Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Заштита при работа
 
Известувања
Исчистете ги сите

Заштита при работа

2 Написи
1 Корисници
0 Реакции
28 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2836
Стартер на тема   [#1204]

Оваа нишка е наменета за сите вести поврзани со (не)почитување на мерките и законите за безбедност при работа во индустријата,градежништвото како едни од покритичните области каде има големи отстапувања од правилата.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2836
Стартер на тема  

Заштитата при работа – научна фантастика во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид токму денес поднесе Обвинителен предлог против две физички и две правни лица за повреда на правата од работен однос и непреземање мерки при работа, што беа причина за смрт на млад градежен работник.

Според обвинението, инвеститорот на зграда не го обезбедил лифтовското окно во објектот со заштитна ограда, градилиштето не го одржувал во уредна состојба без непотребен шут и отпадоци, влезот во зградата не го обезбедил да не влегуваат неовластени лица, а на скалите не поставил огради за да се спречат несакани падови

 
А, помалку или повеќе тоа е слика на сите градилишта што масовно никвнаа во Македонија и на кои не можат да се видат заштитни огради и скелиња, работниците немаат специјална опрема, а не се почитуваат ни препораките поврзани со температурата. дека е така тоа најдобро го потврдуваат бројките: Така, само во 2025 година на ниво на целата држава биле регистрирани 132 несреќи при работа, од кои 31 завршиле со смртен исход (речиси двојно повеќе од 2024 година, кога имало 17 загинати). Од нив во градежниот сектор  биле евидентирани вкупно 15 тешки и фатални несреќи што го прави градежништвото едно од најризичните сектори со најголем удел во вкупната смртност при работа.
 
И тоа не е причина во центарот на Скопје, на една од најпрометните улици во градот, кај „Дајмонд Мол“ работници да работат на зграда без никаква заштита, а тоа да не го видат градежните инспектори. Како што може да се види од фотографиите, тројца работници денес варосуваа тераси без поставена ограда, а околу објектот и на него нема ништо што личи на некаква заштита од евентуална несреќа.  
 


   
ОдговорЦитат
Сподели: