Почвата ја забележуваме дури кога ќе почнеме да ја губиме
Човекот секојдневно оди по неа, гради врз неа и се храни од неа, но ретко ја гледа како природно богатство. Почвата е речиси невидлива во јавните дебати. За водата зборуваме кога има суша. За воздухот – кога загадувањето станува неподносливо. За шумите – кога ќе избувне пожар.
За почвата најчесто молчиме, а токму таа е основата врз која се потпираат земјоделството, производството на храна, шумите и цели природни екосистеми. Самото создавање на неколку сантиметри плоден почвен слој може да бара стотици години. Затоа почвата практично се смета за необновлив ресурс во временските рамки на еден човечки живот.
https://panoptikum.mk/pocvite-vo-makedonija-klima-erozija-plodnost/
Во Северна Македонија, дури 33,7% од почвата е зафатена со неприфатливи процеси на ерозија, а 28% е ранлива на опустинување. Тоа значи дека деградацијата на почвата веќе не е далечна еколошка закана, туку процес кој директно влијае врз земјоделството, безбедноста на храната, водните ресурси и економскиот развој.