06.02.2026
БУЛЕВАР ЦВЕТАН ДИМОВ КОНЕЧНО ОДИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА: Стартуваат подготовки за еден од најголемите сообраќајни проекти во Чаир
Оваа година се очекува почеток на активностите за реконструкција и проширување на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, еден од најоптоварените и најпроблематични булевари во Скопје, каде секојдневно се создаваат сообраќајни гужви.
Проектот доби зелено светло од Советот на Град Скопје, а за неговата реализација ќе биде потребна експропријација на околу дваесет објекти. Обврската за експропријација и финансирање на проектот ја презема Град Скопје, додека Општина Чаир ќе биде задолжена за изработка на проектната документација, преку воспоставена меѓуопштинска соработка.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека станува збор за комплексен и долг процес, кој нема да заврши за неколку месеци, бидејќи прво треба да се расчисти трасата и да се завршат сите административни и теренски подготовки.
Од Општина Чаир, градоначалникот Изет Меџити нагласи дека за проектот нема компромис, бидејќи „Цветан Димов“ е главна сообраќајна артерија на општината. Тој посочи дека објектите што ќе бидат отстранети ќе бидат обесштетени, а за таа намена е обезбеден буџет од 2 до 3 милиони евра.
Проектот опфаќа делница од крстосницата со улицата „Никола Карев“ до крстосницата со „Џон Кенеди“, со вкупна вредност од околу 150 милиони денари. Реализацијата е планирана во периодот од 2026 до 2028 година и ќе вклучи ново сообраќајно решение, зачувување на зеленилото и уредување на централниот појас.
Се премерува булеварот „Цветан Димов“ за да почне проширувањето
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен чекор кон реализација на проектот за булеварот „Цветан Димов“. Екипите на Општина Чаир, заедно со геодетски експерти, излегоа на терен за прецизно утврдување на трасата на булеварот.
Реализацијата на овој проект се очекува значително да го подобри сообраќајот и инфраструктурното поврзување на Чаир со Бутел, Шуто Оризари и околните општини. Според Меџити, проширувањето на „Цветан Димов“ претставува една од значајните инфраструктурни интервенции и долгогодишна потреба на граѓаните од овој дел на градот.
Градоначалникот Меџити истакна дека реакциите на граѓаните на терен се исклучително позитивни, бидејќи проширувањето на оваа сообраќајница се очекува директно да придонесе за олеснување на сообраќајот и подобрување на инфраструктурната поврзаност во овој дел на Скопје.
https://nezavisen.mk/se-premeruva-bulevarot-cvetan-dimov-za-da-pochne-proshiruvanjeto/
Значи сега е време лични желби, полево подесно, знаш_ли_ти_ко_сам_ја, преправки на траса... 🙂
Ајде со лесно... Се надевам побрзо ќе видиме конкретни активности на терен околу изградбата.

Добро е што нема да се сечат дрвата,ке се прошири за 14м од едната страна повнатре кон објектите,значи во правец кон Бутел од десната страна сите згради и објекти ке се рушат,со што булеварот би бил широк околу 35м.
Дрвата се најмалку битни!!! Без оглед на глупавиот притисок што се случува од јавноста, џабе се лијат солзи за секоја исечена гранка. Дрва ќе никнат нови, овие старите и така можда веќе се и при крај со животниот век. Не треба дрвата да не заслепуваат и да бидат било каков фактор при планирање на трасата. Впрочем и заради тој глупав притисок од јавноста, светло+камери на секоја акција на ЈП Паркови и Зеленило за кастрење на вегетација, што нормално се одвива по проценка од шумарски инженери, токму затоа се дигнати раце од било какво кастрење гранки и сечење суви дрва. Секоја власт, со разбирање, се плаши од негативна кампања. И затоа денес на секој помал ветер имаме масовно оштетени возила и повредени граѓани.
Оставете да се сечат дрва тамо кадешто сметаат и треба да се сечат. Нови ќе никнат, нема потреба да проектираме вечен коридор/булевар според дрво со просечен животен век од 40-50 години.

