Известувања
Исчистете ги сите
Патишта
1
Написи
1
Корисници
0
Реакции
23
Прегледи
Стартер на тема 25/10/2026 7:58 pm
Тема за новиот 4-километарски пристапен пат (обиколница) до Попова Шапка.
Патот е во изградба од 2024, и кога ќе биде завршен ќе формира еден кружен тек околу викенд населбата што би помогнало при олеснување на протокот на возила, особено за време на скијачката сезона.
Најнови вести за овој пат доаѓаат директно од градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, кој на 17 септември 2026 објави на својата Фејсбук страница видео од работата на патот, со следниов опис:
Интензивно се работи на отворањето на новата обиколница Лисец – Попова Шапка, за да биде подготвена за новата зимска сезона!Со години граѓаните се соочуваа со колони, хаос и недостиг од конкретни решенија. Денес работиме овие проблеми да ги оставиме зад нас.Со конкретна работа создаваме инфраструктура која им служи на Тетово, граѓаните и развојот на Попова Шапка!
