Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

📢Level-GA-бул.Србија-Аеродром

7 Написи
1 Корисници
0 Реакции
585 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема   [#1179]

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО LEVEL!

Ново ниво на урбано живеење пристигнува во срцето на Аеродром.

Современи станбени и деловни простори, препознатлива архитектура и функционални решенија, создадени за динамиката на современиот живот.

📍 Одлична поврзаност со бул. Србија и бул. 12-та Македонска Бригада

 



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема  

Се работи за локацијата на аголот меѓу бул.Србија и бул.12 Македонска Бригада спроти комплексот 4 Степени 

 



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема  

Од понудата на станови

Левел е современ станбено-деловен објект во срцето на Аеродром, проектиран како одговор на потребите на динамичниот современ начин на живот. Неговата архитектура, функционалност и техничките карактеристики се обединети во јасна цел – создавање квалитетен дом кој нуди удобност, сигурност и долгорочна вредност.

Она што го издвојува објектот е современиот, чист, архитектонски израз кој со својата препознатлива силуета дава современ урбан карактер. Архитектурата на објектот се издвојува со динамична фасада, обликувана преку наизменично изместување на волумените, со што се создава ритмична композиција и визуелна длабочина на фасадните површини. Големите застаклени отвори дополнително ја нагласуваат динамиката на објектот, внесувајќи природна светлина во станбените простори и создавајќи визуелна поврзаност со околината.

Станбените единици во Левел се организирани со функционални и рационални просторни решенија, при што секоја зона е внимателно осмислена за да обезбеди удобност и практичност во секојдневното користење. Модуларниот пристап кон станбените единици овозможува флексибилност во организацијата на просторот и можност за нивно меѓусебно поврзување, создавајќи поголеми станбени целини согласно индивидуалните потреби на корисниците.

Примената на квалитетни материјали и современи градежни системи придонесува кон препознатлив архитектонски идентитет и висока енергетска ефикасност.

Левел е создаден со фокус на квалитетот на изведбата, функционалноста и долгорочната вредност на станбениот простор. Примената на современи технологии, енергетски ефикасни системи и внимателно избрани материјали го поставува објектот како современа станбена средина прилагодена на потребите на новата генерација жители.

Проектиран и реализиран според современи стандарди за градење од страна на Голден Арт, Левел претставува архитектонски концепт во кој естетиката, функционалноста и комфорот се обединети во целина.

https://goldenart.mk/dnevnikot-na-edna-zgrada-level/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема  

Се рекламира зграда кај што градежници купија земјиште на неусвоен ДУП

Градежната компанија „Голден арт“ објави реклама за проект „Левел“, за изградба на две станбени десеткатници на аголот меѓу булеварите Србија и 12 Македонска бригада во скопската населба Лисиче. Ова е простор поставен дијагонално од 60-метарскиот крст во општината Аеродром, на неколку стотини метри од кулите „Џеваир.“

Станува збор за локација што пред три и пол години ги поттикна жителите на Лисиче на протести, откако дознаа дека во нацрт-деталниот урбанистички план за првпат се предвидуваат висококатници, во населба во која има само куќи.

БИРН, тогаш ги провери катастарските податоци и откри дека сопствениците на „Голден арт“, Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, стекнале пет парцели на тоа место уште пред да се подготви ДУП-от, и пред да станат јавни информациите дека таму ќе се предвиди повеќекатна зграда.

Деталниот план беше ставен на јавна анкета, на 30 март 2023 година, а јавната презентација се одржа на 3 април. Ивица Јаќимовски, кој е и директор на „Голден арт“, во април 2023 година за БИРН изјави дека процедурата за да го купат тој простор ја почнале речиси една година претходно и во тоа време не знаеле дали ќе се менува ДУП-от, дали ќе се внесе градежна парцела за станбена зграда на местото што го купувале.

Како што додаде тогаш, во околината немале други имоти и немале конкретни планови да градат таму, бидејќи имале недовршени проекти во други делови од градот.

Кога донесувањето на ДУП-от и локалните протести против него беа актуелни, сопствениците на „Голден арт“ имаа пет катастарски парцели на локацијата, со вкупна површина од 1.181 квадратен метар. Тие беа запишани на нивните лични имиња, а не на името на фирмата.

Сегашните катастарски податоци, пак, покажуваат дека во меѓувреме тие се прошириле и на дополнителни имоти на тоа место – уште 367 квадрати во заедничка сопственост со шест други лица и 353 квадрати на име на компанијата.

Локацијата се наоѓа меѓу булеварот Србија и првите куќи на населбата Лисиче. Тоа е појас широк шеесетина метри, каде што денес има дивоизраснато зеленило, а порано се саделе земјоделски производи.

Во првичната верзија на ДУП-от што беше презентирана на јавна анкета и против која се побунија граѓаните, се предвидуваа девет згради, повеќето со приземје, шест ката и поткровје. Само таа на аголот меѓу двата булевари, каде што градежниците веќе имаа земјиште во своја сопственост, имаше 12 нивоа. Во конечната верзија што ја усвои општинскиот совет во мај 2023, остана само оваа висококатница.

Илустрацијата од рекламата што „Голден арт“ ја објави на своите канали на социјалните мрежи за проектот „Левел“ покажува објект со две станбени ламели, секоја со по девет ката и поткровје, поставени на двокатен комерцијален простор. Во објавата пишува дека станува збор за „современи станбени и деловни простори, со функционални станбени простори и паркинг-места, градинка на само 50 метри и училиште во непосредна близина, како и трговски центри, услуги и рекреација на дофат“.

На теренот сè уште има грмушки, дрвја и ѓубре, а во есенскиот период тој служи и како див пазар за земјоделски производи што се продаваат директно од камиони.

https://prizma.mk/se-reklamira-zgrada-kaj-shto-gradezhnitsi-kupija-zemjishte-na-neusvoen-dup/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема  

Започна оградувањето на просторот каде што треба да се гради 12-катницата на раскрсницата на бул. 12 ударна бригада и бул. Србија пред влезот во населба Лисиче

https://www.facebook.com/photo/?fbid=29572591629008392&set=pcb.1830350884916316



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема  

https://goldenart.mk/wp-content/uploads/2026/09/Katalog-Level-aerodrom-final.pdf



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2680
Стартер на тема  

од твитер,локацијата веќе е оградена 

 



   
ОдговорЦитат
Сподели: