Од минатава недела почна да се расчистува теренот спроти ВИП Хотел близу малата бензинска на Макпетрол.
Не сум сигурен дали ќе се врши рушење и чистење на старата зграда сопственост на ВАТО ДОО(маркичка 2.4) или се работи за маркичка 2.3 сопственост на ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ИНЖИНЕРИНГ, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ ОМЕГА БИЛДИНГ ДООЕЛ СКОПЈЕ(на паркингот имаше коли со штипски регистрации а фирмава е поврзана со бивши Бетон Штип па поверојатно е да се работи за оваа маркичка).
Во ДУП и за двете парцели стои намена Б4(П+10) што би значело изградба на објект за деловна намена,но сепак можно е да испадне на крај нешто станбено-деловно со компатибилна намена на земјиштето.
На терен е почнато со чистење на високите треви и грмушки и околчување на парцелата која долго време беше депонија и див паркинг.Веројатно следниов период ќе следи оградување на локацијата.
На нишкава и дадов првично вакво име па ќе видиме понатаму за што проект станува збор маркичката е доста голема и со поспецифична форма.
Во прилог краток преглед на локацијата,извадок од ДУП и мои фотки правени деновиве од локацијата
Состојба на терен









