Безбеден и организиран пристап до Рамстор Мол за време на реализацијата на новиот градежен проект
Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија,Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор.
Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и оперативни стандарди. Посетителите ќе можат непречено да ги користат постојните влезови на Рамстор Мол кои ќе бидат означени со соодветна пристапна и безбедносна сигнализација и регулиран пристап во зоната до и околу градилиштето.
Проектот се реализира согласно важечките урбанистички и технички прописи, со посебен фокус на безбедноста и функционалноста и минимизирање на влијанието врз секојдневното работење на соседните деловни и комерцијални објекти.
Се заблагодаруваме на граѓаните, посетителите и деловните партнери за разбирањето и довербата во текот на реализација на проектот.
Супермаркетот Рамстор, Рамстор трговскиот центар и сите негови содржини остануваат отворени и достапни за нашите посетители и потрошувачи согласно редовното работно време.
Се затвора паркингот покрај „Рамстор мол“, на негово место ќе се гради зграда

На просторот каде досега имаше паркинг, како што одговорија од Општина Центар за „Слободен печат“, е дозволена доградба до трговскиот центар кој има само деловна намена, при што е предвидена изградба на зграда од пет ката, плус приземје и поткровје.
Од „Рамстор мол“ денеска информираа дека се затвора паркингот покрај трговскиот центар на улицата „Свети Кирил и Методиј“ во Центар, бидејќи тој ќе се пренамени и ќе започне изградба на деловно-станбен објект кој ќе има три подземни нивоа наменети за паркирање.
Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија, Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор- велат од Рамстор мол.
Во соопштението наведуваат дека претстојните градежни активности воопшто нема да го блокираат влезот во трговскиот центар, ниту пак ќе влијаат на работењето на сите маркети, продавници и услужни објекти, кои ќе продолжат да работат по редовно работно време.
-Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и оперативни стандарди. Посетителите ќе можат непречено да ги користат постојните влезови на Рамстор Мол кои ќе бидат означени со соодветна пристапна и безбедносна сигнализација и регулиран пристап во зоната до и околу градилиштето. Супермаркетот Рамстор, Рамстор трговскиот центар и сите негови содржини остануваат отворени и достапни за нашите посетители и потрошувачи согласно редовното работно време- изјавија од трговскиот центар.
На просторот каде досега имаше паркинг, како што одговорија од Општина Центар за „Слободен печат“, е дозволена доградба до трговскиот центар кој има само деловна намена, при што е предвидена изградба на зграда од пет ката, плус приземје и поткровје.
– Станува збор за ДУП за Градска четврт Ц 06 – Стара железничка станица. На парцелата на Рамстор дозволена е доградба до постојниот објект со деловна намена, со катност П+5+Пк појаснија од Општина Центар.
Незнам другите какво мислење имате, но за мене уште една зграда тука е огромна глупост. Што ќе го правиме Скопје, Њујорк со сите овие згради напикани една до друга?!
И каде што булеварот Св. Кирил и Методиј во моментов е преоптеретен во однос на гужва и сообраќај со зградава уште толку ќе направат гужва.
Добро ајде што некој ја одобрил зградава, има ли некои експерти за сообраќај во Град Скопје и по општиниве и да каже дека нашава градска инфраструктура е смислена во Југославија за град што е дупло помал од Скопје во моментов?
Само иселување од Скопје ќе биде спас за многу брзо време...
Шокантна фотографија споделена на „Х“ од центарот на Скопје: Жртвување на овен за новата зграда до Рамстор Мол

На социјалната мрежа „Х“ беше споделена фотографија која шокираше многумина центарци, па и скопјани.
Пред неколку дена во јавноста се појави информација дека на местото на паркингот до трговскиот центар „Рамстор Мол“ во центарот на Скопје, ќе се гради нова зграда. На фотографијата која што е споделена се гледа легнат овен токму на просторот на овој паркинг, кој сега веќе е заграден со метална ограда, поради извесните градежни активности.
Во натписот на фотографијата стои: „Во Центар на Скопје, жртвување на овен за новата зграда до Ramstore Mall. Страшно вознемирувачко„.
Во споделување на оваа фотографија има најразлични реакции на социјалните мрежи.
„Ги помешале вековите“, се вели во еден твит.
Денешни
Поставен е рендер од проектот а на градилиштето има мал ископ











