-lica-vo-regionot-pusz-oaza-by-adora-postavuva-novi-standardi/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.






[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1604740914341162&set=pcb.1604741941007726 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@tatata)
Активен член
Се приклучи: пред 1 година
Објави: 12
 

Владата одобри средства за изградба на Дом за стари лица и за атмосферска канализација во Кочани

 

Со средства од унгарскиот кредит на Владата, во Кочани ќе се градат Домот за стари лица и атмосферска канализација.

–  Веднаш по стапувањето на функцијата в. д. градоначалник на Општина Кочани имав краток рок да одговорам на повикот на Владата за користење средства за капитални дотации.  Во тој период од Општината беа подготвени 10 проекти за апликација, од кои дел беа заробени во нецелосна документација. Благодарение на ажурноста на општинските служби,  успеавме да подготвиме нова апликација, со која му дадовме примат на Домот за стари лица, избирајќи го како капитален проект за Кочани. Од претходно подготвените проекти побаравме изведба на атмосферска канализација – објаснува в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

Со одлука на Владата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти  од областа на социјалната политика, демографија и млади, објавена во „Службен весник“, за изградба на Дом за стари лица во Кочани се одобрени 199.845.159 денари, од кои за реализација во 2025 година – 35 милиони денари.

https://arhiva.kocani.gov.mk/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD/

https://archive.ph/6hmlx



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, денеска во Кочани е означен официјалниот почеток на изградбата на Домот за престој на стари лица, со поставување на камен-темелникот на градежната парцела во кругот на поранешната касарна.

– Со реализацијата на овој проект, Кочани ќе добие современ објект наменет за организирано и групно домување на стари лица, со соодветни услови за престој, грижа и секојдневно функционирање на корисниците. Веќе се завршени подготвителните и земјените работи на ламелата 1, а ќе се продолжи со работите на ламела 2. За првата фаза е планирана градба до карабина со покрив и надворешна фасада, како и изведба на водовод и канализација, така што очекуваме овој објект да биде реалност, а не само ветување од предизборните програми – соопшти градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.

Домот е проектиран со приземје, три ката и поткровје. Градежната парцела има површина од 4.649 квадратни метри, додека површината за градба изнесува 3.254 квадратни метри. При градбата ќе се применат принципите на енергетска ефикасност, со решенија што треба да овозможат максимална заштеда на енергија и рационално користење на ресурсите.

Домот е со капацитет за 141 лице, од кои 47 места се наменети за лица со посебни потреби. Со тоа, објектот ќе обезбеди услови за различни категории корисници и ќе одговори на потребата од организирана институционална грижа и престој за старите лица. Проектното решение предвидува и придружни содржини со кои треба да се задоволат потребите на корисниците во секојдневниот престој, додека потребите за паркирање ќе се решаваат во рамките на градежната парцела. Во нејзините граници се планирани и пешачки и зелени површини.

Министерот Ѓоко Велковски го истакна значењето на заложбите на локалната самоуправа во започнувањето на градба на старечки дом, кој е од големо значење за општините од Источниот Регион.

Носител на групата економски оператори е „Фишер-Тихи“ од Куманово, заедно со „Стентон градба“ од Битола.
Вкупната вредност на договорот за изградба изнесува 247.677.656 денари, со вклучен ДДВ.

Со изградбата на Домот, градот ќе добие нова установа за престој на стари лица, проектирана да обезбеди соодветни просторни, функционални и енергетски услови за своите идни корисници.

 



   
Реагираше stef4o
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Изградба на дом за стари лица во Кавадарци✔️

Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, со што е направен значаен чекор кон реализација на овој важен проект.

Новата установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 м². Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари, од кои 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството, додека 5.437.963,88 денари се учество на Општина Кавадарци преку средства од општинскиот буџет.

До крајот на месецот се очекува да започнат градежните активности, со што проектот влегува во фаза на реализација.

Со изградбата на оваа современа установа, Кавадарци ќе добие значаен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, создавајќи подобри услови за грижа, сигурност и достоинствен живот.

Ова е инвестиција во луѓето, во социјалната сигурност и во подобра иднина за Кавадарци и неговите граѓани.

 



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Објавено од: @kavtown
↑

Изградба на дом за стари лица во Кавадарци✔️

Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, со што е направен значаен чекор кон реализација на овој важен проект.

Новата установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 м². Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари, од кои 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството, додека 5.437.963,88 денари се учество на Општина Кавадарци преку средства од општинскиот буџет.

До крајот на месецот се очекува да започнат градежните активности, со што проектот влегува во фаза на реализација.

Со изградбата на оваа современа установа, Кавадарци ќе добие значаен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, создавајќи подобри услови за грижа, сигурност и достоинствен живот.

Ова е инвестиција во луѓето, во социјалната сигурност и во подобра иднина за Кавадарци и неговите граѓани.

 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1521931663289212&set=a.449006310581758

 



   
ОдговорЦитат
Сподели: