Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Новогодишно украсув...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Новогодишно украсување

2 Написи
1 Корисници
0 Реакции
23 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2836
Стартер на тема   [#1207]

Оваа нишка е наменета за следење на сите актуелности поврзани со новогодишното украсување на плоштади,булевари и други локации низ градовите во државата.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2836
Стартер на тема  

22 Октомври, 2026

НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ ЌЕ ЧИНИ 73 ИЛЈАДИ ЕВРА: Елка од 13 метри, светлосни фигури, санка и Дедо Мраз

Град Скопје објави јавен повик за новогодишно украсување на главниот град, за што се предвидени околу 3,8 милиони денари без ДДВ. Со вклучен данок, проценетата вредност достигнува приближно 4,5 милиони денари, односно околу 73.000 евра.

Според тендерската документација, поставувањето на празничните украси треба да заврши најдоцна до 15 декември, додека нивното демонтирање е предвидено во периодот од 15 до 25 јануари 2027 година. Компаниите што се заинтересирани да го реализираат украсувањето имаат рок да достават понуди до 5 ноември, кога е закажано и нивното отворање.

Главен дел од новогодишниот амбиент ќе биде елка со висина од 13 метри, која, според техничките барања, треба да има изглед на природна елка.

Покрај неа, предвидено е поставување повеќе големи светлосни инсталации, меѓу кои елен висок приближно четири метри, декоративен подарок со висина поголема од шест метри, како и два светлосни портали.

Во празничната поставка ќе биде вклучена и тридимензионална санка исполнета со подароци, дизајнирана така што посетителите ќе можат да влезат во неа и да се фотографираат.

Техничката спецификација опфаќа и два тридимензионални балони, секој висок по 3,5 метри, фигура на Дедо Мраз, приближно сто светлосни букети и новогодишен венец наменет за фотографирање.

Дополнително, планирано е украсување на канделабрите со светилки, како и поставување декоративни светлосни елементи во форма на „мразулци“.

За разлика од претходната година, во новиот јавен повик не се прецизирани местата на кои ќе бидат распоредени новогодишните украси. Конкретните локации ќе бидат определени дополнително, преку работниот налог што ќе ѝ биде доставен на компанијата која ќе биде избрана на тендерот.

Минатогодишното празнично украсување на Скопје беше доверено на компанијата „Линк медиа плус“, која го реализираше проектот со договор вреден 3.620.000 денари без ДДВ, односно 4.271.600 денари со вклучен данок.

За претстојното новогодишно украсување е планиран нешто поголем буџет во споредба со лани. Откако ќе заврши постапката за избор на изведувач, се очекува да бидат познати и конкретните локации во Скопје што ќе добијат празнична декорација.

https://faktor.mk/skopje-kje-blesne-za-nova-godina-za-73-iljadi-evra-elka-od-13-metri-svetlosni-figuri-sanka-i-dedo-mraz



   
ОдговорЦитат
Сподели: