Оваа нишка ги опфаќа станбените објекти кои се изградени,се градат и ќе се градат на територијата на Општина Аеродром со исклучок на деловите(Мичурин,Острово и Стар Аеродром како и сите оние комплекси за кои има посебни нишки)
Така што опфатени се
1.Реонски Центар
2.Станбена населба Лисиче
3.Делот поред Трета Македонска Бригада(поред пругите како и отспротива во линија кон Џеваир Скај Сити)
Од изградбата на згради во населба Лисиче,Реонски Центар и поред Трета Македонска Бригада(период 2011-2014)




































Поред Трета Македонска Бригада
Градени 2014-та како дел од проектот Старите касарни за нов развој каде конкретно дел од касарната Гоце Делчев беше отстапена за изградба на станбени згради


















По речиси 10 години од последно изградената зграда минатата година М3 Плус почнаа со нов проект на Трета Македонска Бригада во делот спроти Урбан Гарден
Фотки од процесот на изградба






















февруари 2026





[ https://www.skyscrapercity.com/threads/skopje-projects-construction.874912/ ]
Поглед кон станбените проекти во населба Лисиче



[ https://www.facebook.com/adora.business.group/photos ]
Од крајот на јануари годинава отпочна изградба на станбен објект во делот близу пругите поред Трета Македонска Бригада



[ https://www.skyscrapercity.com/threads/skopje-projects-construction.874912/ ]
СТАНБЕН ОБЈЕКТ ЛИСИЧЕ
Со задоволство најавуваме дека наскоро ќе започнеме со изградба на Станбен објект Лисиче – модерен станбен комплекс лоциран во тивката и зелена населба Лисиче.
Проектиран со прецизност и внимание на деталите, Станбен објект Лисиче ќе биде идеален избор за сите што ќе сакаат да живеат во мирна, но модерна средина.
Зградата ќе се состои од:
• Приземје кое ќе нуди лесен пристап и модерен влез
• Пет ката со разновидни станови кои ќе одговараат на потребите на секое семејство
• Поткровје за оние што ќе сакаат ексклузивност и простор со уникатен карактер
• Паркинг места на подземни нивоа


[ https://hanters.com.mk/objekt-lisiche/ ]
Локациски е на ул.Надежда Крупскаја(позади ОУ Александар Македонски)


Комплексот Урбан Гарден на Голден Арт завршен пред неколку години
Фотки од септември-октомври 2025



Денешни









СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ МАЈЧИН ДОМ
Станбената зграда се наоѓа на Бул.Јане Сандански, бб, Општина Аеродром.
Висината на објектот е П+8+Пк со две подрумски нивоа во кои е решено паркирањето.
На приземјето се проектирани деловни и магацински простории.
Станбената зграда располага со 248 станбеи единици решени во 4 влеза. Сите катови се со намена домување, со следната структура на станови: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови.
Објектот е пуштен во употреба во 2022 година.







[ https://zsf.com.mk/project/објект-за-мешана-употреба-мајчин-дом/ ]
Зградата на ЗСФ кај Мајчин дом
Во голем дел стана деловна со оглед на тоа што многу фирми се вселија по становите а исто така има и голем број станови кои се издаваат преку букинг и други платформи










































