Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔ Министерство за н...
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔ Министерство за надворешни работи-Палата Борис Сарафов

8 Написи
1 Корисници
8 Реакции
7 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#984]

07.03.2025

МНР „прокиснува“, ќе потроши половина милион евра за настрешница

И во 2025 година ќе се издвојуваат пари за проектот „Скопје 2014“. На кровот на палатата „Борис Сарафов“, односно објектот на Министерството за надворешни работи, ќе никне челична настрешница, за која ќе бидат потрошени максимум до половина милион евра“, објави ТВ 21.

Договорот е веќе склучен со градежната компанија „Пирамид билдинг солушнс“, која била единствен понудувач. Тендерот е спроведен во поедноставена процедура, а компанијата му е веќе позната на министерот Тимчо Муцунски, од периодот кога беше градоначалник во Општина Аеродром.

Оваа фирма била најмена од страна на Општината во 2023-тата година, за одржување на хигиена и комунални услуги. Вредноста на договорот била 335 илјади евра, но од Град Скопје најавија казна од 88 илјади евра за Општина Аеродром, затоа што оваа фирма, наместо во „Дрисла“ сметот го одлагала до седиштето на ФФМ во Ново Лисиче. Муцунски, тогаш во својство на градоначалник, овие наводи ги демантираше.

Компанијата што ќе ја гради настрешницата на МНР често конкурирала на огласите на Општина Аеродром. Па така, го добила и тендерот од околу 700 илјади евра за реконструкција на скверот позади трговскиот центар Капитол.

Во јавно достапните документи од тендерот се наведува дека настрешницата ќе зафати околу 1.300 квадратни метри околу главната купола на кровот, но ќе се внимава и на поставените статуи.

„Изработката на основниот проект, предмет на оваа јавна набавка е со цел да се обезбеди валидна техничка документација за имплементација на градежни и градежно-занаетчиски работи за изведба на натстрешница над последното ниво – рамната тераса на објектот на МНРиНТ на улица „Филип Втори Македонски“ број 7, Скопје со цел на заштита од атмосферски влијанија (дожд, снег и град), со конструктивно и техничко решение во еден поголем дел за да на истата се постават фотоволтаични панели во иднина“, стои во проектната програма за јавна набавка.

Андреј Жерновски, до скоро амбасадор во Романија, жестоко удри за настрешницата.

„Не мора да се носат наочари за сонце, бидејќи не’ зафаќа се’ поголема сенка! Токму овој потег е она што и’ недостасуваше на македонската дипломатија последниве осум месеци. Очекувам со новата настрешница од половина милион евра да зајакнат напорите, а со тоа и резултатите, за побрза интеграција во ЕУ. Неопходното продолжување на проектот “Скопје 2014” не само што ќе биде поздравено од идејниот творец кој е на печалба во Будимпешта, туку сум убеден дека ќе биде и едногласно поздравено во седиштето на НАТО. Таму, веќе е познато дека не може да се биде рамноправен член без соодветен чадор”, напиша тој на Фејсбук.

Од Министерството за надворешни работи порачаа дека изградбата на настрешница над рамната тераса на објектот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е проект кој првично бил планиран за реализација во 2022 година.Како што велат, неговата цел е трајно решавање на долгогодишните проблеми со протекување на терасата, кое се јавува при секој пообилен дожд.

[ https://nezavisen.mk/mnr-kje-potroshi-polovina-milion-evra-za-natstreshnica/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

МНР ќе добие настрешница од 500 илјади евра: Фирмата изведувач веќе му е позната на министерот Муцунски

Компанијата што ќе ја гради натсрешницата на МНР, често конкурирала на огласите на Општина Аеродром. Па така, го добила и тендерот од околу 700 илјади евра за реконструкција на скверот позади трговскиот центар Капитол, а на почетокот на градежните активности во февруари годинава, присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

[ https://mk.tv21.tv/mnr-ke-dobie-nastreshnitsa-od-500-iljadi-evra-firmata-izveduvach-veke-mu-e-poznata-na-ministerot-mutsunski/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16.12.2025

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР


Надградба наѕира на кровот на зградата на Министерството за внатрешни работи, информираше Марх.мк.
Архитектот и основач на порталот за архитектура Филип Конески во колумна реагира дека изминатиот месец, јавноста е сведок на оваа надградба, чија намена не се знае.

„Па така, одлучивме на светот да му покажеме, како тоа се прави во Македонија. Надградба небаре е ова домата твоја ( и тогаш е погрешно, но… ), пропорции никакви мислиш ресторан за свадби се подготвува горе. Веројатно и тоа и е функцијата на оваа надградба, за коктелчиња со поглед, приеми и сл“, реагира тој.

[ https://faktor.mk/foto-nadgradba-nadzira-na-krovot-na-mnr ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Министерството за надворешни работи одлучи да му покаже на светот како тоа ние го правиме!


[ https://marh.mk/mnr-odluchi-da-mu-pokaze-na-svetoto-kako-toa-nie-go-pravime/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денешни

Се привршува со конструкцијата за настрешницата која веројатно се поставува поради прокиснувањето кое го има на горните катови







   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Расте металното чудовиште врз МНР – ќе ги штитело спомениците од дожд?

Металното чудовиште врз МНР веќе се издига над покривот на зградата „Борис Сарафов“ во центарот на Скопје, каде што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија гради челична настрешница вредна до околу 500.000 евра, со образложение дека треба да ги заштити покривот и поставените споменици од дожд, снег и град. Фотографијата од објектот ја прави уште поочигледна диспропорцијата меѓу гломазната метална конструкција, цената на зафатот и намената што институцијата ја претставува како техничко решение.

Според јавно објавените информации за набавката, настрешницата треба да зафати околу 1.300 квадратни метри околу главната купола на покривот на МНР. Во проектната документација се наведува дека целта е заштита од атмосферски влијанија, а во еден дел од конструкцијата во иднина се планира и поставување фотоволтаични панели. Така, објект од „Скопје 2014“, веќе оптоварен со тешка фасадна симболика и спорна естетика, добива нова метална надградба што треба да го штити токму украсниот товар што претходно беше поставен врз него.

Апсурдот е во размерот. За заштита од дожд на споменици и покрив се гради челичен костур што визуелно доминира над зградата, а сметката достигнува 34 милиони денари со ДДВ. Наместо едноставна санација на протекување, јавноста сега гледа масивна конструкција што личи на уште една фаза од истата архитектонска логика која со години го претвора центарот на Скопје во експеримент со фасади, куполи, статуи и дополнителни „корекции“ врз веќе спорни објекти.

Договорот е склучен со градежната компанија „Пирамид Билдинг Солушнс“, која, според објавените информации, била единствен понудувач во постапката. Постапката била спроведена како поедноставена јавна набавка. Истата фирма веќе се појавувала во јавните набавки на Општина Аеродром во периодот кога Тимчо Муцунски беше градоначалник, вклучително и преку договори за комунални услуги и реконструкции.

Токму таа врска ја отвори политичката критика околу проектот. СДСМ претходно тврдеше дека Муцунски и „Пирамид Билдинг Солушнс“ се дел од поширока тендерска мрежа и го поврза случајот со продолжување на практиките од „Скопје 2014“. Од партијата обвинија дека во Аеродром фирмата добила повеќе проекти, а дека сега во МНР продолжува со договор за настрешница од половина милион евра. Министерството и Муцунски ги отфрлија обвинувањата, наведувајќи дека постапката била законска, транспарентна и спроведена според важечките процедури.

Но и надвор од партиските обвинувања, останува суштинското прашање: како државата повторно доаѓа до ситуација во која за објект од спорниот проект „Скопје 2014“ се отвора нова скапа интервенција, овојпат за да се заштитат елементите што сами по себе беа дел од претходното скапо украсување на јавниот простор. Ако покривот прокиснува, тоа е инфраструктурен проблем. Ако решението е конструкција што изгледа како нова метална надградба над барокен декор, тогаш проблемот е и урбанистички, естетски и политички.

Платформата „Македонска архитектура“ претходно реагираше дека надградба на зградата на МНР, како еден од објектите од „Скопје 2014“, се коси со принципите на естетиката. Денешната слика од покривот само ја засилува таа критика: наместо смирување на штетата од претходниот проект, просторот добива нов слој метал, нов трошок и нова визуелна тежина.

Во јавната набавка објаснувањето е техничко, но политичката порака е многу поширока. Половина милион евра за настрешница што ќе ги штити спомениците од дожд звучи како реченица што сама ја опишува логиката на „Скопје 2014“: прво се трошат јавни пари за декоративна монументалност, потоа се трошат нови јавни пари за таа монументалност да не пропаѓа под временските услови.

На покривот на МНР сега не расте само конструкција од челик. Расте и старото прашање колку уште ќе чини одржувањето на еден проект кој одамна излезе од рамките на архитектурата и стана симбол на трошење, естетска пренатрупаност и институционална неспособност да се стави крај на неговите последици.

[ https://racin.mk/vesti/raste-metalnoto-chudovishte-vrz-mnr-ke-gi-shtitelo-spomeniczite-od-dozhd ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

од твитер



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денешни




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: