Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
📢Администра...
 
Известувања
Исчистете ги сите

📢Административен објект на ИВЗ(Скопско Кале)

3 Написи
2 Корисници
0 Реакции
12 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2844
Стартер на тема   [#1210]

Нов административен објект на ИВЗ ќе се гради кај Скопското кале

Исламската верска заедница добила дозвола за изградба на нов административен објект во близина на Скопското кале во Скопје. Од Заедницата велат дека станува збор за реализација на долгогодишна заложба, а со новото седиште ќе се обединат дирекциите и административните единици на Ријасетот.

Според соопштението на ИВЗ, проектот е резултат на ангажманот на поглаварот, реис-ул-улема Шаќир Фетаи, со поддршка од муфтиите, органите на Заедницата, Факултетот за исламски науки, „Иса Беу Медреса“, вработените, имамите и верниците. Благодарност е упатена и до претставниците на владејачката коалиција Вреди за нивната поддршка. објави Скопје1.мк

Од ИВЗ оценуваат дека новиот објект ќе придонесе за модернизација на институцијата и подобрување на услугите за верниците и поширокото општество.

Плановите за изградба на објект на оваа локација се актуелни уште од 2019 година. Тогашното раководство, предводено од Сулејман Реџепи, укажуваше на проблемите со денационализацијата и враќањето на верскиот имот. Според тогашните информации, ИВЗ имала поднесено околу 350 барања за денационализација, од кои биле решени само 40 проценти.

Едно од барањата било државата да додели земјиште во близина на Француските гробишта, во околината на Скопското кале, за изградба на резиденција и придружни објекти за поглаварот. Од ИВЗ тогаш тврдеа дека претходната влада им го ветила земјиштето, но подоцна тоа било продадено на бизнисменот Орце Камчев и групацијата МПМ. Наведоа и дека вложиле 80.000 евра за урбанизација на просторот и побарале промена на урбанистичкиот план на Општина Центар. објави Скопје1.мк

https://skopje1.mk/nov-administrativen-objekt-na-ivz-kje-se-gradi-kaj-skopskoto-kale?

 



   
Цитат
Ознаки на тема
(@ivan_s)
Доверлив член
Се приклучи: пред 2 месеци
Објави: 50
 

Ново седиште на ИВЗ, издадена е градежна дозвола. Треба да е некаде на кале...

https://ibb.co/FLVFQtsB


Оваа објава е изменета пред 4 дена од ivan_s

   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2844
Стартер на тема  

Објавено од: @ivan_s
↑

Ново седиште на ИВЗ, издадена е градежна дозвола. Треба да е некаде на кале...

https://ibb.co/FLVFQtsB

https://www.facebook.com/profile.php?id=61563836294499

 



   
ОдговорЦитат
Сподели: