Во оваа нишка ќе ги следиме актуелните и идни проекти на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор која на територијата на државата гради социјални и комерцијални згради.
Комерцијалната зграда која се гради на местото на старата воена пекара близу Дајмонд
април 2025



24 јануари, 2026
АДИССДП НАЈАВУВА – Нови станови и комерцијални проекти во 2026 година
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен прстор од значење за државата (АДИССДП) годинава ќе проектира и гради нови станбени објекти во Штип, Битола и Скопје, а ќе спроведе тендери за два комерцијални објекта во Охрид и Битола. Претпријатието во моментот ги спроведува тековните проекти во Скопје за станбен објект со 112 станови (целосно продадени), во Битола објекти со 65 и 60 станови и Охрид два објекта со вкупно 130 станови, наскоро започнува тендер.
Директорот на претпријатието Стефановски истакнува дека стабилизирањето на цените на недвижности зависи од пошироки економски услови, а АДИССДП создава реална референтна цена преку комерцијални проекти.
Исто така се градат и социјални станови (Ф/П 1674) и тоа 32 објекти низ државата, вклучувајќи Прилеп (62), Штип и Скопје (371), со цел подобрување на станбените услови за ранливи категории.
Во однос на деловни простории и катни гаражи продажбата и издавањето се транспарентни преку јавни огласи и електронско наддавање. Катните гаражи се користат со висок интензитет, а АДИССДП ја разгледува можноста за нови паркинг-капацитети, особено во Скопје.
[ https://nacionalno.mk/adissdp-na-avuva-novi-stanovi-i-komerci-alni-proekti-vo-2026-godina/ ]
Чисто ме интересира ваш поглед кон државните станови. Еве на пример во Битола започната од некаде октомври /ноември 2024, но минатата пролет и лето ништо не се градеше, па се почна некаде есента 2025. Рокот е до август 2026 и повеќе од јасно е дека ќе биде пробиен. Оваа година треба да започне со изградба на уште една - веднаш до оваа од левата страна. Искуства или совети? На 26.04.2026 зградата во Битола изгледаше вака:

Не би можел да кажам во однос на квалитетот,што се однесува до брзината на градба во Скопје со доста добра динамика градат комерцијална зграда зад Даре Џамбаз во Центар карабината е веќе затворена а почнува и фасадирањето.
Социјалните станови веројатно се со некој просечен квалитет по однос на ентериерно уредување и опремување и согласно одредени критериуми треба да им се доделуваат на социјално ранливите категории на лица и семејства во социјален ризик.
Во однос на комерцијалните станови најавуваа дека со нивната изградба се прави обид за регулација на цените на становите и пазарот на недвижности но се чини дека ефектот не се постигнува бидејќи становите се продаваат по пат на аукција при што се почнува со цена од 1300 евра а крајната цена по која се продава станот достигнува и до 2600-2800 евра.
Притоа немаат многу големо влијание и удел на пазарот споредено со приватните инвеститори бидејќи во Скопје нудат околу 200-300 станови наспроти илјадници станови понудени од приватни компании.
Во однос на цената, во Битола имаше станови кои беа купени од 1001€, до 1300€, па и повеќе.
Што се однесува до материјалите, според она што го пишува на шемите, ѕидовите помеѓу собите во еден стан би биле со гипс картонски плочи, додека помеѓу становите со блокови. За подовите пишува трислоен паркет, но веројатно станува збор за трислоен ламинат.
Според мене, доколку продолжат со ова темпо, зградата би била готова некаде крајот на 2027. Дали е реално или не, времето ќе покаже.
А тоа, дека со 4-5 згради во цела држава ќе се намали цената на квадратот - секако дека не е така, туку ако некој успее да купи по овие цени, во ред, за останатите, пак исто ќе биде скапо.
Распределни 47 социјални станови во Дебар
https://www.facebook.com/photo?fbid=1609720513843102&set=pcb.1609720583843095
Државата ќе гради комерцијални станови во Охрид, склучен договор со тетовска компанија со косопственик на црната листа на САД
Околу 3,85 милиони евра со ДДВ ќе чини изградбата на новиот комерцијален објект на државното Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Охрид. Договорот е склучен со тетовската градежна компанија ЦЕАЦОН, а предвидениот рок за изведба е 18 месеци од воведувањето на изведувачот во работа.
Објектот ќе се гради во Блок 8.2, на градежната парцела 7.10. Според претходно објавената документација на АДИССДП, станува збор за комерцијален објект со ориентациона бруто-површина од 8.108 квадратни метри. Со споредување на квадратурата со договорената вредност, изградбата излегува околу 475 евра со ДДВ за бруто-квадрат.
За конкретната зграда на парцелата 7.10 во достапните документи не е наведен точниот број станови. Познато е дека државното друштво планира две комерцијални згради во Охрид со вкупно 130 станбени единици. Во јули минатата година директорот на АДИССДП, Марјан Стефановски, соопшти дека постапката за едниот објект е во тек, а за вториот треба да следува дополнителна постапка.
Најголемиот дел од договорените 3,85 милиони евра со ДДВ оди за самата градба. Градежните и градежно-занаетчиските работи чинат околу 3,24 милиони евра, електротехничките работи околу 264.500 евра, водоводот и канализацијата околу 203.300 евра, а машинските и термотехничките инсталации околу 122.300 евра. За заштитна јама се предвидени околу 18.000 евра, а за сообраќајни работи околу 2.800 евра. Сите овие износи се со пресметан ДДВ.
Пресметката од 475 евра се однесува на бруто-површината на целата зграда. Во неа влегуваат ходниците, скалиштата, заедничките и другите површини, па трошокот пресметан само врз квадратите што ќе можат да се продаваат ќе биде повисок. Точната продажна квадратура засега не е јавно објавена, па во оваа фаза не може прецизно да се пресмета ниту приходот од продажбата.
Сепак, комерцијалниот модел на АДИССДП остава простор за интересна финансиска споредба. Во државната зграда кај „Даре Џамбаз“ во Скопје, која има 112 станови, почетната продажна цена била 1.450 евра за квадрат, а на јавните наддавања биле постигнувани цени од околу 1.600 до 1.916 евра за квадрат. Сите станови во тој објект се продадени. За охридската зграда продажната цена допрва треба да биде утврдена, а токму таа, заедно со конечната продажна квадратура и останатите инвестициски трошоци, ќе покаже колкава заработка може да донесе проектот.
АДИССДП го претставува проширувањето на изградбата на комерцијални станови како начин за зголемување на понудата и влијание врз цените на недвижностите. Во програмата на друштвото остануваат двата планирани охридски објекти со вкупно 130 станови.
По завршувањето на изградбата, државното друштво ќе ги понуди становите на продажба преку јавно наддавање, односно тие се градат како комерцијални станови наменети за продажба на граѓани.
Дополнително внимание привлекува и избраниот изведувач. Според јавно достапните деловни податоци, ЦЕАЦОН има 35 проценти сопственички удел во „АНИ-ЕНЕРГЕТИК“ од Тетово, каде што Нури Беџети е управител и сопственик на 59 проценти. Таа сопственичка структура е заведена од септември 2023 година. Беџети е име што се наоѓа на американската санкциска листа во рамките на санкциите поврзани со Западен Балкан.















