Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Битолски сообраќај

5 Написи
2 Корисници
5 Реакции
2 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#851]

Во оваа нишка ќе го следиме развојот на инфраструктурата во Битола.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Битола доби нова туристичка атракција!
Ќе привлече ли Битола нови туристи ?
Атракцијата:
Трафостаница, за љубителите на мистерија -дали е под напон или само така изгледа?
Автентично дрво, за тие што сакаат да се поврзат со природата.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1579007280895086&set=pcb.1579007834228364 ]



   
2
phenomenon и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

Застој на булеварскиот влез кон Битола:

https://tera.mk/grebele-grebele-i-zaminale/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 

@stef4o

Moжеле и полошо, како на пример во Мелчор де Менкос во Гватемала.




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

АСФАЛТИРАЈ СИ – КОПАЈ СИ, ЧУЛАКОСКИ ОД „ПОИНАКУ“ ВО НОЌНА ИНСПЕКЦИЈА ОТКРИ НОВИ КРПЕНИЦИ НА НОВИОТ ВЛЕЗ ВО БИТОЛА, ОД ОПШТИНАТА ВЕЛАТ САНАЦИЈАТА ЌЕ ЈА ПЛАТИ ИЗВЕДУВАЧОТ

Советникот од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, Иван Чулакоски синоќа повторно тргна во инспекција на новоизградените делови од булеварскиот влез на Битола, кој е еден од капиталните проекти ветени од општинската локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Чулакоски на терен сними видео на кое се гледа дека на повеќе места се интервенира иако претходно веќе биле асфалтирани. Тој на снимката се обраќа до граѓаните на битолски дијалект:

„Крпеници наново, сечи- копај. Ова е влезот на Битола или еден од најголемите проекти на Коњановски, улица која беше 3 пати асфалтирана, 3 пати пропадна, 30 пати снимена, 40 пати сликана, 8 пати пуштена во употреба и ете како изгледа. Овде купој земја, оставено недовршено, овде на сред тротоар нешто имаат заборавено. Асфалтирај си- копиј си. Овде толка дупка, изгледа лопатата ја имаат загинато, па ја барат. Тротоарот пак пропаѓа, ќе треба асфалтирање шахти во пропаѓање. Чим е вака заградено, нешто пак се крие и ете знаев, на ново правено. Се крши пак“, вели Чулакоски.

По синоќешниот увид на Чулакоски, утрово на увид излегоа и секретарот на Општината Борче Димитровски со одговорните лица и претставник на фирмата изведувач. Димитровски изјави дека во моментов се постапува по забелешки на надзорот и дека корекциите ќе бидат на товар на изведувачот.

„Изведена е првата фаза во должина од 840 метри, а за хортикултурно да се уреди просторот од изведувачот е побарано да изврши корекција и да достави динамика за изведба на 11 позиции меѓу кои: поврзување на трајна водоводна линија, довод на водоводна линија за наводнување на зелените површини, отстранување на земја, корекција на велосипедските премини, корекција на жардиниерите, ограда на потпорен ѕид, корекција на асфалтот околу уличните сливници. Исто така, од надзорот е побарано да изврши проверка на 4 други позиции со цел да имаме комплетно и квалитетно реализирани активности согласно договорот“, рече Димитровски.

Во фирмата изведувач „БВ Инженеринг“ рекоа дека 95 проценти од работите се завршени, а со сегашниот увид се направил записник за позиции кои треба да се дозавршат. Ветија дека во рок од три недели ќе бидат комплетирани сите градежни активности, по што пак ќе следува надзор.

Слични ситуации имаше и на други новоасфалтирани или закрпени улици. На почетокот на април „Поинаку“ дигнаа дел од асфалтот на влезот од градот како да е тапета, а беше поставен во јануари непосредно пред доаѓањето на премиерот Христијан Мицкоски. За да се закрпат дупки на патот.

Чулакоски во мај 2025 година на сличен начин, со голема леснотија, откорна парчиња асфалт и од улицата Бурса, која распука за неполн месец по асфалтирањето. Во октомври истата година, по обилен дожд, настана оштетување на делови од новиот асфалт поставен на булеварскиот влез во Битола. На почетокот на 2024 година беа констатирани деформации на асфалтот и на новиот кружен тек кај Ветеринарната станица.

Општина Битола тогаш одговори дека оштетувањата се во гарантен период, па изведувачот ќе ги санира на свој трошок.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/asfaltiraj-si-kopaj-si-chulakoski-od-poinaku-vo-nokna-inspektsija-otkri-novi-krpenitsi-na-noviot-vlez-vo-bitola-od-opshtinata-velat-sanatsijata-ke-ja-plati-izveduvachot/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: