Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Камен Мост-Скопје

3 Написи
1 Корисници
0 Реакции
27 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2294
Стартер на тема   [#1176]

Камениот мост во Скопје — една од најзначајните знаменитости на градот. Сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија.[2] Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 г., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446; 1451-1481), во периодот меѓу 1451 и 1469 г. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје, кој пак грб е насликан на знамето на Скопје во жолто-златна боја

 

Првобитен изглед

Во својата првобитна форма, мостот имал 13 сводови, со вкупна должина 213,85 м. и ширина од 6,33 м. Тој бил изграден од травертински блокови наредени со големо мајсторство и точност, меѓусебно врзани со железни кламфи, зацврстени со леано олово, кршен камен и малтер употребени во внатрешноста на столбовите. Некои од нив - како што е на пример средишниот столб, кој во својот горен дел завршува со украсна ниша (стражарница), во својата внатрешност имаат големи простории со двојна функција, да го намалат, оптоварувањето на столбот, но и да послужат како простории со пушкарници.

https://mk.wikipedia.org/wiki/Камен_мост_(Скопје)



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2294
Стартер на тема  

Камен мост затворен за пешаци – ќе се осветлува

Камениот мост во центарот на Скопје е затворен за движење на пешаци поради интервенција на осветлувањето, кое по долгогодишен период на нефункционирање ќе се санира со пари од турската општина Есенлер.

Работите ги изведува Град Скопје, а додека трае интервенцијата пешаците не можат да го користат мостот за преминување од едната на другата страна на Вардар.

Осветлувањето на еден од најпрепознатливите симболи на Скопје со години беше во лоша состојба. На делови од мостот останаа само кабли од украдените светилки, поради што Камениот мост во вечерните часови беше во мрак, посочуваат од Град Скопје.
 
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за таа цел имаше средба со делегација од турската општина Есенлер и со раководството на Халкбанк АД Скопје, пред неколку месеци, на која беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.
 

„Во рамките на проектот ќе бидат поставени современи LED-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што мостот ќе добие нова естетска димензија и уште посилно ќе го истакне својот историски идентитет. Со новото декоративно осветлување, Камениот мост ќе добие уште поголема препознатливост и ќе стане вистински ноќен симбол на Скопје, кој ќе ја истакне богатата историја и убавината на нашиот град. Упатувам искрена благодарност до Општина Есенлер за поддршката и посветеноста во реализацијата на овој значаен проект, како и до Халкбанк АД Скопје и до сите институции и поединци кои придонесоа за неговата подготовка и реализација. Оваа соработка е уште една потврда за силните пријателски односи, меѓусебната доверба и заедничката посветеност во унапредување и зачувување на културното наследство на Скопје“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук тогаш.

Камениот мост е една од најфреквентните пешачки врски во централното градско подрачје, поврзувајќи ги плоштадот „Македонија“ и Старата скопска чаршија.

https://nezavisen.mk/kamen-most-zatvoren-za-peshaci-kje-se-osvetluva/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2294
Стартер на тема  

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1624987505921199&set=pcb.1624988752587741



   
ОдговорЦитат
Сподели: